петте струмички студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Aug 2019 10:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png петте струмички студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 68 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ: На денешен ден се убиени петте струмички студенти! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/68-godini-neprebol-na-deneshen-den-se-ubieni-pette-strumichki-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/68-godini-neprebol-na-deneshen-den-se-ubieni-pette-strumichki-studenti/#respond Tue, 13 Aug 2019 10:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=229213

13 Август 1951 година, сведочи за еден громорозен чин во кој беа убиени златни деца… Златната струмичка петорка, позната и како Струмичката петорка или петте струмички студенти. Приказната за петте струмички студенти е приказна за една предвреме згасната младост, приказна за една љубов, кон нивните девојки, но пред се кон родното ВМРО и Македонија, приказна за нова голгота со трагичен крај. Но почетоците на оваа приказна датираат порано, со самото воспоставување на комунистичка власт меѓу народот се јавуват првите знаци на назадовлстово, а Струмица се истакнувала со незадоволството за гушењето на националниот дух на жителите, како и за одземањето на земјата (експропријација и национализација). Токму ова резултирало со пројавување на голем гнев и револт меѓу граѓаните на град Струмица. Струмичката гимназија со своите ученици, младите и напредни струмичани ќе стане местото каде што силно ќе се пројави идејата за ВМРО, за Независна Македонија и за борба против новите комунистички власти. Првата акција се случува на 1 Мај (денот на трудот) 1946 година кога помеѓу народот се разделуваат летоци со текст: “Долу експонатите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!”, „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев”. Овие 2 реченици силно ќе одекнат низ Струмица со што се јавува незадоволство од страна на комунистичката власт, која ќе започне масовни апсења на територијата на град Струмица. По оваа акција во Струмица ќе бидат уапсени 25 млади луѓе, меѓу кои од нив ќе бидат и тројца од петте подоцна убиени студенти кои беа и осудени на затворска казна. Меѓу уапсените во првата акција се: Методија Калкашлиев, Ѓорѓи Јармов, Коста Хаџимишев, Љубен Топчев, Мирко Христов, Мирко Пецев, Борис Белев, Владимир Тодоров, Кирил Карагоцев, Никола Апостолов, Крсто Минашев, Душко Бунчев, Иван Хаџивасилев, Глигор Ганчов, Иван Андонов, Панче Шаламанов, Петар Брзилов, Ристо Паланов, Стојан Терзиев, Ратко Семенков и други. Во друга акција на ОЗНА (УДБА) уапсени се и други Струмичани: Живко Костуранов, Ристо Костуранов, Алекса Абрашев, Томе Мазнејков, Глигор Димитров, Ефтим Бојчев и други. Во судскиот процес кој ќе следи, на 21.08.1946 година во Штип осудени се: Методија Калкашлиев, Коста Хаџимишев и Ѓорѓи Јармов на по три години затвор, Љубен Топчев на две и Мирко Пецев на една година затвор. Поради недостиг на докази, ослободен е Борис Белев, тогаш сеуште ученик. Казната е извршена согласно новиот контроверзен „Закон за кривични дела против народот и државата“ (најчесто член 3, точка 8), врз основа на кој и се водеа овие монтирани судски процеси. Во обвинителниот акт на Методија Калкашев, лидерот на уапсената група се вели: „са всите обвинети, недоволни од денешната власт, во начелото на 1946 година во Струмица, организирале во удружење со фашистички цели против уставниот поредок. Така, под раководство на обвинетиот Калкашев – истите се организираат во организација која што има за цел борбата против денешната ФНРЈ и нејзиниот уставен поредок и одвојување на Н.Р Македонија од составот на ФНРЈ во некаква си „Автономна Македонија” на чело со крволокот на мак. народ Ванчо Михајлов, а под протекторат на Англија и Америка”. Таткото на Методи Калкашлиев без судски процес е убиен од страна на комунистичките власти. По завршувањето на затворската казна, Методи Калкашлиев, Коста Хаџимишев и Љубен Топчев бегаат во Грција, а од таму за Бразил, додека Ѓорѓи Јармов, Мирко Пецев и Борис Белев со тешки опструкции ја завршуваат гимназијата и се запишуваат на различни факултети: Борис Белев (22г.), студент по физика, Стево Топчев (19г.), студент по право, Ѓорѓи Костуранов (21г.), студент по медицина, Ѓорѓи Јарaмов (22г.), студент по геологија и Мирко Пецев (23г) студент на Педагошката Академија. За време на паузата од студентските обврски тие се враќат во својата Струмица, каде што ги започнуваат припремите за наредната студентска година, а воедно и се дружат со своите пријатели на ноќните игранки во градот. На 11.08.1951 година, од игранка во Струмица, киднапирани се младите студенти и како трофеј носени по темните струмички улици се до седиштето на ОЗНА (УДБА). Таму, по наредба на судијката Мара Минанова, секретар на градскиот комитет на КПМ и Ристо Пиличев, извршен секретар на овој комитет, се однесени на планината Беласица, кај село Дорломбос каде зверски се измачувани. Несватлива е крвожедноста на новите македонски мачители и желбата крвнички да измачуваат пет млади луѓе, свои сограѓани. На жешкото августовско сонце, цел ден ѕверски се тепани и крвнички мачени. Историјата повторно сакала токму на Беласица да бидат масакрирани, како некогаш Самоиловите војници. Беспомошни, како на млади јагниња пред крволочни ѕверови биле нивните погледи. Тепајќи ги, крвниците со секој удар на стап извикувале:„Еве ви за Гоце“, „Еве ви за Јане, за Даме…“, „Еве ви за Ченто“….„сакате независна Македонија, еве ви за Македонија“… На крај, кога веќе нивните млади тела попуштале пред налетот на стаповите на своите џелати, бидат убиени со по два истрели, еден во чело и еден во срце, како џелатите да сакале да бидат сигурни дека нема повеќе да бидат живи и да го продолжат револуционерното дело, како џелатите да сакале да бидат сугурни дека со истрелот во срце засекогаш ќе им ја убијат љубовта кон ВМРО и Македонија. Веста за апсењето веќе се раширила низ Струмица заедно со огромниот револт и гнев кај граѓаните. За да ја смират реакцијата кај народот ОЗНА ја смислува веќе познатата лага „бегство преку граница“ и наредуваат погребот да се изврши веднаш за да не се дознае вистината. Но предоцна…Крвавите тела најпрвин со маски биле донесени до село Костурино, а од таму со камион до градот и додека сеуште течела нивната крв, без да ги видат нивните најмили набрзина се закопани во заеднилка гробница на православните гробишта во Струмица, додека телото на Борис Белев, на протестантскиот дел од гробиштата. Во окрвавеното тело на Белев бил пронајден и неговиот индекс, накиснат во крв и продупчен со куршумот кој му го пронижало срцето. Вечерта, околу илјада Струмичани се собрале на гробиштата како израз на почит, но и како порака до комунистичките власти дека со убиството на петмината сограѓани не се убива една идеја. Покрај илјадниците граѓани, над нивните свежи гробови биле и нивните девојки: Ленче, Марија, Мира, Нада… На убиените студенти им бил подигнат убав споменик од бел мермер во вид отворена книга, на кој стоело дека се убиени. Но, и тоа им пречело на властите и по неколку години Васе Туџаров и Ванчо Фончев вршеле притисок кај семејствата да го разурнат, со закани за репресии над семејствата, дури со сквернавењена гробовите и расфрлање на коските. Како резултат на тоа, подигнат е нов споменик, кој нема да им пречи на властите ни по својата убавина, ниту по напишаната содржина. Стариот споменик, во парчиња стои како доказ за ваквиот вандализам. Претходно, нивниот другар Методија Калкашлиев, во 1953 година во Монте Алегре, Бразил, ќе ја напише потресната „Балада за моите убиени другари“, која ќе допатува со него при враќањето во родната Струмица и родната Македонија, слободна и независна, заедно со Љубен Топчев. Својата балада, Калкашлиев ја завршува со стиховите:„Сонот-мечта ќе бликне во слобода“, сонот сонуван во 1946-та, 1951-та, 1991-та, 2001-та. Калкашлиев и Топчев го дочекаа остварувањето на нивниот сон и стапнаа во независна Македонија во 2001 година кога се објавени и неговите отворени писма (спомени) до Македонија. За жал, нивните школски другари, на кои керберите од УДБА, на 13.08.2001 година им ја украдоа младоста, тој сон не го дочекаа. Калкашлиев стана успешен архитект во Бразил, како остварување на еден студентски сон, но тој сон за успешен правник, лекар, геолог, физичар, неговите другари не го дочекаа. Борис Белев, имаше само 22 години, Стево Топчев, имаше само 19 години, Ѓорѓи Костуранов, 21 години, Ѓорѓи Јармов, имаше само 22 години, Мирко Пецев, имаше само 23 години…Вечна Ви слава – Живи сте!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/68-godini-neprebol-na-deneshen-den-se-ubieni-pette-strumichki-studenti/feed/ 0