петровденски пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Jun 2021 05:43:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петровденски пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Св. пророк Амос (Петровденски пости) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-amos-petrovdenski-posti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-amos-petrovdenski-posti/#respond Mon, 28 Jun 2021 05:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=528683

Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Како таков Бог го повика на пророчка служба. Го разобличуваше царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството. Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и невољите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив. Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-amos-petrovdenski-posti/feed/ 0
Денеска почнува Петровденскиот пост – еве што не треба да се јаде https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-petrovdenskiot-post-eve-shto-ne-treba-da-se-jade/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-petrovdenskiot-post-eve-shto-ne-treba-da-se-jade/#respond Mon, 04 Jun 2018 08:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=62057

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба. Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-pochnuva-petrovdenskiot-post-eve-shto-ne-treba-da-se-jade/feed/ 0