пино секондо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Oct 2021 12:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пино секондо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова пресуда за убиството на Пино Секондо – Ангела повторно доби 19 години затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-presuda-za-ubistvoto-na-pino-sekondo-angela-povtorno-dobi-19-godini-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-presuda-za-ubistvoto-na-pino-sekondo-angela-povtorno-dobi-19-godini-zatvorska-kazna/#respond Wed, 13 Oct 2021 12:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=578273

Кривичниот суд повторно и изрече затворска казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо. Судот и пресуди 19 години затвор што е истата казна како во првата пресуда претходно укината од Апелациониот суд. Апелацискиот суд во август ја укина првостепената пресуда која ѝ беше изречена на Ангела за убиството на Пино.Во пресудата беше наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство. Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка. - Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-presuda-za-ubistvoto-na-pino-sekondo-angela-povtorno-dobi-19-godini-zatvorska-kazna/feed/ 0
Се огласи мајката на Пино по укинувањето на пресудата: Нема правда во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-pino-po-ukinuvanjeto-na-presudata-nema-pravda-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-pino-po-ukinuvanjeto-na-presudata-nema-pravda-vo-makedonija/#respond Tue, 31 Aug 2021 19:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=557506

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трповска преку социјалната мрежа Фејсбук ја прокоментира пресудата на Апелација со која случајот се враќа на повторно судење. Таа смета дека нема правда во Македонија. -Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија, напиша Трпковска на Фејсбук. Ангела Ѓорѓиевска која доби 19-годишна затворска казна сега треба одново да се појави во судница. Таа претходно беше осудена поради свирепото убиство на Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството во 2018 година. Телото на Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството во атарот на селото Љуботен. Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството со пушка која ја носел во автомобилот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-pino-po-ukinuvanjeto-na-presudata-nema-pravda-vo-makedonija/feed/ 0
Се огласија родителите на Ангела, осудена за помагање во убиството на Пино (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-roditelite-na-angela-osudena-za-pomaganje-vo-ubistvoto-na-pino-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-roditelite-na-angela-osudena-za-pomaganje-vo-ubistvoto-na-pino-video/#respond Tue, 21 Jul 2020 15:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=379302

Долго време молчевме, сега решивме да проговориме, казната од 19 години затвор за нашата ќерка Ангела е превисока, велат пред камерата на Алфа родителите на осудената Ангела Ѓорѓиевска која според пресудата му помагала на убиецот на Пино Секондо. Според нив, немало докази дека Ангела е виновна за тоа што е осудена, велат ќе ја обжалат пресудата на Апелација. Мајката вели дека не е вештачен телефонот на нејзината ќерка, како и дека имало уште многу работи да се истражуваат пред да се донесе пресудата за 19-годишна затворска казна. Вели верува во правда во Македонија, но правдата била селективна. Мајката на починатиот Пино пак, е незадоволна од пресудата. Во интервју за медиумите вели дека ако има правда, за Ангела требало да има доживотен затвор. Очекувавме, ако веќе зборуваме за правда, доживотен затвор. Не може да одземеш нечиј живот, да си го дозволиш тоа право, и да поминеш вака… Ова е само еден лош пример, еден вид на поттик на потенцијалните убијци, на криминалците… Зошто нема доживотна казна за вакво дело? Зошто не се менуваат законите во Македонија, зошто ова не се искористи како пример за другите, за во иднина некој добро да размисли пред да крене рака, пред да одземе нечиј живот?- прашува Маја. Според судската пресуда, Ѓорѓиевска е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, како што покажуваат доказите, го извршил Али Фуркан кој се уште е во бегство. Пино беше убиен на 11 декември 2018, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-roditelite-na-angela-osudena-za-pomaganje-vo-ubistvoto-na-pino-video/feed/ 0
Мајката на Пино незадоволна од пресудената казна од 19 години- еве што бара за Ангела! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-pino-nezadovolna-od-presudenata-kazna-od-19-godini-eve-shto-bara-za-angela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-pino-nezadovolna-od-presudenata-kazna-od-19-godini-eve-shto-bara-za-angela/#respond Mon, 13 Jul 2020 11:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=375111

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, смета дека пресудената затвроска казна од 19 години за соизвршителката Ангела Ѓорѓиевска е премала. 19 години!!! Живот земен на младо момче вреди само 19 години??? Доживотен затвор тражам!!!, вели Трпковска.
19 години!!! Живот земен на младо момче вреди само 19 години??? Доживотен затвор тражам!!! Posted by Maja Trpkovska on Monday, July 13, 2020
Според пресудата денешната судска пресуда, Ангела помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство. Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење. Инаку, мајката на Пино половина година активно бараше одговор за судбината со нејзиниот син Од скопското обвинителство информираат дека откако завршила сеопфатната истражна постапка, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднеле Обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини А.Ѓ. дека на 11.12.2018 година како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо. Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења, велат од скопското обвинителство. За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-pino-nezadovolna-od-presudenata-kazna-od-19-godini-eve-shto-bara-za-angela/feed/ 0
19 години затвор за Ангела Ѓоргиевска, девојката на Пино Секондо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/19-godini-zatvor-za-angjela-gjeorgievska-devojkata-na-pino-sekondo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/19-godini-zatvor-za-angjela-gjeorgievska-devojkata-na-pino-sekondo/#respond Mon, 13 Jul 2020 09:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=375038

Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста. Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство. Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење. Претходно, според сведоците, Ангела го барала Пино вечерта на неговиот роденден со необично барање. Таа, сакала да се пресмета со некои девојки и имала потреба од автомобил за да стави во гепек некоја личност. Сепак, Пино , како што посочил сведокот, го одбил ова барање на Ангела со образложение дека нема пари да оди во Ѓорче а и не сакал да влегува во проблеми. Судењето започна лани во ноември по една година од свирепото убиство. Под контроверзни услови 26-годишникот беше убиен на 11 декември 2018, но тоа јавноста не го знаеше затоа што полицијата не можеше да го пронајде се додека случаен минувач не ги откри неговите остатоци во атарот на скопското село Љуботен откако претходно имало одрон. МВР на 31 мај лани поднесе кривична пријава против Ѓорѓиевска и Али Фуркан, исто така од Скопје, кој ја извршил егзекуцијата и за време на истрагата се даде во бегство, по што МВР по него распиша меѓународна потерница. Инаку, мајката на Пино половина година активно бараше одговор за судбината со нејзиниот син.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/19-godini-zatvor-za-angjela-gjeorgievska-devojkata-na-pino-sekondo/feed/ 0
Девојката од Дебар која си го уби семејството ќе сведочи за убиството на Пино Секондо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojkata-od-debar-koja-si-go-ubi-semejstvoto-kje-svedochi-za-ubistvoto-na-pino-sekondo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojkata-od-debar-koja-si-go-ubi-semejstvoto-kje-svedochi-za-ubistvoto-na-pino-sekondo/#respond Mon, 24 Feb 2020 11:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=307997

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше А.Г., која била деловен соработник на обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство. Таа  рече дека Фуркан и Ангела Ѓорѓиевска кога дошле во нејзиниот дом нормално се однесувале и оти изјавите дека извршиле убиство не ги земала за сериозни. -Освен во декември, тие дојдоа на гости и во февруари или март. Темата за убиството не беше отворена. За Али Фуркан имам добро мислење. Секогаш помагал. Подетално не го знам. За Ангела имам мислење дека е затворен тип, некомуникативен. Не ја знам повеќе од година дена, изјави сведокот А.Г. Обвинетат Ангела Ѓорѓиевска, побара објаснување од сведокот А.Г. зошто при последното рочиште, додека излегувала од судница ја погледнала мајката на починатиот и ги кренала раменици, со мисла, како што рече, толку знаев, толку можев. -Можеби така сум постапила махинално. Оваа е нешто ново за мене. Не се чуствувам добро што сум во суд за едно вакво убиство. Не сум имала контакт со мајката на убиениот. Со Али Фуркан, после февруари-март се имам видено уште еднаш на кратко во ТЦ „Мавровка“ на кафе и толку, изјави сведокот А.Г. Застапникот на обвинението, обвинителката Лидија Раичевиќ, за следното рочиште како сведок ја предложи Блерта Поцеста, притвореничка од Затворот Скопје, која изврши ладнокрвно убиство на тројца членови на своето семејството во Дебар. Според обвинителката Раичевиќ, Поцеста како сведок треба да збори за околностите што ги слушнала за овој настан. Одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска реагираше на овој предлог со образложение дека најавениот сведок е во нарушени односи со обвинетата. Истото го кажа и Ангела Ѓорѓиевска, која обвини дека мајката на Пино нуди пари и добар адвокат за секоја информација во врска со настанот. Но истото не можеше да го потврди. Следно судско рочиште за убиството на Пино Секондо е закажено за 13 март. Судењето го води судијата Ленка Давидковска. Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojkata-od-debar-koja-si-go-ubi-semejstvoto-kje-svedochi-za-ubistvoto-na-pino-sekondo/feed/ 0
Сведок: Пино беше со Ангела само за с*кс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-pino-beshe-so-angela-samo-za-s-ks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-pino-beshe-so-angela-samo-za-s-ks/#respond Fri, 31 Jan 2020 12:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=297482

Не можам да верувам дека една девојка може да осмисли такво нешто, сведочеше во судот братучедката на убиениот Пино Секондо, Марија Вера Трпковска која се појави како сведок пред судот. Таа раскажуваше за односот на Ангела и Пино. Според нејзе, Пино бил со Ангела само за задоволување на сексуалните потреби. Вечерта пред да исчезне, Марија била со Пино и тој и кажал дека Ангела му досадува и го вика бидејќи му подготвила изненадување. Марија откри дека додека Пино беше исчезнат имале дојави од лажни профили дека го виделе Пино и барале пари за да кажат кај го виделе. По убиството, семејството се обидувало да стапи во контакт со Ангела откако дознале дека Пино последно се видел со нејзе, но Ангела постојано ги пријавувала во полиција за малтретирање. По настанот од неа не добиле никакво сочувство или помош иако Братот на Али Фуркан, обвинет за убиството на Пино Секондо на денешното рочиште се појави како сведок на Обвинителството и тврдеше дека не знае ништо за убиството и каде е сега избеган неговиот брат, иако не биле скарани и биле блиски како браќа. Тој пред судот тврдеше дека за убиството дознал кога полицијата дошла кај нив дома да врши претрес. Тврдеше дека брат му заминал од дома еден ден, пред да влезе полицијата во нивниот дом. Ангела Ѓорѓиевска која е обвинета дека заедно со Фуркан учествувала во убиството не ја познавал и тврдеше  дека не познавал ниту една девојка од брат му. Пино Секондо беше пријавен за исчезнат во декември 2018 година, а на 29 април 2019 година беше пронајдено и неговото тело, во атарот на селото Љуботен. Според обвинението, обвинетата Ѓорѓиевска на 11 декември 2018 година, го повикала Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Али Фуркан со возило Опел Аскона, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата, се тврди во обвинението, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот. Според информациите на МВР, Фуркан избегал по убиството се вратил во Македонија, 10 мај, а на 27 мај му се губи секаква трага. Извор: ФОКУС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedok-pino-beshe-so-angela-samo-za-s-ks/feed/ 0
Фуркан и Ангела признале дека убиле човек, но не биле вознемирени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/furkan-i-angela-priznale-deka-ubile-chovek-no-ne-bile-voznemireni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/furkan-i-angela-priznale-deka-ubile-chovek-no-ne-bile-voznemireni/#respond Wed, 18 Dec 2019 15:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=279294

Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо, сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018-та година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро. По одредено време, Фуркан Али рекол дека убиле човек. Според нејзиното сведоштво, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“. Сведокот додаде дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и не делувале воопшто вознемирени вечерта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/furkan-i-angela-priznale-deka-ubile-chovek-no-ne-bile-voznemireni/feed/ 0
Драма на судењето за убиството на Пино: На сведокот му се слоши, Брза помош во судница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-sudenjeto-za-ubistvoto-na-pino-na-svedokot-mu-se-sloshi-brza-pomosh-vo-sudnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-sudenjeto-za-ubistvoto-na-pino-na-svedokot-mu-se-sloshi-brza-pomosh-vo-sudnica/#respond Wed, 18 Dec 2019 11:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=279168

Се одбива судењето за убиството на Пино, но денешното рочиште беше прекинато. Му се слоши ма сведокот Рамиз Али. Откако поради ова судот даде пауза, во судница влезе екипа на брза помош. Откако го прегледа сведокот, му дадоа терапија за смирување и судењето продолжи. Сведокот зборува за тоа што го видел крвавата ноќ со Али Фуркан, кој е првоосомничен во случајот. Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-sudenjeto-za-ubistvoto-na-pino-na-svedokot-mu-se-sloshi-brza-pomosh-vo-sudnica/feed/ 0
Пред една година исчезна Пино, па беше убиен: „Дојдете на мирен протест за сите исчезнати, убиени и починати деца“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-edna-godina-ischezna-pino-pa-beshe-ubien-dojdete-na-miren-protest-za-site-ischeznati-ubieni-i-pochinati-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-edna-godina-ischezna-pino-pa-beshe-ubien-dojdete-na-miren-protest-za-site-ischeznati-ubieni-i-pochinati-deca/#respond Mon, 09 Dec 2019 19:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=275235

На десетти декември навршува една година од исчезнувањето на Пино Секондо. Неговата мајка Маја Трпковска најави дека по тој повод во 17 часот ќе организизра мирен протест во сеќавање на убиениот син. -Денот кога моето синче исчезна. Денот кога моето дете го убија. Денот кога Ангела Георгиевска и Али Фуркан се ставија на местото на Господ и му го одзедоа животот на моето дете. Во име на моето дете и во име на сите синови и ќерки кои се исчезнати, убиени и починати во Република Македонија, ве молам да дојдете на овој мирен протест. Дојдете за сите деца. Тоа што му се случи на моето дете, може да му се случи на секое друго дете и уште една мајка, татко, брат, сестра да страдаат како мене… Ви благодарам на поддршката, пишува во повикот на Маја Трпковска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-edna-godina-ischezna-pino-pa-beshe-ubien-dojdete-na-miren-protest-za-site-ischeznati-ubieni-i-pochinati-deca/feed/ 0