Philosophia Christiana – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 07:49:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Philosophia Christiana – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на „Philosophia Christiana“ и „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/#respond Sat, 19 Nov 2022 07:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=763236

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе се одржи дискусија на тема „Лице во лице“. Во рамки на дискусијата ќе бидат промовирани книгите „Philosophia Christiana“ и „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ, како и на уште едно издание во превод на овој автор – „Византиска философија“ од бугарскиот историчар на философијата, професор и автор на дваесетина дела Георги Каприев. Милан Ѓорѓиевиќ е вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите философија, психологија и православно богословие XV – XXI век. Автор е на голем број научни и стручни трудови од областа на византиската философија, византиското богословие, патрологијата, христијанската етика и аскетското богословие, пастирската психологија и книжевноста, објавени на германски, англиски бугарски, српски и македонски јазик, во стручни и научни списанија и зборници во земјава, САД, Германија, Бугарија и Србија. Автор е и на монографијата Nikolas Kabasials – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen, објавена за престижната издавачка куќа Peeters на германски јазик. Како што е најавено, по воведниот збор на претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски, во разговорот за личниот однос како предуслов на знаењето ќе учествуваат проф. д-р Владимир Петрушевски, проф. д-р Ристо Солунчев, како и авторите проф. д-р Георги Каприев и проф д-р о. Милан Ѓорѓевиќ. Дискусијата ќе биде дел од тековниот „Христијански философски форум II“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-philosophia-christiana-i-i-na-nebo-i-na-zemja-od-milan-gjorgjevikj/feed/ 0