пијано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Oct 2021 07:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пијано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на 100-годишниот јубилеј на најпознатиот фестивал за современа музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistkata-ana-velinovska-gostuvashe-na-100-godishniot-jubilej-na-najpoznatiot-festival-za-sovremena-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistkata-ana-velinovska-gostuvashe-na-100-godishniot-jubilej-na-najpoznatiot-festival-za-sovremena-muzika/#respond Tue, 26 Oct 2021 07:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=585518

Пијанистката Ана Велиновска гостуваше на  фестивалот Денови на музиката во Донауешинген во Германија – најстариот и најпознатиот фестивал за современа музика во светот кој годинава одбележа 100-годишен јубилеј. На јубилејното издание на фестивалот беа поканети најзвучните композиторски имиња и изведувачите на нивните дела, како и музиколози, истражувачи и професори од најреномираните универзитети за музички уметности во светски рамки. Пред гостувањето на фестивалот во Германија, Велиновска настапи на неколку концерти и фестивали во Швајцарија, меѓу кои и на фестивалот Звуци на Алипите во срцето на швајцарските Алпи, како и на фестивалот Анаморфози, каде настапи како пијанист-солист и дел од квартет со нејзини колеги од Швајцарија, Колумбија и Јапонија. Во септември, таа гостуваше и на еден од водечките фестивали за класична музика во светот, Луцерн Фестивал, со швајцарска премиера на дело од англиската композиторка Ребека Саундерс. Истата недела кога дебитираше на Луцерн Фестивалот, Велиновска настапи и на други два концерта во Швајцарија, кои се одржаа истовремено, но во две различни концертни сали – во едната концертна сала настапи пред публиката, а во другата сала нејзиниот настап се емитуваше во живо, на екран за публиката. Во наредниот период, македонската пијанистка  интензивно ќе соработува со композитори од повеќе европски центри и ќе изведува дела од современата литература за пијано. Дел од концертните ангажмани на Ана Велиновска во Швајцарија и Германија, во наредниот период вклучуваат настапи на фестивали, концерти и концертни серијали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pijanistkata-ana-velinovska-gostuvashe-na-100-godishniot-jubilej-na-najpoznatiot-festival-za-sovremena-muzika/feed/ 0
Промоција на новото пијано, со концерт „Вечер со пијано“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-novoto-pijano-so-koncert-vecher-so-pijano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-novoto-pijano-so-koncert-vecher-so-pijano/#respond Tue, 22 May 2018 06:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=56831

Промоција на новото пијано со концерт „Вечер со пијано“ од страна на пиајанистите Дино Имери, Шкелзен Бафтиари, Арда Мустафаоглу и Нита Груби ќе се одржи вечерва во Салот 19:19. Дино Имери (1990) е еден од најбараните македонски пијанисти. Соработува со престижни оркестри како Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Македонска Опера и Балет, Симфониски, Камерен и Биг Бенд Оркестар на ФМУ-Скопје, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар", а рецитално настапува на најпрестижните европски сцени од Македонија до Австрија, Франција, Италија, Хрватска, Бугарија, Србија. Шкелзен Бафтиари дипломирал на Државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, на Факултетот за Музичка уметност со највисока оценка „Цум Лауде“ во класата на проф. Борис Романов. Магистрирал во истата институција со највисока оценка „Цум Лауде“ во класата на проф. Симон Трпчески. Настапувал на голем број концерти во и вон државата како солист, со камерна музика, како и солист со Симфониски оркестри. Има освоено голем број награди на Националните и Интернационалните натпревари ,како и две години по ред втора награда во Благоевград, втора награда во Конкурсот „Војислав Вучкович“ во Белград, Лауреат на натпреварот “Валентино Бучхи” во Рим (Италија), втора награда на конкурсот „Николај Рубинштајн“ во Парис, втора награда во Торино и многу други. Арда Мустафаоглу (2002) е добитник на многу награди на меѓународни натпревари: Гран-при и награда за најдобра интерпретација на турски композитор на ЕМЦИ Меѓународниот натпревар во Истанбул-Турција, лауреат на Меѓународен натпревар „Музиката и земјата“ во во Софија, прва награда и специјална награда за интерпретација на компзиција од 21. век на интернационалниот натпревар „Антонио Салиери" во Верона-Италија, прва награда и лауреат на меѓународниот музички фестивал „Сириум ” во Сремска Митровица, прва награда на онлајн Меѓународниот музички натпревар „Најдобра Моцарт изведба". Во рамките на националната програма на Министерството за култура, Арда реализира солистички концерти и настапува со Македонската филхармонија. Нита Груби е родена во Скопје 1995 година, потекнува од музичко семејство. Основно музичко училиште завршува во класата на проф. Лудмила Романова и веднаш потоа ја завршува првата година од средно образование во класата на проф. С. А Чадиковска во Д.М.Б.У.Ц „Илија Николовски-Луј“ во Скопје со одличен успех. За време на овој период таа е добитник на повеќе први награди како учесник на меѓународните натпревари „АрсКосова” - Приштина во 2006, 2008, 2011 година. Исто така учесник е на натпреварите во организација на здружението на музички и балетски педагози во Македонија, каде е добитник на трета награда 2007-Битола, втора награда - Камерно дуо Скопје 2011 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-novoto-pijano-so-koncert-vecher-so-pijano/feed/ 0
Светот ѝ се поклонува, а Македонија се гордее со младата пијанистка Јована Трајчева (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/#respond Tue, 10 Apr 2018 14:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=38689

Јована Трајчева е девојката на која со право можеме да бидеме сите горди. Светските најпознати имиња на оние кои свират пијано имаат сериозна наследничка од Македонија. Поради нејзиниот талент, постигнатите успеси, голема посветеност и уште поголема визија за  иднината на својата кариера, убавата Јована денес е лице на рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. Има 24 години, а свири од нејзина 8-годишна возраст. Прв пат на сцената, Јована застанала кога имала само 7 години, со настап на детскиот фестивал „Си-До“ во Битола. Младата пијанистка се посвети на своето образование со кое својата желба и хоби ги преточи во професија. -Се запишав во нижото музичко училиште во Скопје, на пијано во класата на професор Кармен Костова, а подоцна преминав во класата на реномираниот руски педагог Људмила Романова, каде и го завршив нижото музичко образование. Средното образование, факултетот и магистерските студии ги започнав и завршив во класата на професорката Нина Костова Јаневска, со највисоки оцени доделени од страна на испитната комисија, вели Трајчева во интервју за КУРИР.МК. Следуваа бројни настапи. Кој од кој поуспешен. Сите заслужни за огромни овации и аплаузи, но и за бројни значајни награди. Награди кои се заслужена пофалба за нејзиниот талент и посветеност, но и најголем мотив да продолжи да работи и да се надоградува. -Имам настапувано на сите концерти организирани од страна на училиштето, концерти во рамки на „Musica viva“, „Festivalite“, „Есенски музички свечености“, „ДММ“, „Скопско лето“, „Златна лира“. Освоив втора награда на меѓународниот натпревар „Mocartijana M“, втора награда на Државниот натпревар за млади изведувачи во Битола, трета награда на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“, ја освоив втората награда на Државниот натпревар во Скопје. Освоив прва награда на натпреварот во чест на „Chopin and Schumman“, а воедно добитник сум и на специјалната награда за најдобра изведба на Schumman. Освоив втора награда на „Полифон конкурс“, трета награда на Меѓународниот пијано натпревар во Босна. Втора награда освоив за заеднички настап со Инес Неделковска на Interntional Piano Competition "Duo Piano" во Монте Карло, каде прва награда не беше доделена.  Трета награда освоив на ENCOR International Music Competition 3rd edition, пофалница на Ibiza piano competition 2017, набројува Јована. Да се слуша оваа пијанистка е вистинско задоволство. Таа има одржано повеќе солистички рецитали, најмногу во Скопје, но и во повеќе други градови. -Како позначаен настап и прекрасно искуство би го издвоила настапот со Македонската филхармонија во 2015-та година. Имам учествувано и на сите семинари организирани од страна на руските педагози Борис и Људмила Романови, а имам искуство и како наставник по пијано во Државното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, вели младата пијанистка. -Пред настап секогаш гледам да сум физички одморена и сконцентрирана. Тремата во оваа професија е сосема нормална и секогаш присутна, некогаш повеќе, некогаш помалку. Јас по природа сум тремаџија, а перфекционист, па лично за мене видот на настанот и неговата важност не менуваат многу. За мене настап е настап, пред 10 или пред 1000 луѓе, јас секогаш се трудам и сакам да дадам се од себе, раскажува за КУРИР, Јована Трајчева. Таа толку ужива во својата љубов кон пијаното, што ги советува сите оние кои имаат желба и талент, да тргнат по нејзиниот пат. -Покрај тоа што музиката има моќ да влијае врз процесот на учење, развојот на мозокот и интелектот, во исто време ја изразува и нашата емоционална природа. За мене таа е начин на узразување и сметам дека може душевно да го исполни и збогати човекот како ниту една друга професија. Нема ништо поубаво од чувството после одличен настап, да видиш среќна и задоволна публика, вели пијанистката. Млада и успешна, но скромна и многу емотивна. Еве во што ужива Јована: -Јас сум емотивец, сакам музика која е богата и раскошна, а во исто време да е емотивна, едноставна и лесна за разбирање. Вљубена сум во романтизмот и руските композитори. Tchaikovsky, Rachmaninoff, Prokofiev... Уживам во нивната музика и сметам дека најмногу ми лежи, најпријатно се чувствувам, рече таа за КУРИР. Јована со огромна чест, пред светот ја претставува Република Македонија. Да биде претставник на својата земја за неа има голема тежина. Вели дека претставувањето на Македонија е поттик за секој млад човек и дека дава се од себеси да ја претстави државата во најпозитивно светло. Секако, бескрајно уживајќи во тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/svetot-se-poklonuva-a-makedonija-se-gordee-so-mladata-pijanistka-jovana-trajcheva-foto-video/feed/ 0
Звучи како светски познат маестро, а тоа е нашиот 10-годишен Лука (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/#respond Tue, 27 Feb 2018 14:49:17 +0000 http://kurir.mk/?p=25373

Лука Софрониевски има само 10 години, а со своите златни прстиња го покажува големиот талент кој го поседува. Има дарба за музика, но и многу работи на тоа да се доградува себеси. Свири и пее одлично уште од најрана возраст, па веќе успеа да се избори за своето место меѓу најталентираните дечиња во Македонија. Затоа денес, тој е дел од рубриката „Млади таленти“ на КУРИР.МК. Пијаното прво му беше интерес, а потоа хоби. Денес ги совладува вештините и навистина успева во тоа. Талентот, вели, го наследил од својот татко и од чичко му. Лука е син на Владимир Софрониевски-Фриц, кој исто така е музичар. Има помали братче и сестричка, за кои се надева дека ќе ги следат неговите стапки. -Одам во Музичко училиште кај професорката Лиле Атанасова која ме подготвува за натпревари и концерти. Навистина многу научив таму. Имам добиено две први награди и многу сум среќен. Тие ми се мотив да научам да свирам уште поубаво, вели малиот Лука за КУРИР.МК. Во музичко училиште оди веќе четири години бидејќи, за секоја пофалба, уште на 6-годишна возраст точно знаел што сака. -Во иднина сакам мојата професија да биде музиката. Многу вежбам и се трудам да си го исполнам тој сон. Сакам еден ден да бидам врвен пијанист, рече Лука. Освен неговиот татко Софрониевски, на Лука му е идол македонската гордост Симон Трпчевски. Од кога почна да посетува часови, Лука заборави на детските песнички или она што го слушаат децата на негова возраст. -Секогаш слушам класична и забавна музика. Кога ќе слушнам добра композиција, веднаш сакам да ја отсвирам. Ги слушам настапите на Симон Трпчевски, кој е еден од моите идоли, од него навистина многу можам да научам, вели овој млад талент. Пијаното му е најголема љубов меѓу инструментите, но Лука не запира во својот талент за инструменти. -Најмногу свирам пијано, но многу се трудам и успеав да научам да свирам и на ударни инструменти. Свирам тарабука и тапани, ни откри Лука. За негова  возраст, Лука на сцена се однесува како вистински професионалец. Токму затоа никого не остава рамнодушен. -Имам трема, ама не како да се плашам, туку трема од возбуда. Секогаш кога настапувам давам се од себе. Чест ми е кога после настапот ми се доближуваат луѓе и ми викаат дека сум одличен. Ме нарекуваат “вистински мајстор“ за тоа што го свирам. Секако, тоа ме тера да вежбам уште повеќе, вели Лука за КУРИР.МК. Стручни лица во неговата област не штедат пофалби за ова мало момче. Професорите по музичко веднаш го забележуваат неговиот талент. -Постојано вежбам, но пред настап навистина посветувам многу време за тоа. Имам повеќе приватни часови од вообичаеното, а потоа вежбам и сам дома. Мојата професорка е прекрасна, таа е заслужна за мојот досегашен успех. Ме учи и ме поттикнува да станам уште подобар, кажа Лука за КУРИР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/zvuchi-kako-svetski-poznat-maestro-a-toa-e-nashiot-10-godishen-luka-foto-video/feed/ 0