пијанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Aug 2019 07:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пијанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не се вадете на пијанство и не го обвинувајте алкохолот за вашите неморални постапки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-se-vadete-na-pijanstvo-i-ne-go-obvinuvajte-alkoholot-za-vashite-nemoralni-postapki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-se-vadete-na-pijanstvo-i-ne-go-obvinuvajte-alkoholot-za-vashite-nemoralni-postapki/#respond Wed, 28 Aug 2019 07:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=234174

Односот помеѓу алкохолот и антисоцијалното однесување е добро документиран. Многу аргументи и причини за расправија и тепачка произлегуваат од личност што испила многу алкохол. Научниците веруваат дека се однесуваме вака кога сме пијани затоа што погрешно ги толкуваме социјалните ситуации и го губиме чувството за емпатија. Во суштина, штом ќе почнеме да ги развлекуваме зборовите и да пелтечиме, нашата способност да ги разбереме или да ги споделиме емоциите на другите исчезнува. Ако некој направил нешто погрешно додека бил под дејство на алкохол, ние имаме тенденција да му простиме наместо да го сметаме за одговорен за неговите постапки. Овие изговори си ги даваме и себеси. Но, едно истражување се обидува да создаде појасна слика за тоа како се поврзани пиењето, алкохолот, емпатијата и моралното однесување. Излегува дека иако консумирањето алкохол може да влијае врз нашата емпатија, принудувајќи нè да одговориме несоодветно на емоциите и реакциите на другите луѓе, тоа не мора да значи дека ги менува нашите морални стандарди или принципи што ги користиме за да правиме разлика што е правилно, а што не. Во неодамнешен експеримент на учесниците им била дадена вотка и потоа им биле измерени нивната емпатија и нивните морални одлуки. Научниците им презентирале слики покажувајќи луѓе што изразуваат емоции. Откако консумирале поголема доза вотка, луѓето почнале да одговараат неточно на тие емотивни слики, изјавувајќи дека се чувствуваат позитивно кога гледаат тажно лице и негативно кога гледаат среќно лице. Колку попијани биле луѓето, толку повеќе била нарушена нивната емпатија. Но, дали алкохолот имал влијание врз нивниот морал? Научниците ги прашале луѓето што мислат дека ќе направат кога имаат морални дилеми, а потоа анализирале што прават во симулација на морална дилема во виртуелна реалност. Размислете што ќе направите во една од овие ситуации: Количка оди по пругата кон пет градежни работници кои не можат да слушнат дека им се приближува. Вие стоите на подножјето, помеѓу количката што се приближува и работниците. Пред вас стои непознато лице. Ако го турнете непознатото лице на шините, количката ќе удри во него. Така, непознатото лице ќе умре, но петте работници ќе бидат спасени. Што би направиле вие? Додека алкохолот ја наруши емпатијата на учесниците, тој немал ефект врз процената на моралните ситуации или како луѓето би постапиле ако би се нашле во слична ситуација. Ако една личност одлучила да ја турне непознатата личност кон количката и така да спаси повеќе луѓе додека била трезна, истото го одлучила и кога била пијана. Ако луѓето одбијат да го жртвуваат животот на некој човек во истата ситуација бидејќи веруваат дека убиството е погрешно без оглед на последиците, истото го направиле и кога биле пијани. Излегува дека иако веруваме дека алкохолот ја менува нашата личност, всушност тоа не е точно. Вие и понатаму сте истата личност по неколку пијалаци - чувството за морал останува недопрено. И додека алкохолот може да влијае врз тоа како ги толкуваме и разбираме емоциите на другите луѓе, не можеме да го обвиниме алкохолот за нашето неморално однесување. Иако сте пијани, вие имате ист морален компас и сте одговорни за вашите морални и неморални постапки. Извор: Факултети]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-se-vadete-na-pijanstvo-i-ne-go-obvinuvajte-alkoholot-za-vashite-nemoralni-postapki/feed/ 0
Се опијанил и заспал, кога се разбудил ја доживеал ноќната мора за секој маж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-opijanil-i-zaspal-koga-se-razbudil-ja-doziveal-nokjnata-mora-za-sekoj-maz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-opijanil-i-zaspal-koga-se-razbudil-ja-doziveal-nokjnata-mora-za-sekoj-maz/#respond Wed, 22 May 2019 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=200642

Маж под име Тан од Кина по пијана ноќ се разбудил со отсечен полов орган. Тан се разбудил од пијанство од остра болка, а кога ги отворил очите видел дека лежи во крв. Неговиот полов орган виси на само неколку сантиметри кожа. Итно бил пренесен во болница, каде бил опериран. Операцијата траела седум часа, а докторите велат дека пациентот се опоравува. Тан не сака да раскаже што се случило ноќта и се уште е во состојба на шок. Тој одбил и да го пријави случајот во полиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-opijanil-i-zaspal-koga-se-razbudil-ja-doziveal-nokjnata-mora-za-sekoj-maz/feed/ 0
Едвај останало живо: 6-годишно дете се опијанило од ракија, таткото законски ќе одговара https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edvaj-ostanalo-zivo-6-godishno-dete-se-opijanilo-od-rakija-tatkoto-zakonski-kje-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edvaj-ostanalo-zivo-6-godishno-dete-se-opijanilo-od-rakija-tatkoto-zakonski-kje-odgovara/#respond Fri, 22 Feb 2019 20:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=167134

Хрватското обвинителство од градот Чаковец покрена обвинение против татко, кој дозволил неговото 6-годишно дете толку да се опијани, што едвај го спасиле во болницата. Таткото бил пијан, па не забележал дека момчето пие од ракијата заедно со него. Обвинителството го товари 31- годишниот татко за грубо нарушување на правата на децата затоа што го довел во алкохолизирана состојба и не внимавал како 6-годишното момче од масата земало алкохол. Набргу му се слошило на детето и било однесено со брза помош во болница, каде докторите му го спасувале животот. Таткото ќе одговара кривично за запуштање на своето дете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edvaj-ostanalo-zivo-6-godishno-dete-se-opijanilo-od-rakija-tatkoto-zakonski-kje-odgovara/feed/ 0
Пијанство од 17.000 фунти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/#respond Fri, 01 Feb 2019 10:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=159038

Патник од Велика Британија бил толку пијан, што пилотот морал да го врати авионот на местото од каде што полетал. Неодговорниот патник сега ќе мора да плати речиси 17.000 фунти за трошоците околу залудно потрошеното гориво. Дејвид Стефан Јанг (44) се опил на лет на компанијата „Вест џет“ од Калгари, Канада, до Лондон, што за негова среќа, се случило кусо по полетувањето. Сепак, пилотот бил принуден да го промени правецот и да го врати леталото назад. Таму, несовесниот Британец бил пречекан од полицијата, по што заработил обвинение за предизвикување вознемиреност меѓу патниците. Јанг се изјаснил виновен и се извини за предизвиканата штета и вознемиреност. Но сепак, ќе мора да плати скоро 29.000 канадски долари (19.000 евра), колку што чини потрошениот 9.071 литри керозин. Покрај тоа, тој доби забрана за влез во Канада на неодредено време.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pijanstvo-od-17-000-funti/feed/ 0
Какви се хороскопските знаци кога ќе се напијат: Лавот не престанува да зборува, Стрелецот има остар јазик https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-kje-se-napijat-lavot-ne-prestanuva-da-zboruva-strelecot-ima-ostar-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-kje-se-napijat-lavot-ne-prestanuva-da-zboruva-strelecot-ima-ostar-jazik/#respond Tue, 11 Dec 2018 08:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=138490

Секој хороскопски знак на површина го вади својот темперамент кога ќе се напие алкохол. Едни ги сакаат сите, а други се со слаби нерви. Овен Познати се по тоа што се пријателски настроени, па под дејство на алкохол најчесто одат од една до друга личност за да проверат дали сите добро се забавуваат. Ако не, може да се обложиме дека ќе ве почестат пијачка додека не го достигнете неговото ниво. Дури и ако сте лошо расположени, Овенот е личноста со која сакате да ја поминете цела вечер на шанк. Бик Ви треба добар навигатор за ноќен провод и пиење, тој е вистинскиот човек. Само бидете внимателни кога многу ќе се опијат, затоа што во тој момент нивната тврдоглавост излегува на површина. Тие се најлошите лица со кои можете да се расправате во пијана состојба, затоа што имаат силен и незгоден темперамент по природа. Близнаци Овој знак ја претставува дволичноста и затоа е тешко да пиете со такви личности. Близнаците не толерираат неодлучни луѓе, така што попаметно ви е да знаете што точно ќе правите таа вечер. Бидете внимателни со Близнаците затоа што кога се под дејство на алкохол не знаат да останат смирени и во едно место. Рак Вечните емотивци, веднаш се расплакуваат ако нешто не им е како што сакаат. Под дејство на алкохол ги искажуваат најскриените емоции, па затоа длабоките разговори во оваа состојба не е паметен избор. Во еден момент си поминуваат одлично, а веќе во другиот може да ми се жалат на барменот. Лав Пуштете го алкохолот да тече и Лавот нема да престане да зборува. Лавовите не ги кријат своите мислења кога се пијани, без разлика колку се навредливи. Бидете внимателни ако сакате да бидете на негово место затоа што по секоја цена може да ве омаловажи без око да му трепне. Сака да биде лидер и најгласен, посебно кога има малку повеќе пиење. Девицa Ако пронајдете некој перфекционист кој се опушта после работа, со чаша квалитетна пијачка, знајте дека се работи за Девица. Тие се идеални партнери за мирна пијачка. Но, не поднесуваат евтини места, туку само скапи елитни локали. Ако сте во потрага по екстравагантно ноќно доживување, тогаш придружете и се на пијаната Девица. Вага Вагата е најдобриот знак во алкохолизирана состојба. Имаат средени мисли и ладна глава, што е предност кога сите се пијани и меѓусебно се објаснуваат. Кога вашите пријатели ќе започнат да се расправаат или туркаат, можете да сметате на Вагата, колку и да е пијана. Таа обожава кога воспоставува ред и мир, дури и во таква состојба. Шкорпија Дајте и на Шкорпијата шише текила и гледајте како се опушта. Шкорпиите ретко ги задржуваат работите во себе, што може да биде и добро и лошо. Тие се луѓе кои ќе ви прават друштво за алкохол, колку и да им се врти. Најлошиот дел е што се непредвидливи – не знаете кога ќе почнат да ве гушкаат, а кога да ве напаѓаат во сред бар. Стрелец Бидете внимателни кога пиете со Стрелец, затоа што има остар јазик по природа. Алкохолот и бесот не е добро да се мешаат, затоа внимавајте што зборувате околу нив. Кога малку ќе претераат обично се буди флертот во нив. Ако сте во потрага по заводлив партнер кој ќе ви каже како искрено стојат работите, тогаш приближете му се на Стрелецот. Јарец Јарците се совршени камелеони затоа што се секогаш добро друштво за пиење. Добро се снаоѓаат во секоја ситуација и со секој алкохол. Тие се пријатели за забава, а не критика и напаѓање. Немаат незгоден темперамент и не ги интересира кој со кого е, каде е и што прави. Под дејство на алкохол тие може само да ви се разлигават и да ве гушкаат повеќе од вообичаено. Обожаваат и да пеат. Водолија Бидете внимателни  кога пиете со Водолиите затоа што лесно се нервираат. Луѓето родени во овој знак имаат променлива личност, посебно под дејство на алкохол. После неколку чашки Водолиите или ќе си легнат насмеани или ќе останат будни и ќе ги нервираат сите околу нив. Никогаш, ама баш никогаш не започнувајте дискусија со нив во ваква состојба. Риби Рибите ги покажуваат најекстремните емоции, што ги прави посебно интересно друштво. И тие како Водолиите лесно го менуваат расположението и само еден лош збор или туркање може да ги извади од такт. Сепак, со Рибите никогаш не се излегува „на една пијачка“ затоа што тоа не постои за нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-kje-se-napijat-lavot-ne-prestanuva-da-zboruva-strelecot-ima-ostar-jazik/feed/ 0
Момче се опијанило на екскурзија, а потоа се јавиле на мајка му: Тоа што ја натерале да го направи ги зачуди сите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/#respond Thu, 20 Sep 2018 10:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=103545

Мајка од Макарска, Хрватска, била повика од професорите да патува до Прага за да си го земе синот кој се опијанил на матурската екскурзија. Како што пишува „Слободна далмација“, станува збор за преседан бидејќи вакви ситуации не се случуваат често. Досега се случувало ученици поради болест или некоја друга сериозна причина да бидат испратени дома за време на ексурзиите, но не и поради пијанство, коешто е честа појава за време на ваквите патувања на матурантите. Професорите тврдат дека постапиле согласно со правиликот за настава, кој е регулиран со протокол. -На водачот на екскурзијата му предложив да почека до изутрината за да се отрезни ученикот, но таа одби бидејќи сметаше дека оваа мерка ќе биде предупредување и за другите ученици. Повеќе не можам да ви кажам за случајот, вели професорката Нада Шимиќ. По пијанството со момчето, во хотелот останал неговиот класен раководител, а останатите ученици заминале во рагледување на градот. Околу 13 часот во Прага пристигнала и мајката на момчето, која пропатувала 1 100 километри за да го земе својот син дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/feed/ 0