пилоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 16:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пилоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција тагува по пилотите кои загинаа во канадерот: Едниот од нив не доживеа да го види своето дете https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/#respond Wed, 26 Jul 2023 16:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=860378 Фото: screenshot ERT

Двајца офицери на грчките воздухопловни сили, капетанот Христос Мулас (34) и потпоручникот Периклис Стефанидис (27), загинаа во вторникот, нешто пред 15 часот по локално време, додека се обидувале да го изгаснат пожарот во близина на селото Платанистос, во Регионот Каристос во Евија. Само неколку минути пред трагичниот маневар тие го известиле центарот на воениот аеродром кај Волос, од каде што полетале, дека го „исфрлаат последниот товар“ и најавиле враќање во базата. Снимател на државната ЕРТ (Грчка радио телевизија) ја снимил таа фатална половина минута во која може да се види како Мулас и Стефанидис исфрлаат 5,5 тони вода од нивниот Канадер-215, а потоа од непознати причини со десното крило удриле на самиот врв на дрво во шумата која ја прелетувале. Канадерот се урнал во планинскиот предел по што следувала експлозија. Истото попладне, специјален тим на воздухопловните сили спроведе истрага и ја потврди смртта на двајцата пилоти. Христос Мулас, капетан по чин, искусен пилот на противпожарни авиони, е родум од Ханија, од Крит. Тој не доживеа да го види своето дете. Неодамна ги повикал колегите да ја прослават бременоста на неговата сопруга, радувајќи се на татковството. Периклис Стефанидис е роден во Кукуш, посетувал гимназија во Солун, а по завршувањето на летачката школа „Икарион“ се вклучил во противпожарната авијација. Звучи неверојатно дека на 23 јули 2007 година, недалеку од местото на вчерашната трагедија, во близина на градот Стира, загинаа и двајца пилоти кога нивниот противпожарен авион се урна при гаснење пожари на Евија. Вооружените сили на Грција прогласија тридневна жалост.]]>
Фото: screenshot ERT

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/feed/ 0
Во тек е потрага по двајцата пилоти од урнатиот Канадер на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tek-e-potraga-po-dvajtsata-piloti-od-urnatiot-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tek-e-potraga-po-dvajtsata-piloti-od-urnatiot-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Tue, 25 Jul 2023 13:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=859897

Со два хеликоптери на грчкото воено воздухопловство во тек е акција за пребарување и спасување на двајцата пилоти, кои биле во Канадерот што кусо пред 15 часот по локално време се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за авион што припаѓа на военото воздухопловство. Од Генералштабот на грчкото воздухопловство соопштија дека „за време на воздушно гаснење на пожар на Евија, во 14:52 часот, авион CL-215, со екипаж од двајца пилоти од 355-та тактичка транспортна ескадрила на 112-то борбено крило“. Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео на кое е снимен моментот на падот на авионот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tek-e-potraga-po-dvajtsata-piloti-od-urnatiot-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
ЕВРОПА НА НОЗЕ – познатата нискобуџетна авиокомпанија откажа околу 300 летови поради штрајк на пилотите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/#respond Wed, 19 Oct 2022 15:36:24 +0000 https://kurir.mk/?p=747856

Нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс, која и припаѓа на германската Луфтханза, денеска беше принудена да откаже околу 300 летови поради штрајк на пилотите. Тоа е трет и последен ден од овонеделниот штрајк предизвикан од условите за работа на пилотите. По вторпат во последните неколку недели, пилотите изразија незадоволство од условите за работа со прекин на работата. Штрајкот погоди две третини од планираните 450 летови за Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт, Хамбург и Берлин, изјави портпаролот на компанијата во Келн.
„Очекуваме да можеме да се вратиме на нашите вообичаени летови во четврток“, додаде тој. Портпаролот на синдикатот Верајнигунг Кокпит изјави дека штрајкот завршува денеска на полноќ. Во неделата тој синдикат повика на штрајк, наведувајќи ја недоволната понуда на работодавачот како дел од преговорите за колективен договор. Една од клучните точки на расправа е договорот за бројот на слободни денови. Пилотите сакаат да им се гарантираат 14, но авиокомпанијата понуди 10.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropa-na-noze-poznatata-niskobudzetna-aviokompanija-otkaza-okolu-300-letovi-poradi-shtrajk-na-pilotite/feed/ 0
Тридневен штрајк на пилотите на германската компанија „Јуровингс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridneven-shtrajk-na-pilotite-na-germanskata-kompanija-jurovings/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridneven-shtrajk-na-pilotite-na-germanskata-kompanija-jurovings/#respond Mon, 17 Oct 2022 08:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=746310

Пилотите на „Јуровингс“ (Eurowings), филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска го почнаа својот втор штрајк овој месец поради спорот за работните услови, со повик на синдикатот за тридневен прекин на работата. На аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави агенцијата ДПА. Пилотите бараат да се намали максималниот број часови летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври. Раководството на авиокомпанијата го оквалификува последниот штрајк како непропорционален и неодговорен. Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tridneven-shtrajk-na-pilotite-na-germanskata-kompanija-jurovings/feed/ 0
Двајца пилоти се СТЕПАЛЕ во пилотската кабина, авионот безбедно слетал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-piloti-se-stepale-vo-pilotskata-kabina-avionot-bezbedno-sletal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-piloti-se-stepale-vo-pilotskata-kabina-avionot-bezbedno-sletal/#respond Mon, 29 Aug 2022 09:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=725380

Двајца пилоти на Ер Франс се суспендирани по физичка пресметка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави претставник на Ер Франс. Летот продолжи и авионот безбедно слета, а спорот не влијаеше на остатокот од летот, рече официјалниот претставник, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност. Швајцарскиот весник „Трибјун” објави дека пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето и се фатиле за јаките откако едниот очигледно го удри другиот. Кабинскиот екипаж интервенирал, а еден член на екипажот го поминал летот во кокпитот со пилотите, се вели во извештајот. Ер Франс соопшти дека спроведува безбедносна ревизија како одговор на инцидентот. Авиокомпанијата соопшти дека нејзината флота реализира илјадници летови дневно, а во извештајот се наведени само четири такви безбедносни инциденти ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-piloti-se-stepale-vo-pilotskata-kabina-avionot-bezbedno-sletal/feed/ 0
Луфтханза откажува летови за време на божиќните празници поради голем број заболени пилоти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-otkazuva-letovi-za-vreme-na-bozikjnite-praznici-poradi-golem-broj-zaboleni-piloti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-otkazuva-letovi-za-vreme-na-bozikjnite-praznici-poradi-golem-broj-zaboleni-piloti/#respond Thu, 23 Dec 2021 10:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=612048

Германскиот авиопревозник Луфтханза мораше да откаже неколку интерконтинетални лекови за време на божиќните празници бидејќи голем број пилоти заболени од Ковид-19. – Тоа посебно влијаеше на летовите кон Бостон, Хјустон и Вашингтон во периодот од 23 до 26 декември, изјави портпаролот на Луфтханза, додавајќи оти летовите можат повторно да бидат резервирани. Тој истакна дека компанијата вовела мерки да се избегне таквата ситуација „но, очигледно тоа не било доволно со оглед на високата стапка на заразени лица“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lufthanza-otkazuva-letovi-za-vreme-na-bozikjnite-praznici-poradi-golem-broj-zaboleni-piloti/feed/ 0
ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Аркан бил менаџер на најпознатата српска група – никому не му давал да влезе без карта, ова е вистината! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-otkritie-arkan-bil-menadzer-na-najpoznatata-srpska-grupa-nikomu-ne-mu-daval-da-vleze-bez-karta-ova-e-vistinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-otkritie-arkan-bil-menadzer-na-najpoznatata-srpska-grupa-nikomu-ne-mu-daval-da-vleze-bez-karta-ova-e-vistinata/#respond Tue, 09 Mar 2021 13:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=479602

Жељко Ражнатовиќ Аркан бил и менаџер на најпопуларната југословенска група „Пилоти“. Зоран Кики Лесендриќ, рок-музичар, композитор, продуцент во септември 1980 година, ја основа групата Пилоти, со која постигна голем успех во поранешна Југославија, најмногу во средината на 1980-тите, кога беше на врвот на својата популарност. Кики се сети на првиот концерт на групата Пилоти и откри дека еден од нивните менаџери во тоа време бил Жељко Ражнатовиќ Аркан. - Нашиот прв голем концерт беше на Калемегдан. Многу интересни работи ме врзуваат за тоа место. Беше интересно со оглед на тоа што имавме четворица менаџери, а еден од нив беше Жељко Ражнатовиќ Аркан, менаџер за почетници. Всушност, главни организатори беа Саша Алексиќ и неговиот брат Љуба и Зика Живац. Бевме деца. Аркан тука беше најмалку важен, но тој беше одговорен за никој да не може да влегува бесплатно на концертот. Секој мораше да купи билет. Се собраа пет-шест илјади луѓе. Тогаш ни беше тешко да ги пополниме кошаркарските игралишта тогаш да не беа тие. Јас ретко го гледав Аркан потоа. Се запознавме на прослави и на родендени. Немавме прилика да зборуваме за нашите младешки денови - рече тој и додаде: - Белград тогаш беше друг и интересен град, со посебен дух. Прва година без Тито. Сè уште ненавикнати на осветлени реклами. Време на чекање, не знаевме што ќе се случи со нас, дали ќе станеме Американци со заминувањето на нашиот претседател или ќе се претвориме во некоја Русија ... Од друга страна, целиот систем беше ист како денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-otkritie-arkan-bil-menadzer-na-najpoznatata-srpska-grupa-nikomu-ne-mu-daval-da-vleze-bez-karta-ova-e-vistinata/feed/ 0
Вакцината на Фајзер одобрена за пилоти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/#respond Sun, 13 Dec 2020 08:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=442553

Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопшти дека одобрила употреба на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за пилоти и контролори на летање. Американскиот воздухопловен регулатор информира дека пилотите и контролорите не смеат да летаат или да вршат безбедносни задачи 48 часа по приемот на доза на вакцината. ФАА соопшти дека „ќе ја следи реакцијата на пациентите на вакцината на Фајзер/Биоонтек и може, по потреба, да ја прилагоди оваа политика за да се осигури безбедноста во авијацијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/feed/ 0
Пелени за пилотите при дестинации со висок ризик од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=441392

Кинеската Управа за цивилно воздухопловство препорача, при чартер-летови со дестинации со висок ризик од Ковид-19, екипажот да носи пелени за еднократна употреба и да се избегнува користење тоалети. Целта е да се намали ризикот од зараза со коронавирусот. Советот е на списокот упатства за авиокомпаниите за спречување на ширењето на Ковид-19. Брошурката има 38 страници. Советите во врска со пелените се во делот за опрема за лична заштита. Управата наведува дека препораката се однесува на чартер-летови од и до земји и области каде што бројот на заразени надминува 500 на милион луѓе. Исто така, се препорачува употреба на медицински заштитни маски, медицински ракавици за еднократна употреба, заштитни очила, капи за еднократна употреба, заштитна облека и навлаки за обувки. Според Блумберг, кинескиот домашен авијациски пазар закрепнува и е близу до нивоата пред пандемијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/peleni-za-pilotite-pri-destinacii-so-visok-rizik-od-kovid-19/feed/ 0
MО на Србија потврди за загинување на два пилота при пад на МиГ-21 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mo-na-srbija-potvrdi-za-zaginuvanje-na-dva-pilota-pri-pad-na-mig-21/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mo-na-srbija-potvrdi-za-zaginuvanje-na-dva-pilota-pri-pad-na-mig-21/#respond Fri, 25 Sep 2020 13:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=408471

Двајца пилоти на Военото воздухопловство и ПВО на српската армија загинаа утрово при пад на авион МиГ-21 во близина на Мали Зворник додека извршувале летачки задачи, потврди Министерството за одбрана. Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет. Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи се на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mo-na-srbija-potvrdi-za-zaginuvanje-na-dva-pilota-pri-pad-na-mig-21/feed/ 0