пијанистка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 14:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пијанистка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пијанистката Ана Велиновска изведе дело од композиторот Гоце Коларовски во Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/#respond Thu, 18 May 2023 14:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=835956

Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика со нејзиниот настап во Зудпол Луцерн, каде што изведе дело од македонскиот композитор Гоце Коларовски. На програмата беа и дела од композиторите Фредерик Ржевски и Дмитри Коурлиандски. Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од публиката во престижната концертна сала. Ана Велиновска е една од најбараните пијанисти на најголемите и најреномирани фестивали во Европа за современа музика, со бројни светски премиери зад нејзиното име. Имено, пред изведбата на делото „Вечерен ѕвон“ од големиот македонски композитор Гоце Коларовски во Луцерн, пијанистката Ана Велиновска изведе и светска премиера со дело на еден од најеминентните швајцарски композитори, Урс-Петер Шнајдер, на фестивал во Берн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pijanistkata-ana-velinovska-izvede-delo-od-kompozitorot-gotse-kolarovski-vo-shvajtsarija/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: На ја издржи битката, почина македонската пијанистка и професорка Чакар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-na-ja-izdrzi-bitkata-pochina-makedonskata-pijanistka-i-profesorka-chakar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-na-ja-izdrzi-bitkata-pochina-makedonskata-pijanistka-i-profesorka-chakar/#respond Thu, 12 Nov 2020 08:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=428316

Пијанистката и универзитетски професор на ФМУ Јасминка Чакар, почина на 81 година по кусо боледување. Родена е во Битола во 1939 година. Дипломирала на Музичката академија во Загреб во 1963 г. во класата на проф. Дарко Лукиќ. По основањето на Вишата музичка школа (денес Факултет за музичка ументост – ФМУ), Чакар од 1967 е професор по пијано и камерна музика. Во 1976 магистрирала пијано на ФМУ во класата на проф. Владимир Крпан, чиј соработник е повеќе години при неговиот педагошки ангажман во Скопје. Во текот на педагошката дејност во нејзината класа дипломирале над 40 млади пијанисти. По пензионирањето во 2003, Чакар продолжила да работи со студенти на втор и трет циклус студии на ФМУ. Јасмина Чакар во својата биографија има бројни настапи дома и во странство, а освен солистичките изведби, нејзиниот концертен опус содржи и 76 пијано-придружби остварени со речиси сите истакнати македонски вокални и инструментални уметници. Најмногубројни се пијано-соработките со Милка Ефтимова – мецосопран, Никола Атанасов – флејта, Славица Петрова-Галиќ-сопран, Душка Тасеска – чело, Љупчо Соколов – виола, Нина Среброва – пијано, Леонид Пејсахов – виолина, како и со Aндре Навара – чело, Станислав Аполин – чело, Вернон Хил – флејта, Аурели Блашчок – виолина, Михаил Хомицер – чело, Марине Јашвили – виолина, Лудовит Канта – чело, Тонко Ниниќ – виолина, Ирена Графенауер – флејта, Минео Хајаши – чело, Јован Колунџија – виолина, Трипо Симонути – виолина, Миленко Стефановиќ – кларинет и уште многу други. За својот уметнички ангажман е добитничка на многубројни признанија и награди, меѓу кои „13 Ноември“ (1979), „11 Октомври“ за долгогодишни особено значајни остварувања во областа на културата и уметноста (1999), Златна лира за животно дело (2007), Награда за животно дело во областа на музичката педагогија (2008, 2010), Награда на Мајка Тереза (2009).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-na-ja-izdrzi-bitkata-pochina-makedonskata-pijanistka-i-profesorka-chakar/feed/ 0
Се расоблече пијанистката Лола: Извајаното тело го покажа во жешко минијатурно бикини (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-rasobleche-pijanistkata-lola-izvajanoto-telo-go-pokaza-vo-zeshko-minijaturno-bikini-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-rasobleche-pijanistkata-lola-izvajanoto-telo-go-pokaza-vo-zeshko-minijaturno-bikini-video/#respond Sat, 19 Sep 2020 16:23:50 +0000 https://kurir.mk/?p=405597

Лола Астанова привлече големо внимание кога настапи на отворањето на „Адриа турнејата“ во Белград.
Убавата пијанистка уживаше во Белград во друштво на Новак Ѓоковиќ.
Сега таа објави видео од една убава, тропска дестинација, каде сними ново видео, но и нов „стајлинг“.
Имено таа го покажа извајаното тело во костим за капење. Уживајте:
 
View this post on Instagram
 
Who’s got that summertime sadness? 🌊 • • • #piano #pianist #musician #songs #vocals #summertime

A post shared by LOLA ASTANOVA (@lolaastanova) on

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-rasobleche-pijanistkata-lola-izvajanoto-telo-go-pokaza-vo-zeshko-minijaturno-bikini-video/feed/ 0
Концерт на пијанистката Дуња Иванова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/#respond Wed, 16 May 2018 06:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=54577

Пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од современи композитори, а како гостинка ќе настапи македонската композиторка Ана Пандевска. На концертот ќе бидат изведени неколку композиции од филмот „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност. Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на Катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност досега се претставила во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки. Настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото. Со свои трудови од областа на музичката теорија и практика учествувала на трибините на Здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Дуња Иванова од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ - Скопје. Автор е на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-pijanistkata-dunja-ivanova/feed/ 0