пирански залив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Jul 2018 08:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пирански залив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов спор меѓу Хрватска и Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija/#respond Tue, 03 Jul 2018 08:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=72358

Во услови кога несогласувањата меѓу Хрватска и Словенија околу Пиранскиот Залив се уште не се надминати, на повидок е нов спор меѓу двете земји - овој пат поради фарма за школки. Спорот почна откако словенечкиот Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање иницирал истрага за постоењето на една хрватска фарма за школки во Заливот, која пред еден месец се проширила и на словенечката страна од поморската граница, утврдена со меѓународната арбитража, која Хрватска не ја признава. Инспекторатот денеска соопшти дека негови инспектори утврдиле оти бројот на локациите на кои се наоѓаат школките кон крајот на минатиот месец бил зголемен на 90.

Словенечката државна телевизија во саботата јави дека фармата за школки се зголемила десеткратно од април годинава, кога беа одбележани првите осум локации на кои се наоѓаат школките. Според телевизијата, нема никаков сомнеж дека фармата за школки се проиширила и во словенечките води. Телевизијата наведува дека секогаш кога работниците на фармата доаѓаат на локациите со школки, ги придружува брод на хрватската полиција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-spor-megju-hrvatska-i-slovenija/feed/ 0
„Бурни води“ во Пиранскиот залив: Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/#respond Thu, 01 Feb 2018 14:41:22 +0000 http://kurir.mk/?p=17128

Словенечки рибари ги добија првите казни од Хрватска пoради навлегување во Пиранскиот залив, во води кои Хрватска ги смета за своја територија, јавија словенечки и хрватски медиуми. Рибарот Силвано Радин изјави за словенечки медиуми дека денеска му стигнале шест казни, секоја од по речиси 2.000 евра. Во една од казните тој е обвинет дека ловел риби за комерцијални цели во „хрватски територијални води“. Освен Радин, уште неколку словенечки рибари добија налози да платат казни. Хрватската полиција соопшти дека 11 казни се испратени до словенечки рибари. Словенечката полиција првите казни ги испрати до хрватски рибари на 26 јануари поради илегални преминувањa на морската граница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/burni-vodi-vo-piranskiot-zaliv-slovenechki-ribari-gi-dobija-prvite-kazni-od-hrvatska/feed/ 0