пик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Jan 2022 14:25:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/#respond Sat, 15 Jan 2022 14:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=619686

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари. Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500. -Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија. Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите. -Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-danilovski-pikot-od-omikron-sojot-doprva-doagja/feed/ 0
По пикот на новозаразени од коронавирус, во последните два дена се бележи тренд на намалување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pikot-na-novozarazeni-od-koronavirus-vo-poslednite-dva-dena-se-belezi-trend-na-namaluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pikot-na-novozarazeni-od-koronavirus-vo-poslednite-dva-dena-se-belezi-trend-na-namaluvanje/#respond Fri, 16 Apr 2021 05:42:56 +0000 https://kurir.mk/?p=497937

По мини пикот на новозаболени од Ковид-19 на почетокот на неделава, последните бројки на новодијагностицирани бележат тренд на намалување, па така според вчерашната статистика регистрирани се 890 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од направени 3.284 тестови. Во исто време, продолжува имунизацијата на населението со динамиката согласно располиживите вакцини и во очекување на нови дози од Кина и „Фајзер“, кои според најавите, треба да пристигнат во земјава до крајот на месецов. Министерот за здравство Венко Филипче вчера оцени дека притисок во болниците, кој го имаше претходно, последниве денови е намален, нагласувајќи дека бројката на новохоспитализирани неделава е помала отколку претходната седмица. Според податоци на Министерството за здравство, во претходните 24 часа во ковид-центрите во Скопје биле примени 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат во болниците во земјава вчера изнесуваше 1687 и имаше околу 340 празни болнички кревети. Филипче информира дека целокупниот процес на вакцинација во земјава се одвива согласно планот и расположивиот број на вакцини, потенцирајќи дека од почетокот на имунизацијата не е фрлена ниту една доза, иако на закажаните термини во просек не се јавуват околу 20 отсто од лицата. Тој најави дека од Амбасадата на Кина добиле потврда дека околу 28 април во земјава треба да пристигнат околу 200 000 кинески вакцини, а пред тоа, на 19 и 26 април и по 10 000 вакцини на „Фајзер“. Според него, веќе се обезбедени 2,6 милиони дози и нема потреба од дополнителна нарачка на вакцини. Тој истакна дека евентуалното продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување. – Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство, додавајќи дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки. Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје во деноноќието меѓу средата и четвртокот се регистрирани 890 нови случаи на Ковид-19, 1024 оздравени пациенти и 35 починати лица. Со последните цифри, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 145.001, на оздравени пациенти 120.707, а на починати е 4.357, при што вчера имало 19.937 активни случаи. Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге вчера потврди дека минатата недела бројот на смртни случаи како последица на коронавирусот на европскиот континент надмина еден милион. – Ситуацијата во нашиот регион е сериозна. Секоја недела се регистрираат околу 1,6 милиони нови случаи, што значи бројка од 9.500 инфицирани на час или 160 во минута, изјави Клуге, додавајќи дека бројот на смртни случаи на луѓето постари од 80 години се намалува почнувајќи од февруари, но дека процентот на хоспитализации е се уште на високо ниво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pikot-na-novozarazeni-od-koronavirus-vo-poslednite-dva-dena-se-belezi-trend-na-namaluvanje/feed/ 0
Филипче и здравствениот систем потфрлија – Прогнозираа пик од 2.000 заразени, за денеска да бројат 1.600 починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434673

Надлежните се поочигледно е дека не се справија соодветно со корона вирусот и ја изгубија контролата врз истиот, а особено со тешко болните лица кои кои што за жал завршуваат во ковид центрите низ Македонија, а поради негрижата и неодговорноста на властите голем број од нив ја загубија битката со оваа тешка болест. Дека состојбата е излезена од контрола говори и фактот што процентот за заразени со корона вирус во однос на направени тестирања дневно е многу висок. Имено, изминатата недела во период од 16 ноември до 22 ноември во Македонија вкупно биле направени 19.664 тестирања, од кои за жал речиси скоро половината од нив биле позитивни, односно позитивни на Ковид-19 биле регистрирани дури 7.486 лица. Според податоците на ИЈЗ во истиот период, во текот на една седница, животот како последица од корона вирус го загубиле дури 204 лица. А доколку се додаде бројката на новозаболени и починати во изминатите неколку денови, и покрај укажувањата на министерот Филипче дека се е под контрола, повторно се доаѓа до уште една висока пројка со која се потврдува фактот дека надлежните ја немаат контролата врз вирусот и истиот забрзано се шири меѓу граѓаните. Заклучно со вчера, односно според последниот извештај на министерството за здраство од направени 3349 тестирања, регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22. И додека секојдневно преку медиумите Филишче ги убедува граѓаните дека состојбата наводно е под контрола заклучно со вчерашниот извештај на ИЈЗ како последица од коронавирусот животот го загубија дури 39 лица, а Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Заклучно со вчера, според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 25228, активни 10130 • Куманово 3541, активни 939 • Дебар 438, активни 87 • Штип 2510, активни 526 • Прилеп 2766, активни 1021 • Тетово 3638, активни 965 • Струга 1334, активни 406 • Велес 1812, активни 711 • Битола 1813, активни 808 • Охрид 1460, активни 597 • Кавадарци 1109, активни 432 • Гостивар 2296, активни 862 • Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 1598, активни 580 • Крива Паланка 402, активни 120 • Радовиш 407, активни 125 • Крушево 116, активни 70 • Кочани 1187, активни 307 • Пробиштип 336, активни 74 • Демир Хисар 185, активни 83 • Македонски Брод 151, активни 34 • Пехчево 95, активни 25 • Берово 339, активни 92 • Валандово 196, активни 71 • Виница 359, активни 174 • Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 148, активни 63 • Свети Николе 770, активни 212 • Кичево 1178, активни 492 • Ресен 424, активни 173 • Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), стои во вчерашниот извештај на ИЈЗ. Филимче место да се фати за работа и заедно со сите надлежни да покажи грижа за својот народ, тој избра да тера ПР и политика во корист на власта, притоа оставајќи го народот сам да се снаоѓа во овие тешки времиња. Несериозноста на Филипче и институциите дозволија да стигнеме на ова дреџе, кога во здраствените установи и ковид центри нема кревети за лекување на заболените од Ковид-19. Министерот за здраство, Венко Филипче пролета прогнозираше дека пикот на заразени од корона ќе биде до 2.000 лица, за денеска, а заклучно со вчера да броиме 1.600 починати. Ова не претставува ништо друго, освен несериозност и неодговорност од страна надлежните, а особено на Филипче и неговата Комисија за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-zdravstveniot-sistem-potfrlija-prognoziraa-pik-od-2-000-zarazeni-za-deneska-da-brojat-1-600-pochinati/feed/ 0
Филипче прогнозираше пик од 2.000 заразени, а до денеска од корона вирус починаа 1.511 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prognozirashe-pik-od-2-000-zarazeni-a-do-deneska-od-korona-virus-pochinaa-1-511-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prognozirashe-pik-od-2-000-zarazeni-a-do-deneska-od-korona-virus-pochinaa-1-511-lica/#respond Sun, 22 Nov 2020 20:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=432941

Во последните 24 часа како последица од коронавирусот починаа 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г), информираа доцна вечерва од МЗ. Како што информираа од Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22. Инаку, според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 23935, активни 9883 • Куманово 3427, активни 961 • Дебар 431, активни 96 • Штип 2419, активни 537 • Прилеп 2598, активни 1010 • Тетово 3526, активни 1004 • Струга 1283, активни 419 • Велес 1739, активни 784 • Битола 1703, активни 849 • Охрид 1398, активни 590 • Кавадарци 1056, активни 452 • Гостивар 2107, активни 759 • Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 1550, активни 613 • Крива Паланка 388, активни 127 • Радовиш 387, активни 127 • Крушево 110, активни 70 • Кочани 1155, активни 333 • Пробиштип 319, активни 77 • Демир Хисар 173, активни 75 • Македонски Брод 145, активни 33 • Пехчево 95, активни 24 • Берово 334, активни 101 • Валандово 189, активни 73 • Виница 344, активни 181 • Делчево 393, активни 177 (105 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 144, активни 76 • Свети Николе 741, активни 233 • Кичево 1126, активни 517 • Ресен 402, активни 165 • Неготино 469, активни 289 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-prognozirashe-pik-od-2-000-zarazeni-a-do-deneska-od-korona-virus-pochinaa-1-511-lica/feed/ 0
СЗО: Бројот на заразени во Европа над пикот од март https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-vo-evropa-nad-pikot-od-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-vo-evropa-nad-pikot-od-mart/#respond Fri, 18 Sep 2020 07:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=404926

Новите неделни случаи на новиот коронавирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент. – Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој. Некои европски земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Франција, со месеци бележат највисоко ниво на број на дневни инфекции. Капацитетот за тестирање е зголемен низ цела Европа од почетокот на пандемијата. Клуге рече дека новите податоци покажуваат и „алармантни стапки на брзо ширење на вирусот низ целиот регион… Бројот на хоспитализирани и смртни случаи се зголемува за првпат, додаде тој. Додека помладите луѓе – кои имаат помала веројатност да бидат сериозно погодени доколку се заразат – во моментов претставуваат најголем дел од новопријавените случаи со коронавирус, постои загриженост за многу повеќе случаи на компликации кај таа возрасна група доколку вирусот се шири паралелно и во поранливи групи. Според СЗО, од почетокот на пандемијата има пет милиони потврдени случаи и повеќе од 228 000 смртни случаи низ цела Европа. Клуге предупреди дека мерките за блокирање воведени пролетта и рано лето дадоа јасни резултати. – Случаите достигнаа рекордно ниско ниво во јуни, рече тој. – Сепак, бројот на новозаразени во септември треба да биде повик за будење за сите нас. Тој истакна дека знаењето за најдобрите начини за контрола на вирусот е подобрено од почетокот на пандемијата во Европа. Претходно оваа недела, Клуге предупреди дека Европа мора да се подготви за зголемен број смртни случаи од новиот коронавирус во октомври и ноември. – Ќе биде многу, многу потешко. Во меѓувреме, Франција регистрираше 10.593 случаи на нови инфекции во последните 24 часа, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Министерот за здравство Оливие Веран призна дека коронавирусот е „повторно многу активен“. Лион и Ница, два од најголемите градови во Франција, добија рок до сабота да предложат нови мерки за борба против епидемиите таму. Другите земји ги наведоа своите скокови оваа недела: Откако Шпанија регистрираше 239 нови смртни случаи од коронавирус за еден ден оваа недела, беше откриено дека голем дел од новите инфекции се во главниот град Мадрид, каде властите планираат да најават нови мерки за блокирање. За првпат, Чешка пријави повеќе од 3.000 дневни случаи. Премиерот на земјата ги повика луѓето да ги следат правилата за да спречат експоненцијално зголемување на инфекциите. Случаите исто така достигнаа ново највисоко ниво во Холандија, а наскоро се очекува Владата да објави нови строги мерки против коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-brojot-na-zarazeni-vo-evropa-nad-pikot-od-mart/feed/ 0
Филипче: Наесен повторен пик на коронавирус, тогаш може ситуацијата да биде уште покомплексна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-naesen-povtoren-pik-na-koronavirus-togash-moze-situacijata-da-bide-ushte-pokompleksna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-naesen-povtoren-pik-na-koronavirus-togash-moze-situacijata-da-bide-ushte-pokompleksna/#respond Wed, 29 Apr 2020 05:58:14 +0000 https://kurir.mk/?p=339082

Во моментов се активни 761 случај на заболени со коровирус, оздравени се 589 лица, а починати 71. Од почетокот на коронакризата, досега се регистрирани 1.421 заболени, а во земјава направени се вкупно 15.771 тестирања на Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека со досегашните преземени мерки израмнета е кривата на епидемијата, апелирајќи дека сегашните рестрикции задолжително мора да се почитуваат. – Сегашните анализи укажуваат на тоа дека факторот трансмисија на Ковид-19 генерално на целата земја е под еден, меѓутоа правиме детални анализи за одредени региони во земјата и чекаме уште неколку денови да видиме како ќе биде трендот на новодијагностицирани. Со сите мерки досега ја израмнивме кривата на епидемијата, не го оптоваривме здравствениот систем. Имавме линеарен број случаи со коронавирус и секој ден имаме нов број на оздравени, истакна Филипче. Како што оцени тој, ние сме држава која навреме воведе мерки, навремено се подготви и го стегна здравствениот систем, добро изреагира, има добри резултати и е на добар пат кон тоа да ги димензионира мерките така како што треба, целокупната друга економија да работи, а здравствениот систем паралелно да се соочи со некој друг пик, што заради сите овие мерки би бил уште поблаг. Во однос на лекувањето, министерот рече дека во светот досега нема една универзална форма на лекување на пациентите заразени со Ковид-19. – Нема еден универзален пристап во лекувањето, зашто болеста Ковид-19 има многу различни манифестации од најлесна, па дури и гастроентистинални тегоби, преку лесна форма на настинка, средна форма кога е компромитирано сериозно дишењето и најтешка форма кога се пациентите зависни од респираторна машина. Се прават комбинации на лекови заради тоа што страдаат повеќе органи, рече Филипче. Тоа, посочи, е нешто што го дефинираат лекарите при третманот заради тоа што на дефинирање на терапијата претходат многу анализи како што се крвни анализи, рентгенски слики на бели дробови, ехо снимки… – Сето тоа се прави секојдневно и бара и секојдневен увид во евентуално додавање, одземање, менување на дозите на различна терапија, рече Филипче и додаде дека досега во светот нема една универзална форма на лекување за овие пациенти. Министерот апелираше за почитување на мерките и нагласи дека бројките на новозаболени се помали од претходните недели и оти после една недела ќе се види дали ваквиот тренд ќе продолжи по што ќе се осигура дека нема скриен кластер кој ќе се појави. – Само единствено ако лично секој граѓани се заложи за тоа и даде свој придонес со доследно почитување на мерките, ние ќе го задржиме овој тренд, ќе ја надминеме оваа состојба и постепено ќе го вратиме нашиот живот во нормала, нагласи Филипче. Тој потенцираше дека мора задолжително да се носи заштитна маска за лицето, прекривка на устата и носот, така како што е пропишано во затворен простор или на отворено ако не може да се одржи препорачаната дистанца од два метра. – Сите имаме подеднаква одговорност секој кон себе, но и кон останатите. Не смееме да дозволиме и сега да го доведеме во прашање тоа што досега заедно сите го издржавме и го надминавме, можеби најтешкиот период, најголемиот предизвик, а навистина направивме многу, истакна Филипче. Тој рече дека се очекува наесен да има повторен пик на коронавирус, бидејќи тој нема да исчезне. – Тогаш може да биде уште покомплексна ситуацијата, заради тоа што ќе имаме други пациенти со сезонски грип кои ќе ги оптоварат сега истите одделенија што сега ги третираат овие пациенти, бидејќи тие се тие институции кои ги третираат ваквите пациенти. Не само ние, туку и цел свет ќе биде многу поподготвен при следниот пик, истакна Филипче. Сериозно, посочи министерот, ќе се подготвиме и дополнително во овој период во кој се надеваме дека стивнува епидемијата во смисла на распределба на здравствени работници, капацитети, опрема итн., дека нема да биде, ниту може да биде ваква ситуација, каква што беше на почеток на оваа епидемија кога нормално никој не го очекуваше сето ова. – Засега не знаеме. Останува само да ги следиме бројките, да правиме анализи и да видиме дали некои други фактори влијаат на ширење на вирусот. Премиерот на Грција го најавува објавувањето на мерките за тоа како ќе работат нивните хотелски капацитети, што може и како да прават во текот на летните месеци, ќе се отворат граници, ќе има патување, рече Филипче и додаде дека е сигурен оти повторно ќе има некакви мерки, согласно состанокот на сите земји – членки од европскиот регион на Светската здравствена организација. Според него, ниту патувањата ќе бидат исти, ниту густината на седење во превозните средства ќе биде иста. Појасни дека над 60 проценти од земјите во светот имаат воведено рестриктивни мерки и сега тие практично имаат намалување на бројот на заболени пациенти. Значи, нагласи, се свесни дека од такви рестриктивни мерки не се излегува нагло. – Значи ќе се продолжи со некаква форма на превенција. Единствена заедничка работа после физичката дистанца е носењето на заштитни маски на устата и на носот. Така што, во таа смисла со такви превентивни мерки со соодветна организација и ова што ние кај нас го подготвуваме и ќе бидеме во еден период во кој и потенцијален следен пик може да биде уште поблаг, освен во земјите каде или немаа здравствени системи, капацитети или немаат доволно здравствени институции. СЗО стравува како ќе се одвива епидемијата во земјите во Африка, каде има огромна популација, а многу мал број болници, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-naesen-povtoren-pik-na-koronavirus-togash-moze-situacijata-da-bide-ushte-pokompleksna/feed/ 0
Д-р. Пановски: Пик на коронавирусот во Македонија ниту имаше, ниту ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-pik-na-koronavirusot-vo-makedonija-nitu-imashe-nitu-kje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-pik-na-koronavirusot-vo-makedonija-nitu-imashe-nitu-kje-ima/#respond Wed, 22 Apr 2020 15:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=335719

Пикот помина или допрва следи? Здравствените власти најавуваат едно, дел од медицинската фела друго. Пик на коронавирусот во Македонија ниту имало, ниту ќе има, вели за телевизија Алфа докторот вирусолог Никола Пановски. Ова негово тврдење е спротивно со она што го очекуваат здравствените власти насекаде низ светот. Кај нас пак надлежните велат пикот на Ковид 19 се очекува наредниов период. Пановски вели оваа болест ќе трае и понатаму, без да има некој посебен пик. -Според мене пик нити имаше, нити ќе има се е тоа едно плато кое трае веќе две недели или можеби повеќе, имаше некои денови кога беше 107, ама претходните па имаше многу малку зависно од што селектираат за испитување и колкав е број на тестовите. Просек е 10 проценти од тестовите се позитивни, последниве гледаме процентот е понизок, иако има малку тестирања, процентот е под 5 посто, така што мислам дека е поминат пикот ако воопшто имало пик, вели Пановски за Алфа. Иако, Пановски вели за пик на ниво на цела држава не можеме да зборуваме, за такво нешто може да се каже дека имало во некои градови. Таков е примерот со Дебар, каде веќе ситуацијата е сосем смирена, а бројките даваат оптимизам и кога е Куманово во прашање. -Некои градови имале пик може да кажеме за Куманово, каде што наеднаш се зголеми бројот, па сега почна да паѓа. За Скопје не можеме да кажеме, цело време се влечат овие случаи, без посебно зголемување или намалување, вели Пановски. Пановски вели олабавување на полицискиот час е многу подобра опција од оној досегашниот кој започнуваше од 16 часот. Според неговите зборови, многу подобро ќе било доколку воопшто не се воведуваше толку ригорозен полициски час. -Мислам дека помалку ќе се заразуваат сега кога е од 19 часот, отколку од 16, бидејќи помалку ќе се гужваат луѓето, кога се враќаат од работа, кога одат по продавници. Мислам дека ова е пологично, мислам дека не требаше воопшто да се воведува до 16 часот, вели Пановски. Во последниве три дена направени се вкупно 1.110 тестови, а позитивни се 73 лица, односно процентот на позитивни во однос на тестирани е под 10 отсто. Со денешните 28, бројот на заразени во Македонија порасна на 1259. Досега само еднаш на дневно ниво бројот на заразени беше над 100. Извор: Телевизија Алфа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-pik-na-koronavirusot-vo-makedonija-nitu-imashe-nitu-kje-ima/feed/ 0
Пикот на епидемијата не е поминат, еве кога се очекува! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pikot-na-epidemijata-ne-e-pominat-eve-koga-se-ochekuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pikot-na-epidemijata-ne-e-pominat-eve-koga-se-ochekuva/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=335116

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај. Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни. -Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано, не сакаме да правиме проста математика со тоа што ќе го дуплицираме бројот на позитивни тестови во однос на бројот на вкупно направените тестови денеска, да кажеме споредено со тоа што било претходните денови заради тоа што и во текот на минатата недела имаше една друга варијација, исклучително голем број на дијагностицирани пациенти што епидемиолозите сметаат дека е само варијација. Тогаш причина за поголем број на позитивни беше пристап кон веќе идентификувани лица кои беа во изолација па развија симптоми, исто така сметаме да сега можно е да оваа варијација е резултат на помал број на тестови заради празниците, рече Филипче. Министерот Филипче појасни и дека верува отие овие рестриктивни мерки сега даваат, а ќе даваат резултати и во иднина. Додаде и дека со новите рестриктивни мерки на движењето, целта е да се ограничат физичките контакти како на бројот на лица така и на бројот на денови со кои што еден потенцијално заболен контактира во еден одреден период. -Дополнително со овие нови мерки кои што ги предлагаме заради тоа што при анализа на тоа колку пациенти можат да бидат преносители на на болеста на колку луѓе во нивната околина, се земаат во предвид неколку фактори. Прво, бројот на контакти кои што ги имаат во текот на денот и колку денови со тие контакти имаат во континуитет континуиран контакт. За да еден пациент пренесе болест на еден заболен, треба да биде со еден во контакт и тоа како се зголемува бројот на денови, се зголемува и ризикот да тој контакт биде заболен, додаде министерот Филипче]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pikot-na-epidemijata-ne-e-pominat-eve-koga-se-ochekuva/feed/ 0
Трамп: САД го минаа пикот на пандемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sad-go-minaa-pikot-na-pandemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sad-go-minaa-pikot-na-pandemijata-na-koronavirusot/#respond Thu, 16 Apr 2020 05:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=332930

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека податоците на здравствените служби покажуваат дека во САД мина врвот на пандемијата на коронавирусот, што го отвора патот за неговите планови за објавување на насовите за повторно отворање на земјата. Трамп на брифинг за новинарите во Белата куќа најави дека насоките ќе ги соопшти денеска, пренесоа американските медиуми. Тој оцени дека најновите податоци се охрабрувачки и дека САД благодарение на нив е „ во многу силна позиција“ да ги приврши неговите насоки за сојузните држави за повторно отворање на државата. Се очекува насоките да го расчистат патот за ублажување на мерките за социјално дистанцирање во областите во кои пренесувањето на коорнавирусот е на ниско ниво, но дека тие мерки да бидат заддржани во местата кои се потешко погодени од пандемијата. Конечната одлука за ублажување на рестрикциите ќе ја донесат гувернерите на сојузните држави. Бројот на заразени во САД во меѓувреме се зголеми на 641.762,  додека 28.442 лица умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sad-go-minaa-pikot-na-pandemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Пикот на коронавирусот во САД можно е да биде оваа седмица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pikot-na-koronavirusot-vo-sad-mozno-e-da-bide-ovaa-sedmica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pikot-na-koronavirusot-vo-sad-mozno-e-da-bide-ovaa-sedmica/#respond Mon, 13 Apr 2020 15:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=331540

Пикот на кризата со новиот коронавирус во САД би можел да се случи оваа недела. Тоа го нагласи денеска водечки експерт за здравство, укажувајќи на знаци на стабилизација низ целата земја. – Ние се приближуваме до пикот на кризата во моментов. Вие ќе знаете дека сме во пикот кога ќе има помалку случаи следниот ден од претходниот, рече Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Во САД, најтешко погодената земја со Ковид-19 има заразени речиси 558.000 луѓе и повеќе од 22.000 смртни случаи, при што 2.000 луѓе умираа во последните четири дена, особено во Њујорк и околината. Тој одби да објави за временската рамка поврзана за покренување на економските активности и истакна дека социјалното дистанцирање ја спречило стапката на смртност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pikot-na-koronavirusot-vo-sad-mozno-e-da-bide-ovaa-sedmica/feed/ 0