Петре Т. Георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Sep 2021 07:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Петре Т. Георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-prilozi-za-istorijata-na-socioloshkata-metodologija-od-petre-t-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-prilozi-za-istorijata-na-socioloshkata-metodologija-od-petre-t-georgievski/#respond Wed, 15 Sep 2021 07:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=563828

Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од проф. д-р Петре Т. Георгиевски. Во своето најново дело, познатиот универзитетски професор и научник ги проучува методите на истражување на класичните социолози и на нивните влијателни следбеници. Во препораката на изданието, проф. д-р Марија Богдановиќ, еден од тројцата рецензенти, констатира дека студијата е од исклучително значење во областа на социологијата и другите дисциплини кои се занимаваат со проучување на општествените појави. -Георгиевски прави избор на оние автори кои со својата оригиналност во проучувањето на општествените појави ги поставија теориско-методолошките основи за развој на општествено ангажирана наука која се стреми кон вистинско сознание за човекот, општеството и неговата историја, смета Богдановиќ. Промотори на најновото дело на Петре. Т. Георгиевски ќе бидат универзитетските професори д-р Златко Жоглев и д-р Ило Трајковски, а промоцијата ќе се одржи во паркот на Матица Ексклузив во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-prilozi-za-istorijata-na-socioloshkata-metodologija-od-petre-t-georgievski/feed/ 0