Пијанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 May 2020 09:13:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пијанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznuvanje-na-gjurgjovden-vo-pijanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznuvanje-na-gjurgjovden-vo-pijanec/#respond Wed, 06 May 2020 09:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=342317

Празнувањето на Православниот христијански празник Ѓурѓовден во регионот на Пијанец е во корен втемелено во постоењето и секојдневниот живот на народот во овој дел од Македонија. Празникот посветен на Светиот Великомаченик Георги Победоносец кој што секоја година се празнува на 6 мај по нов стил (23 април по стар стил) е поврзан со голем број обичаи, верувања и секојдневни практики. Ѓурѓовден како забележителен ден на локалното население низ минатите времиња па и денеска му служи за периодизација на годината, годишните времиња како и реализацијата на земјоделските активности од кои и ден денес егзистираат луѓето во овој дел од државата. Култот кон Св. Вмч Георги е исто така поврзан со заживувањето на вегетацијата, природата од чија што состојба во голема мера зависел и животот на населението во минатото Голем број на обичаи се присутни помеѓу пијанечкиот народ поврзани со овој празник и се пренесуваат по традиција од генерација на генерација со што продолжува да живее овој своевиден и уникатен начин на живот на нашиот народ. Плетењето на венчиња од полски цвеќиња, исткаени со зелени фиданки и лисја за помладите е присутно и ден денес претежно во руралните заедници во Пијанец. Утрото на Ѓурѓовден во Пијанец осамнуваат сите домови закитени со зелени фиданки од врбова и сливова шума на своите влезни врати и видливите прозори на домаќинствата и објектите каде се чува стоката. Помеѓу гранките задолжително се наоѓа и дренова гранка која треба да му даде цврстина и истрајност на домот, семејството и стоката. Вака закитените домови стојат до наредната пролет. Во предвечерие на празникот лисја од зелени растенија (дрен, млечка, здравец, фиданки од даб) се ставаат да преноќат во сад со вода во кој задолжително се става велигденско јајце. Утрото на Ѓурѓовден домашните се мијат со оваа вода за здравје и цврстина. Ѓурѓовден како празник низ историјата нашиот народ го има збогатено со многу културни активности во кои се отсликува раскошот и убавината на битот на нашиот народ. На Ѓурѓовден се собираат поголеми групи на луѓе во своите домови и пејат Ѓурѓовденски песни и се “рассвируваат” народните инструменти по дворовите кои стоеле обесени на гредите во домовите во текот на зимата. Со овој празник биле поврзани и земјоделските активности во Пијанец кога се вршело т.н. цанење на овчарите. Овој чин претставува момент на договарање на сопственикот на стоката со неговиот помошник кој треба да врши напасување на стоката во наредниот период огбично до Митровден. Со Ѓурѓовден се поврзани и специфични домашни рецепти на домашна кујна која што ја подготвуваат домаќинките во Пијанец. Т.н. Кукуличарки баници се задолжителен примат на Ѓурѓовденската трпеза, како и погачата на која задолжително стоел исплетен крст од тесто. На Ѓурѓовден задолжително се посетувале локалните цркви од страна на населението во спомен на покојните. Празнувањето на Ѓурѓовден е именден за оние кои што ги носат имињата Ѓорѓи, Ѓоко, Ѓоре, Ѓурѓа, Ѓина, итн. Во продолжение погледнете го Документарниот филм “Ѓурѓовден во Пијанец”, кој што е своевиден видео документ за богатата и раскошна традиција на пијанечкиот народ посветен на овој празник. извор: Брегалнички.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznuvanje-na-gjurgjovden-vo-pijanec/feed/ 0
Невообичаено топлото време во ноември ги раздвижи змиите во Пијанец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/#respond Mon, 11 Nov 2019 08:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=262491

Топлото време ги натера змиите да излезат по храна. Деновиве се забележани на неколку локации во Делчевско. Последниот ваков случај е забележан утрово на граничниот премин Делчево, каде, како што информира делчевецот Блаже Митевски, змија слободно шетала во близина на зградата на Царинската управа, пренесува Канал 5. -Додека го пиевме утринското кафе, забележавме нешто како се движи, мислевме некој гуштер или слично животинче, но кога направивме фотографија видовме дека е змија. Не ја повредивме. Ја пуштивме подалеку од објектот во блиската шума, вели Митевски. Неодамна, мала змија беше забележана и пред колективна зграда во Делчево. -Беше малку чудно што во ноември гледаме мала змија, но ја фативме и ја пуштивме малку подалку од градот. Не се разбирам многу од змии, но имаше специфична глава и мислам дека беше отровна, вели Димче Николовски, жител на улицата „Булевар Македонија", каде била видена змијата. Појава на змии е забележана на 4 ноември и во селото Разловци. Вработени во подрачното училиште „Св.Климент Охридски" во просторот на отворено, исто така забележале змија, за која локалните мештани тврделе дека била од сортата белоушка, барска змија која не била отровна. Според херпетолозите, во Македонија постојат 16 видови змии, од кои само пет се отровни. Иако се случува ретко, лекарите препорачуваат – кога некој ќе биде каснат од змија, да ја мие раната со вода што е можно повеќе. Повредениот да мирува, да не мрда за да нема циркулација да се шири отровот и најбрзо што може да биде однесен до првата здравствена установа за да прими серум против змиски отров, додава Канал 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevoobichaeno-toploto-vreme-vo-noemvri-gi-razdvizi-zmiite-vo-pijanec/feed/ 0
Опомени за земјоделците од Пијанец кои не го платиле закупот на државно земјиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/#respond Sun, 13 Oct 2019 12:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=251143

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Делчево од утре, започнува со доставување опомени, за оние земјоделци, кои се уште не го платиле закупот за земјоделско земјиште. Илија Каранфиловски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, информира дека сите земјоделци, кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште за изминатата година, согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште, имаат рок тоа да го сторат до 31 декември во тековната година. -Овие опомени најмногу се однесуваат за земјоделците и земјоделските стопанства кои за договорите од претходната година имаа обврска да го подмират долгот до месец јули годинава. За постарите договори, рокот за плаќање на закупот е 31 декември 2019 година. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените како крајна мерка, се предвидува и раскинување на договорот, соопшти Каранфиловски. Меѓу останатите обврски, кои земјоделците и земјоделските стопанства од Делчевско ги имаат до крајот на годината, како што дополни Каранфиловски, е и ажурирањето на податоците во новиот регистар. -Бидејки имаме нов регистар, ќе треба да се ажурираат податоците, па затоа земјоделците и земјоделските стопанства ќе треба да ја посетат канцеларијата на нашата подрачна единица во Делчево. Ова најверојатно ќе биде услов за поднесување на барање за субвенции за 2020 години, поради што ажурирањето ќе биде неопходно, додаде Каранфиловски. Во делчевскиот и каменичкиот регион кои се под надлежност на Подрачната единица на МЗШВ, има 3.500 регистри, од кои 3.200 се активни земјоделски стопанства, на кои примарна дејност им е земјоделството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opomeni-za-zemjodelcite-od-pijanec-koi-ne-go-platile-zakupot-na-drzavno-zemjishte/feed/ 0
Овоштарите од Пијанец денес на протест поради проблемите со откупот на сливата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-pijanec-denes-na-protest-poradi-problemite-so-otkupot-na-slivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-pijanec-denes-na-protest-poradi-problemite-so-otkupot-na-slivata/#respond Tue, 14 Aug 2018 06:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=87576

Се уште нема решение за пласман на овогодинешниот род сливата во Пијанец. Надлежните институции немаат донесено одлука за петте илјади тони сина слива, само од делчевскиот крај, за кои досега нема ниту доволно откупувачи, а ниту добра откупна цена. Затоа тие за денес во 10 часот најавија мирен протест пред општинската зграда. Поупорните вчера повторно се обидоа преку различни канали да продадат нешто, но велат дека тоа не е решение на проблемот. Еден од нив е Јован Стојменовски кој вели дека сината слива не може да достигне повеќе од два денари за килограм што не влева надеж дека ситуацијата ќе се смени. – Ги повикувам сите производители на сливи од регионот утре да дојдат на протестот, да донесат гајби сливи и да им поделат бакшиш на парламентарците, зашто тие не можат сами да си наберат. Еден пратеник што зема плата за цела година не може сите илјада производители да земат толку пари, изјави Јован вчера. Ист е проблемот и на Благојчо Георгиевски од селото Град кој има над 300 тони слива, а производител е веќе 18 години. – Контактиравме со Министерството за земјоделие и поранешните откупувачи, но ни велат дека оваа година нема да има ништо поради тоа што имаат проблеми со извозот. Тука тешко дека ќе може да се откупи, Рудине откупува во мала количина, но сега ги нема и откупувачите од Струмица, Радовиш со кои претходно соработувавме, рече Георгиевски. Овоштарот Бранко Величковски, грешката со пласманот на сливите и вишните ја гледа во Стопанската комора која нема формирано заштитна цена кон никој производител. Според него, големите трговци си направиле цена која им одговара па стануваат капиталисти, а производителите страдаат. – Нека има утре штрајк, ама нека дојде и министерот и од Стопанска комора и да ни објаснат дали може или не може да се среди, ако не може, барем производителите да си ги изораат нивите за ѓубре, изјави вчера Величковски. Откупувачот Менсур Адеми кој вчера од Скопје пристигна во Делчево вели дека доаѓа секоја година и се знае со дел од производителите ама годинава бидејќи нема заинтересирани, засега најверојатно ќе биде единствен, но се уште не знае колку би откупил. Освен во делчевско, без откуп ќе останат и околу 4 илјади тони сливи од Берово и Пехчево, а како што велат производителите пласманот годинава е лош не само за сливата туку и за вишните од кои 1.000 тони воопшто не се собрале од нивите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-pijanec-denes-na-protest-poradi-problemite-so-otkupot-na-slivata/feed/ 0