писателка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Feb 2020 12:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png писателка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина писателката Мери Хигинс Кларк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-pisatelkata-meri-higins-klark/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-pisatelkata-meri-higins-klark/#respond Sat, 01 Feb 2020 12:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=297892

Писателката и авторка на бројни криминалистички бестселери Мери Хигинс Кларк почина во САД на 92-годишна возраст, потврди денеска нејзиниот издавач. Хигинс Кларк, која обожавателите ја нарекуваа „кралица на неизвесноста“, во текот на својата кариера продаде повеќе од 100 милиони книги. Позната е по бестселерите „Странецот набљудува“ (A Stranger Is Watching) и „Лулката ќе падне“ (The Cradle Will Fall), кои се и екранизирани. Беше мажена за Ворен Кларк, со кого имаат пет деца. Почнала да се занимава со пишување кратки приказни и сценарија по смртта на нејзиниот сопруг во 1962 година, но по совет на агентот почнала да пишува и книги. Нејзините книги се преведени на 35 јазици, а првата книга „Каде се децата“ (Where Are The Children?) е реиздадена дури 75 пати. Инспирација за своите дела наоѓала во новинските написи и судењата за убиства. Пред 20 години нејзината издавачка куќа ја наградила со 64 милиони долари за договор за пет книги, со што била најплатениот женски автор во тоа време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-pisatelkata-meri-higins-klark/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина македонска писателка и новинарка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-makedonska-pisatelka-i-novinarka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-makedonska-pisatelka-i-novinarka/#respond Sat, 23 Nov 2019 10:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=268011

Вo Белград синоќа почина истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски. Душица Илин-Шеќеровски е родена во Тетово на 12 март 1944 година. Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград, а книжевните и новинарските студии ги усовршува во Белград, каде што живее и работи како дописник на повеќе македонски електронски и пишани медиуми. Член е на ДПМ од 1972 година. Таа е автор е на повеќе поетските книги, меѓу кои „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Ветер во кафез“ (1981), „Толкување на стравот“ (1989), „Бела линија“ (2006), „Вишок земја“ (2019), како и на „Златен венец – Антологија на струшките вечери на поезијата“ во три изданија. Песните на Душица Илин се објавени во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Таа е дoбитник и на наградата Златен прстен за книжевен опус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-makedonska-pisatelka-i-novinarka/feed/ 0
Почина писателката Олга Арбулјевска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelkata-olga-arbuljevska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelkata-olga-arbuljevska/#respond Fri, 06 Jul 2018 10:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=73796

По кратко боледување, ноќеска на 68-годишна возраст почина македонската писателка Олга Арбулјевска. Арбулјевска беше новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка, и сликарка. Родена во Ниш, во 1949, детството го минала во Берово и Скопје. Уште од училишна возраст пишувала поезија и драмски едночинки, изведувани на сцена. Автор е на четири поетски збирки: Канурки (1972), Икителија (1981), Светкамен (1991) и Животница (2006), како и на книгата есеи Ветрот на промените (1992). Во Историјата на македонската книжевност (1990) од М. Друговац, нејзината поезија е опишана како „игра, со мера и такт, меѓу архаичниот идиом и модерниот вербален знак“. Имаше дипломирано филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работеше како новинар во весниците Борба и Нова Македонија, и беше уредник за култура во националната телевизија Телма. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1973 година и на Македонскиот ПЕН центар од 1974 година. Арбулјевска имаше преведено и неколку книги на македонски јазик, меѓу кои е Градина, пепелод Данило Киш. Погребот ќе биде извршен во недела, 8. јули, во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-pisatelkata-olga-arbuljevska/feed/ 0
Почина една од најзначајните американски писателки https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-edna-od-najznachajnite-amerikanski-pisatelki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-edna-od-najznachajnite-amerikanski-pisatelki/#respond Wed, 24 Jan 2018 13:56:15 +0000 http://kurir.mk/?p=14634

Американската писателка Урсула ле Гвин, една од најзначајните современи писатели на научна фантазија, почина во 89 година, соопшти денеска нејзиното семејство. Гвин има објавено неколку збирки куси раскази и поезија, како и книги за деца, но книгите со научна фантастика и донесоа светска слава и продажба на нејзините книги во милионски тиражи. Најпозната книга на Гвин е „Лева рака на темнината“ е класика во жанрот научна фантазија. Таа има напишано околу 20 романи во кои ја истражува човековата природа кон разни ситуации и различнио светови. Гвин, која почина во понеделникот, има освоено четири награди Небула, едно од најзначајните признанија за делата на научна фантазија и една Светска награда за фантазија (World Fantasy Award).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-edna-od-najznachajnite-amerikanski-pisatelki/feed/ 0