пилот програма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Dec 2020 07:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пилот програма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/#respond Wed, 02 Dec 2020 07:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=437257

Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука. Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција. Министерката Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две урбани и две рурални со настава на македонски и на албански јазик, за потоа ова образование да се интегрира во наставните курикулуми. Во процесот е вклучено Бирото за развој на образованието, невладината ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН. Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас“, а вториот дел ќе биде онлајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/feed/ 0
Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-pilot-programa-za-brzo-testiranje-na-kovid-19-vo-domashni-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-pilot-programa-za-brzo-testiranje-na-kovid-19-vo-domashni-uslovi/#respond Thu, 13 Aug 2020 14:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=390325

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви. Тоа ќе биде еден од најголемите европски експериметни на новиот метод на тестирање. Белгиските истражувачи и власти изјавија дека пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите. Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање и да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември. Предвидено е резултатите да ги добијат истиот ден. Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката. Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-voveduva-pilot-programa-za-brzo-testiranje-na-kovid-19-vo-domashni-uslovi/feed/ 0