пиом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 09:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пиом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Државниот ревизор утврдил – Фондот на пензиското и инвалидското осигурување е во тотален хаос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-revizor-utvrdil-fondot-na-penziskoto-i-invalidskoto-osiguruvane-e-vo-totalen-haos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-revizor-utvrdil-fondot-na-penziskoto-i-invalidskoto-osiguruvane-e-vo-totalen-haos/#respond Tue, 28 Mar 2023 09:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=817270

Државниот завод за ревизија (ДЗР), по извршена ревизија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, јавно објавува дека изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. „ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2021 година. Со извршената ревизија за 2021 година изразивме мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2020 година, при што е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведено е во резимето на извештајот на ДЗР, кој е јавно достапен. Понатака се вели дека со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, и било констатирано дека од вкупно осумнаесет препораки, само една е спроведена, додека спроведувањето на три препораки е во тек, а три препораки имаат статус на делумно спроведени. Единаесет препораки воопшто не биле спроведени, објавува ДЗР. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година, ревизијата утврдила дека: – Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена; – Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесот поради недостиг на вработени, а воспоставените внатрешни контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, точност и навременост во постапката. Поради наведеното, смета ДЗР, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. „Фондот се соочува со недостиг на потребните кадровски капацитети во делот на стручен и обучен кадар за актуарство поради што изостанува реализирање на активности за изготвување анализи за состојбите во пензискиот систем, недоволен е бројот на вработени во Секторот за ИТ, а внатрешната ревизија функционира без утврдениот законски минимум на потребен кадар. Слабостите во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО; Недоволните механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии за кои се евидентираат побарувања од граѓани, а нискиот процент на поврат на повеќе исплатените средства упатува на неизвесност за наплата на истите во наредниот период. „Постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки. За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период“, наведува ДЗР. Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за: – Неповолна финансиска состојба во која се наоѓа друштвото за угостителство, одмор и рекреација на пензионери Борец во Битола, чиј основач е Фондот – Судските постапки во кои Фондот е тужена страна односно тужител и – Состојбата на неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија, како и активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување. Во делот на останати прашања, ДЗР известува за: – Структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења; – воспоставениот систем за утврдување, контрола и наплата на придонес кој не се базира на целосно ажурно и точно интегрирање и навремена размена на податоци од институциите, што влијае на комплетноста на приходите, како и на ликвидноста на Фондот и одржливоста на пензискиот систем; – Неплатениот придонес од 2009 година наваму за кој Фондот нема целосно точни информации поради несинхронизираност, неажурност и непотполност на податоците од различни институции – Најголем дел од побарувањата за неплатен придонес кои заклучно со 2008 година се од неактивни обврзници или обврзници за кои е покрената стечајна постапка и за истите постои неизвесност за наплата. „Од страна на раководството и поранешниот директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и е констатирано дека една забелешка се прифаќа, една забелешка е делумно прифатена и две забелешки не се прифатени, а останатите преставуваат известување и образложение за констатираните состојби и преземени мерки или мерки кои ќе бидат преземени во идниот период“, објавува Државниот завод за ревизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhavniot-revizor-utvrdil-fondot-na-penziskoto-i-invalidskoto-osiguruvane-e-vo-totalen-haos/feed/ 0
ВИДЕО: Масовен обид за поткуп во Пензионерскиот дом Аеродром од страна на вработени во ПИОМ – се делат пари, кеси со намирници и програми за Шилегов https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-masoven-obid-za-potkup-vo-penzionerskiot-dom-aerodrom-od-strana-na-vraboteni-vo-piom-se-delat-pari-kesi-so-namirnici-i-programi-za-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-masoven-obid-za-potkup-vo-penzionerskiot-dom-aerodrom-od-strana-na-vraboteni-vo-piom-se-delat-pari-kesi-so-namirnici-i-programi-za-shilegov/#respond Fri, 29 Oct 2021 18:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=587918

Нервозата и очајот расте кај СДСМ на само 2 дена пред крајот на овие локални избори. Масовен обид за поткуп се случува денеска во Пензионерскиот дом Аеродром. Како што може да се види и слушне од видеата кои стигнаа до редакцијата на Курир, вработени во ПИОМ со кеси намирници но и со пари се обидуваат да извршат поткуп. Имено, покрај парите и кесите со намирници, вработените на ПИОМ делат и програми за Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник за Скопје на СДСМ. Материјалите биле донесени со автомобил марка Форд од страна на самите вработени на ПИОМ. Oва не е прв случај за обид за поткуп од страна на членови на СДСМ. Во продолжение може да ги погледнете сите видеа снимени од денешниот скандал кој се случи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-masoven-obid-za-potkup-vo-penzionerskiot-dom-aerodrom-od-strana-na-vraboteni-vo-piom-se-delat-pari-kesi-so-namirnici-i-programi-za-shilegov/feed/ 0
Заев нема време или не сака да провери кој е вистинскиот директор на ПИОМ, Јовановска или нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-vreme-ili-ne-saka-da-proveri-koj-e-vistinskiot-direktor-na-piom-jovanovska-ili-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-vreme-ili-ne-saka-da-proveri-koj-e-vistinskiot-direktor-na-piom-jovanovska-ili-nejziniot-soprug/#respond Wed, 16 Dec 2020 18:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=444275

Граѓаните секојдневно се повеќе сведоци на нефункциолнаноста и непрофесионалноста на  институциите. Иако СДСМ пред да дојдат на власт ветуваат професионалност на институциите сепак тоа не го исполнија. Деновие е многу актуелна темата поврзана со Билјана Јовановска, директорка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување каде јасно се гледаше како нејзиниот сопруг извршува работи поврзани со оваа институција. По ваквата целата ситуација Зоран Заев на прашање дали е информиран дека одредени државни функционери  се однесуваат како да се нивни приватни и дали ќе следува разрешување тој  рече дека  немал време да ја разгледа целата ситуација. -Прво овие денови сме преокупирани со многу работи како што е сеуште разгововорите со Бугарија и обиди до крајот на годината кога постои шанса за германското претседателство да направиме максимални напори, во најмала рака да создадеме атмосфера за решение догодина, ако не повеќе, завршетокот на парламентот, буџетот беше во владата, репрограмот беше усвоен, развојот на сите овие потреби поврзани со владата врзани со ковид кризата за одредени чекори како што беа дополнителни средства за обезбедување на можности за набавка на вакцина или слично. Немав можност да го согледам целиот овој пример. Сакам да ве уверам дека ќе постапиме соодветно и за сите како што и досега сме постапиле откога ќе можам да направам разговор, да ги согледам сите тие индиции и согласно тоа да превземе одредени чекори. Ние рековме дека законот треба да важи за сите, етичкото престапување исто така треба да важи еднакво за сите, но секако секој пат ќе знаеме да ја одмериме границата на одговорноста према сите. Јас апелирам до сите вас медиумите да бидете гласот на граѓаните за се што се случува по институциите зошто само така ќе ги направиме поодговорни функционерите, одговори Заев на прашањето. Имено за потсетување целиот овој случај за Билјана Јовановска се појави претходната недела каде јасно се гледаше дека нејзиниот сопруг на некој начин управува со институција со која раководи таа. По одговорот на Заев е јасно дека нему не му е важно што се случува по државните институции и неговото оправдување се сведува дека тој бил ангажиран за други активности кои не дадоа никакв позитивни резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-nema-vreme-ili-ne-saka-da-proveri-koj-e-vistinskiot-direktor-na-piom-jovanovska-ili-nejziniot-soprug/feed/ 0
Во 2011 година доби отказ, а откако ја назначија неговата сопруга за директорка на ПИОМ му дојдоа петте минути за одмазда (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2011-godina-dobi-otkaz-a-otkako-ja-naznachija-negovata-sopruga-za-direktorka-na-piom-mu-dojdoa-pette-minuti-za-odmazda-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2011-godina-dobi-otkaz-a-otkako-ja-naznachija-negovata-sopruga-za-direktorka-na-piom-mu-dojdoa-pette-minuti-za-odmazda-video/#respond Fri, 11 Dec 2020 15:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=442143

Поранешниот заменик директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Томче Ѓуровски откако во 2011 година беше разрешен од функцијата, сега тој повторно е вработен во фондот каде директорка е неговата сопруга Билјана Јовановска. Доказ за ова е видеото кое го објави новинарот Фуркан Салиу. -Томче (сопругот на директорката на ПИОМ Билјана Јовановска) откако доби отказ во 2011, му дојдоа неговите пет минути за одмазда, откако неговата сопруга беше назначена за директор на оваа институција. За тоа кој реално е директор на ПИОМ зборува и неговото однесување..., вели тој во својот твит објавувајќи го и видеото, погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2011-godina-dobi-otkaz-a-otkako-ja-naznachija-negovata-sopruga-za-direktorka-na-piom-mu-dojdoa-pette-minuti-za-odmazda-video/feed/ 0
Дали со новонајавениот закон за пензија власта ќе го оптерети и урне ПИОМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-so-novonajaveniot-zakon-za-penzija-vlasta-kje-go-optereti-i-urne-piom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-so-novonajaveniot-zakon-za-penzija-vlasta-kje-go-optereti-i-urne-piom/#respond Fri, 04 Sep 2020 08:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=399080

Најавениот закон за пензионирање од страна на СДСМ, наиде на лавина реакции. Но, експертите единствено се загрижени дали ПИОМ ќе може да го издржи товарот и стабилноста дали ќе се наруши. Владата најави дека една од првите задачи во новиот мандат ќе го измени законот за пензионирање. Со законот нема да бидат опфатени медицинскиот кадар и универзитетските професори кои се дефицитарни. За приватниот сектор, согласно законите, ќе можат да бидат ангажирани со договори и да имаат дополнителен приход покрај пензијата. Законот ќе важи од 1 јануари следната година и со него ќе се пензионираат над 10.000 возрасни лица. Целта на законот е подмладување на кадарот и ослободивање места за младите стручни кадри. „Оваа измена ќе значи зголемување на број на пензионери, намалување на бројот на вработени може да се дрази дополнително врз дефицитот на пензискиот систем, а тоа индиректно да влијае на државниот Буџет“, изјави Благица Петреска од Finance Think. Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вкупните приходи на Фондот во 2019 година изнесуваат 75,9 милиони денари (околу 1,2 милијарда евра) и во овој износ парите од државната каса се 29 милијарди денари (околу 471 илјада евра), што значи дека околу 40 отсто од неопходните пари се обезбедуваат преку буџетот. Пензискиот придонес од 1 јануари 2020 година изнесува 18,8 отсто од бруто-платата. Податоци на Фондот за ПИОМ покажуваат дека во 2019 година имало 581.405 вработени осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, а дека бројот на пензионерите на крајот од 2019 година бил 324.039, или дека 1,8 вработен издржува еден пензионер. Колку за споредба, пред триесетина години тројца вработени издржувале еден пензионер. Од вкупните приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои изнесуваат околу 1,2 милијарда евра, расходите за пензии се 77 отсто, или околу 915 милиони, а другите пари одат за плаќање на здравствениот придонес за пензионерите, за трансфери во вториот пензиски столб, како и за самото институционално функционирање на пензискиот фонд. Меѓународниот монетарен фонд во неколку наврати побара покачување на старосната граница за одење во пензија, за намалување на дупката во ПИОМ, која сега се полни со средства од буџетот. -Ова што се прави е дефинитивно контра препораките на ММФ и оваа мерка е префрлање од шупливо во празно. Тоа се стари идеи дека на тој начин може да се помогне во намалувањето на невработеноста, вели поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев. Според него, тоа се испробани методи што ништо не решиле и дека товарот само се преместува на друго место. На утринската програма на телевизија Сител еден гледач рече дека овој закон ќе помогне на одредени граѓани, а граѓаните што немаат доволно години стаж за цела пензија ќе бидат оштетени. Бидејќи во ова време има граѓани кои се приморани да работат без да се пријавени во пензискиот фонд. „Срамота со овој закон некои ќе се наградат, но некои ќе се уништат. Законот треба да се доработи да е добар за сите граѓаните, не селективно“, забележа една гледачка. Друг пак посочи „Ако сака оваа власт добар закон нека направи 30 години стаж за жени, 35 стаж за мажи. Така сите граѓани кои ќе навршат ваков работен стаж директно да одат во пензија“. За експертите предлогот е добар затоа што ќе ослободи место за вработување млади лица, но препорачуваат Владата прецизно да ги пресмета ефектите, посебно трошоците за ПИОМ. Со рефомрите од минатите години кај Фондот има извесна стабилизација и многу е важно таа да не се наруши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-so-novonajaveniot-zakon-za-penzija-vlasta-kje-go-optereti-i-urne-piom/feed/ 0
Без пензија до септември остануваат 20.000 пензионери од Еуростандар банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bez-penzija-do-septemvri-ostanuvaat-20-000-penzioneri-od-eurostandar-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bez-penzija-do-septemvri-ostanuvaat-20-000-penzioneri-od-eurostandar-banka/#respond Sun, 23 Aug 2020 09:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=394062

Околу 20.000 пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да добијат на време пензија, јавуваат дел од медиумите. Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера. Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна, посочувајќи дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска сметка што е можно побрзо. До вчера, кога беше рокот да го сторат тоа, околу 30.000 пензионери кои што земале пензија преку Македонска пошта, отвориле сметка во друга банка, па поради тоа ќе можат да ја подигнуваат својата пензија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bez-penzija-do-septemvri-ostanuvaat-20-000-penzioneri-od-eurostandar-banka/feed/ 0
Пензиите во 2019 во Македонија со најмал раст во историјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penziite-vo-2019-vo-makedonija-so-najmal-rast-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penziite-vo-2019-vo-makedonija-so-najmal-rast-vo-istorijata/#respond Tue, 21 Jul 2020 07:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=378983

Фондот за пензиско-инвалидско осигурување во својот тукушто објавен извештај за 2019 потврдува дека минатата година имало најмало зголемување на пензиите до сега, односно во последните 13 години за колку што е евиденцијата. Усогласувањето на пензиите било 0,7 отсто на 1 јануари 2019 и 0,4 отсто на 1 јули истата година, што значи вкупно биле усогласени за 1,1 проценти, објавува Фактор. - Со извршените усогласувања, на пензиите, просечната пензија во декември 2019 изнесуваше 14.602 денари и истата во однос на 2018 година во износ од 14.445 денари е повисока за 1,1 проценти. Зголемувањето е резултат на извршеното редовно усогласување на пензиите во 2019 година, како и на висината на пензиите на новите корисници на пензија, гласи во извештајот на ПИОСМ. Претходно најмало зголемување имало во 2010 кога тоа било 1,4 отсто. Најголемо е во 2008 кога било 21,66 проценти. Во 2018, односно една година пред изминатата, зголемувањето било 3,52 проценти, а во 2017 било само 1,59. Во 2007, првата година од евиденцијата, било 1,69 отсто. За 5 проценти и повеќе имало раст во 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016. Целиот текст прочитајте го во Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/penziite-vo-2019-vo-makedonija-so-najmal-rast-vo-istorijata/feed/ 0
Се одлага реализацијата на првиот термин од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlaga-realizacijata-na-prviot-termin-od-proektot-banjsko-klimatska-rekreacija-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlaga-realizacijata-na-prviot-termin-od-proektot-banjsko-klimatska-rekreacija-za-2020-godina/#respond Fri, 13 Mar 2020 12:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=316118

Реализацијата и спроведувањето на првата група корисници од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година, ќе се одложи согласно Заклучок од седница на Владата на Република  Македонија. Како што соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за корисниците на услугата што се рангирани во првиот термин, односно од 22.03.2020 година до 28.03.2020 година, нема да се реализира услугата во одредениот термин поради мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата. За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Исто така, се замолуваат странките да ја користат апликацијата за on line поднесување барање заради заштита на нивното здравје, се наведува во соопштението од Фондот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlaga-realizacijata-na-prviot-termin-od-proektot-banjsko-klimatska-rekreacija-za-2020-godina/feed/ 0
Придонеси не им биле плаќани на 14.000 граѓани- штетата засега е 18 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pridonesi-ne-im-bile-plakjani-na-14-000-gragjani-shtetata-zasega-e-18-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pridonesi-ne-im-bile-plakjani-na-14-000-gragjani-shtetata-zasega-e-18-milioni-evra/#respond Fri, 05 Jul 2019 10:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=215649

Скандалот со ПИОМ се надгради и прошири. Порасна бројот на граѓани кои биле извисени од Фондот и парите иако требало не им биле префрлани во вториот пензиски столб. Засега од проценетите 12.000 бројката се искачи на над 14.000 лица, пренесува ТВ 24. За нив да ги обештети, државата од Буџетот префрлила вкупно 18 милиони евра на приватните пензиски друштва. Скандалот го откри министерката за труд Царовска и поднесе кривични пријави против непознати сторители во Фондот за пензиско за злоупотреба на службена должност. Но пријавите беа отфрлени од Обвинителството. Процените на Министерството беа дека обесправени се 12.000 осигуреници, кои државата треба да ги обештети со 19 милиони евра. Од МАПАС велат дека бројките кои јавно ги кажа Царовска биле само проценка, а целиот процес треба да заврши на крајот на септември. Но, не очекуваат бројката на осигуреници драстично да порасне. „Трансфер од друштвата кон фондот на Пиом имаме префрлање на околу 16.600 членови. Односно во денари до сега се префрлени околу 2, 4 милијарди денари. А трансфер од ПИОМ кон друштвата имаме, тоа е распределба редовна, до сега си 30-ти имаме 14.000 осигуреници кои се членови на вториот пензиски столб. Тоа се околу 1,1 милијарда средства. Но овие износи не се конечни.“ - вели Дарко Саздов, член на Совет на експерти на МАПАС, пренесува Телевизија 24. До сега пак од вториот столб се префрлени 16.600 граѓани кои ги опфати пензиската реформа, со која сите осигуреници родени пред 1967 година треба да бидат членови само на ПИОМ. За нив приватните пензиски друштва префрлиле 39 милиони евра во државниот фонд. Проценките на Владата беа дека со овој процес ќе бидат опфатени околу 28.000 осигуренци. Од МАПАС велат дека конечната бројка и сума ќе се знае до крајот на септември. Инаку лани друштвата од вториот пензиски столб имале околу 490.000 членови и вкупно 1 милијарда евра. Додека пак во третиот доброволен столб имало над 24.000 членови и 25 милиони евра. Лани 314 лица добиле пензија од вториот столб и 218 од третиот доброволен пензиски столб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pridonesi-ne-im-bile-plakjani-na-14-000-gragjani-shtetata-zasega-e-18-milioni-evra/feed/ 0
Фонд на ПИОМ: Одлуката на јавното обвинителство потврда дека не е оштетен ниту еден корисник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-na-piom-odlukata-na-javnoto-obvinitelstvo-potvrda-deka-ne-e-oshteten-nitu-eden-korisnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-na-piom-odlukata-na-javnoto-obvinitelstvo-potvrda-deka-ne-e-oshteten-nitu-eden-korisnik/#respond Mon, 03 Jun 2019 14:24:54 +0000 https://kurir.mk/?p=204875

Одлуката на Основното јавно обвинителство Скопје од 31-ви мај 2019 година, согласно која нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб, е потврда дека во Фондот на ПИОМ не е оштетен ниту еден осигуреник, ниту пак се загрозени неговите права, се вели во соопштението од Фондот објавено на неговата веб-страница. Уплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, велат од Фондот, се сигурни и се користат строго наменски за исплата на пензии, а сите користења или пренамени се со одбрување од Министерството за финансии. -Фондот е институција со долгогодишно искуство и реноме и проблемите кои настанаа по претходниот период се поединечни случаи кои се произлезени од претходните 12 години, како резултат на системски грешки во прибирањето и обработката на податоците од другите надлежни институции. Со последните измени и дополнувања на законите од областа на пензиското и инвалидското осигурување се создадоа законски услови за заштита на осигурениците на кои навремено нема да им биде распределен придонесот. Исто така, се врши подобрување на деловните процеси и зајакнување на сите контролни критериуми во водењето на евиденциите и распределбата на членството, се вели во соопштението од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со стапување во сила на споменатите измени и дополнувања на законот почнувајки од 1 јануари 2019 година, потенцираат од Фондот, во неколку наврати се изврши распределба на ненавремено распределните членови, средства од придонесите и надоместокот за ненавремена распределба. Во Фондот во тек е и унапредување на огранизационата поставеност со формирање на посебен оддел, кој ќе се грижи исклучиво за членството во вториот столб. -На овој начин се очекува надминување на проблемите кои досега се јавуваа во воспоставувањето и водењето на евиденцијата и распределбата на придонесите во вториот пензиски столб, велат од Фондот. Од оваа институцијат потенцираат дека се отворени за соработка со другите институции и подготвени за унапредување на сите процеси се цел навремено обезбедување на правата на сите осигуреници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fond-na-piom-odlukata-na-javnoto-obvinitelstvo-potvrda-deka-ne-e-oshteten-nitu-eden-korisnik/feed/ 0