пијанист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Dec 2021 06:59:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пијанист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на Кристијан Каровски во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kristijan-karovski-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kristijan-karovski-vo-filharmonija/#respond Thu, 02 Dec 2021 06:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=602752

Пијанистот Кристијан Каровски вечер ќе одржи концерт во големата сала на Филхармонија. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како особено талентирано дете, своето музичко образование го започнува во класата на проф.Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Борис Романов, каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест „Cum laude“. Неговата концертна дејност започнува на деветгодишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Во повеќегодишната педагошка дејност Каровски се афирмира како истакнат пијано педагог. Неговите студенти покажуваат извонредни резултати на државни и меѓународни натпревари, на кои се лауреати и освојувачи на награди. Паралелно со педагошката дејност, Каровски одржува солистички концерти за кои е карактеристично што секој од нив има нова програма. Во моментов е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kristijan-karovski-vo-filharmonija/feed/ 0
Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/#respond Wed, 06 Oct 2021 06:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=573745

Во рамки на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“, вечерва во МКЦ во кино Фросина ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“, а веднаш по нив композиторот и пијанист за современа класична музика Дино Имери, кој ќе настапи соло на пијано. „Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез гитаристи, Филип Букршлиев. Албумот „The Essential Sunday Gloom“ во издание на ПМГ Џез е прогласен за џез албум на месецот на Бенд Кемп. Во Такси Конзилиум, освен него, членуваат уште неколку млади музичари: Андреа Мирческа на контрабас, Драган Теодосиев на тапани и Благојче Томевски на кларинет. Нивниот звук е цврст и силно модерен, небаре излезен од некој „катинг еџ“ њујоршки џез клуб. Дино Имери веќе издаде и промовираше авторско ЦД со наслов „Refleciotns“ за ПМГ Џез. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание. Имери вечерва ќе настапи соло на пијано. „Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа ПМГ Џез. Минатата година беше реализирано првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кое беше еден од најзабележителните и најквалитетни музички настани во земјата за 2020-та година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistot-dino-imeri-i-kvartetot-taksi-konzilium-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/feed/ 0
Маестро Кемал Гекиќ вечер на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/#respond Mon, 10 Aug 2020 05:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=388566

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ за вечер е резервирана за солистичкиот концерт на познатиот пијанист, маестро Кемал Гекиќ. Роден во Сплит, Кемал Гекиќ започнува да учи пијано со проф. Лоренца Батурина, а дипломирал на Музичката академија во Нови Сад во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, каде веднаш по дипломирањето ја започнува својата педагошка кариера и до 1999 е шеф на катедрата за пијано. Во 1999 година е резиденцијален уметник и редовен професор на Универзитетот во Мајами, Флорида, а истовремено одржува и мајсторски курсеви на повеќе академии низ светот. Често е дел од жири комисии на меѓународни натпревари за пијано, а од 2010 година е основач на Летната школа и фестивал кои го носат неговото име во родниот Сплит. Пијанистот Кемал Гекиќ настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри меѓу кои со Кралската филхармонија во Лондон, Варшавската филхармонија, Јапонскиот филхармониски оркестар, во сали како „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Сантори Хол“ во Токио и „Кенеди“ центарот во Вашингтон. Гекиќ има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња. Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело нарачано и специјално напишано за него. На програмата на вечерашниот концерт се избрани дела за пијано на Бетовен, Шопен, Ален, Лист. Почетокот на концертот е во редовниот фестивалски термин од 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-kemal-gekikj-vecher-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/#respond Wed, 02 May 2018 07:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=48494

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место на меѓународниот он-лајн музички натпревар „EMuse“ организиран од меѓународната асоцијација за уметност „The Muse“ од Атина. Дваесет и седум членови на меѓународното жири меѓу кои Petras Genusas (Литванија), Elena Kuznetsova (Русија), Lydia Frumkin (САД) и Boris Rozin (Русија), одлучија петнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу како првонаграден да настапува на концерт во византискиот музеј во Атина на 30 јуни 2018 година. Натпреварот „EMuse“ е единствен натпревар во Грција со меѓународни размери за класични музичари од сите возрасти и националности, поради што е поддржан од грчкото Министерство за култура и Министерството за туризам. На овој натпревар, од 2005 година до сега учествувале 920 учесници од 87 држави. Арда Мустафаоглу, покрај настапот во византискиот музеј во Атина, деновиве ќе настапува и во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, а ќе има и солистички концерт во Париз. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arda-mustafaoglu-osvoi-prvo-mesto-na-internacionalen-natprevar-vo-grcija/feed/ 0