пфм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Aug 2018 15:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пфм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/#respond Thu, 09 Aug 2018 15:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=86234

Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот.

- Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој безрезервно е поддржан во сите неговите настапи и натпреварувања од страна на АМС. Изразуваме жалење што АМС не била порано информирана дека иако има постигнато норма нема да биде пријавен да учествува на ова првенство, како би можеле писмено да реагираме до надлежните меѓународни спортски институции и да најдеме начин да го поддржиме, стои во соопштението на АМС.

Од Aгенцијата нагласуваат дека се залагаат за системско решавање на проблемите во пливањето, за во иднина да нема вакви случаи, кои се на штета на спортот и спортистите, кои ја претставуваат нашата земја.

- Ги повикуваме сите инволвирани кои одлучиле Евгениј да не учествува во Европското првенство во Глазгов да се произнесат во јавноста со сериозни факти и аргументи врз кои ја донеле оваа одлука и да сносат соодветна одговорност, наведуваат од АМС.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ams-bara-fakti-i-argumenti-od-pfm-za-sluchajot-so-evgenij-pop-acev/feed/ 0
ПФМ одржа семинар за обука на судии https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/#respond Mon, 11 Jun 2018 06:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=64346

За време на пливачкиот натпревар „Скопје Опен“ Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Градскиот пливачки сојуз и Агенцијата за млади и спорт организираше семинар за обука на судии каде свое излагање имаше лиценциран ФИНА судија Гордана Величковиќ од Словенија. Воедно беше одржана и јавна трибина на тема „Стратегија за развивање на пливачкиот спорт во Р. Македонија 2018-2028" каде свое предавање имаа Јенштеле Јоже, директор на Државен завод за изградба и одржување на спортски објекти и базени на Словенија, Игор Величковиќ, директор на завод за спорт во Крањ и селектор на пливачката репрезентација на Словенија и Марјан Соколовски пливачки тренер и генерален секретар на ПФМ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/feed/ 0
Формиран Иницијативен одбор за свикување вонредно Собрание на ПФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formiran-inicijativen-odbor-za-svikuvanje-vonredno-sobranie-na-pfm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formiran-inicijativen-odbor-za-svikuvanje-vonredno-sobranie-na-pfm/#respond Wed, 07 Feb 2018 09:37:43 +0000 http://kurir.mk/?p=19087

Со поддршка на 15 од вкупно 25 клубови формиран е Иницијативен одбор за свикување и одржување на вонредно легално Собрание на Пливачката федерација на Македонија. - Иницијативниот одбор (ИО) е формиран по писмото и препораките на Агенцијата за млади и спорт во насока на свикување легално и легитимно вонредно собрание на ПФМ усогласено со позитивните законски прописи. Ги повикуваме сите пливачки клубови со решение за дејност спорт, пливачки работници, истакнати пливачи и добронамерни ентузијасти за пливачкиот спорт, да учествуваат на вонредното собрание, апелираат од одборот. Иницијативата за одржување на легално собрание доаѓа по обвинувањата дека претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Коцевски Александар, на 19 октомври 2017 година, свика и одржа  нелегитимно собрание на ПФМ, нарушувајќи го Статутот на ПФМ, Законот за здруженија и фондации и Законот за спорт, заради што истото не е регистрирано во Централниот регистар на Македонија. Од ИО бараат ново раководство на ПФМ и поради, како што велат, низа неправилности, како што се неподнесување на редовен финансиски извештај и завршна сметка; блокирана сметка на ПФМ заради долг од 18.000.000 денари; нереализација на годишна програма на ПФМ; немање на организиран систем на натпревари - државни првенства; неусогласување на нормативни акти на ПФМ со позитивните законски прописи; целосно уништување на ватерполо спортот од лични интереси. Според ИО сето тоа придонеле до рушење на угледот на Македонија во меѓународните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formiran-inicijativen-odbor-za-svikuvanje-vonredno-sobranie-na-pfm/feed/ 0