писма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Feb 2022 08:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png писма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп на одење од Белата куќа ги понел писмата од Ким Џонг-ун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-odenje-od-belata-kukja-gi-ponel-pismata-od-kim-dzong-un/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-odenje-od-belata-kukja-gi-ponel-pismata-od-kim-dzong-un/#respond Tue, 08 Feb 2022 08:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=628400

Заминувајќи од Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги земал и писмата од неговиот претходник Барак Обама и од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, па Националниот архив морал да испрати луѓе по нив на Флорида. На крајот од мандатот американските претседатели мора сета своја електронска пошта, писма и други работни документи да му ги предадат на Националниот архив кој е задолжен за нивното чување. Но заминувајќи до Белата куќа, Трамп решил неколку картонски кутии да понесе во својата резиденција во Мар-а-Лаго на Флорида, соопшти во понеделникот Националниот архив. Во кутиите, како што пишува The Washington Post, биле подароци од странски челници, писмото коешто според традицијата го остава неговиoт претходник Барак Обама и повеќе писма од Ким Џонг-ун. Доналд Трамп, првиот американски претседател кој во текот на својот мандат се сретнал со севернокорејски лидер кои досега доаѓаа од семејството Ким, ја одржуваше за јавноста добро познатата преписка со Ким Џонг-ун. „Ми пишуваше убави писма, тоа се одлични писма. Се вљубивме еден во друг“, изјави Трамп на еден собир во септември 2018 година, потсетува The Washington Post. Но кон средината на оваа година американскиот Национален архив „организираше враќање на 15 кутии со претседателски документи“ од резиденцијата на Трамп на Флорида во Вашингтон“, наведува Архивот во писмената изјава за агенција AFP. „Тие документи Белата куќа требаше да му ги предаде на Архивот на крајот од администрацијата на Трамп, во јануари 2021 година“, уверуваат од Архивот и додаваат дека некои документи сѐ уште не се предадени. Минатата седмица, како што тврдат во Националниот архив, дознале дека наводно Трамп имал обичај да искине некои свои работни документи, што е спротивно на законот од 1978 година. Некои листови хартија предаден на Архивот „архвистите на Белата куќе ги залепиле со леплива лента“, тврдат. Другите се предадени во „состојба во каква што биле“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-na-odenje-od-belata-kukja-gi-ponel-pismata-od-kim-dzong-un/feed/ 0
Рекорден број испратени писма до Дедо Мраз, одговорени сите над 30.000 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rekorden-broj-isprateni-pisma-do-dedo-mraz-odgovoreni-site-nad-30-000/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rekorden-broj-isprateni-pisma-do-dedo-mraz-odgovoreni-site-nad-30-000/#respond Tue, 28 Dec 2021 09:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=613934

Поштенското сандаче во германското село Свети Никола, каде децата ширум светот повеќе од 50 години испраќаат писма до Дедо Мраз, односно Божиќниот дедо постави нов рекорд и одговори на преку 30.000 писма. Овој Божиќ поштенското сандаче примило 30.711 писма, што е најмногу досега. На писмата одговарале 44 волонтери, а биле испратени од деца од 43 држави во светот. Со ова е пробиен минатогодишниот рекорд на одговорени писма, кога биле испратени 866 писма помалку од оваа година. Најголем дел од писмата биле испратени од Германија, околу 90 проценти, додека меѓународни писма стигнале од Тајван (1083), Франција (374), Кина (352). Волонтерите одговарале на примените писма, а секое го означувале со посебната поштенска маркичка на Дедо Мраз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rekorden-broj-isprateni-pisma-do-dedo-mraz-odgovoreni-site-nad-30-000/feed/ 0
Објавени писмата на Филипче: Строго се фаворизирала фантом фирмата „Старби“ во Хонг Конг која нема фармацевско порфолио https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/#respond Thu, 11 Mar 2021 07:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=480503

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска ги објави писмата на министерот за здравство Венко Филипче. Писмата на Филишче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата „Starbi International“ во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021. Не е познато оваа компанија колку вработени има, доколку ги има воопшто. Според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата Stabri е регистрирана во 2017 година, само 5 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев. -Следствено на објавената анализа вчера од „Ла Верита“, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници. „Ла Верита“ ги поседува писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг, стои во текстот објавен во италијанскиот весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-pismata-na-filipche-strogo-se-favorizirala-fantom-firmata-starbi-vo-hong-kong-koja-nema-farmacevsko-porfolio/feed/ 0
СЦЕНА КАКО ОД ФИЛМОВИТЕ- купил автомобил, па во касетата пронашол нешто неочекувано: „Плачев додека ги читав писмата“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/scena-kako-od-filmovite-kupil-avtomobil-pa-vo-kasetata-pronashol-neshto-neochekuvano-plachev-dodeka-gi-chitav-pismata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/scena-kako-od-filmovite-kupil-avtomobil-pa-vo-kasetata-pronashol-neshto-neochekuvano-plachev-dodeka-gi-chitav-pismata/#respond Sat, 27 Feb 2021 13:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=474795

Кога купил нов автомобил, модел на Порше произведен уште во 1961 година, Роби Глик (42) од Роткреуз близу Цуг во Швајцарија не ни помислил дека ќе најде нешто вредно од нечие минато во автомобилот, односно љубовни писма од двојка. Имено, додека го прегледувал автомобилот, Роби наишол на стари љубовни писма на жена по име Силвија во касетата, која и ги напишала на нејзината несреќна љубов, извесниот Роберт, но за жал никогаш не му ги испратила, пренесува Феникс Портал. - Плачев читајќи ги писмата. Тоа беше сигурно најтрагичната љубовна приказна што можете да ја замислите, рече Глик за швајцарскиот портал Блик. Роби, внимателно читајќи ги писмата, сфатил дека Роберт е оженет, но тој и Силвија и покрај тоа биле во врска. - Таа била несреќна бидејќи нивната љубов била тајна и не можела да создаде дом и семејство со него. Силвија и напиша писма на својата љубов. Речениците во писмата беа толку трогателни. Дознав дека во летото 1971 година, тие биле таен љубовен пар. Во писмото се споменува и Ханибал, синот на Силвија. Љубовната врска на Роберт и Силвија траела некое време и сигурно започнала пред да се роди Ханибал. Според напишаното во писмата, детето е очигледно на Роберт, заклучува детективот Роби Глик. Потоа додава дека Силвија во писмо до Роберт напишало за тоа како неговата мајка ја натерала да верува дека е подобро да го напушти неговиот живот. - Писмото заврши вака: "Без тебе животот е студен. Јас копнеам. Не можеш да го разбереш тоа! Треба да се чувствуваш како да мислам на тебе. Ми требаш како воздух". Потоа го најдов нејзиното писмо од 31 август 1972 година, каде што напиша: "Те видов. Но, избегав. Како би сакала да те видам и повторно сè да биде добро. Тажно “- заклучи Глик во интервју за Блик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/scena-kako-od-filmovite-kupil-avtomobil-pa-vo-kasetata-pronashol-neshto-neochekuvano-plachev-dodeka-gi-chitav-pismata/feed/ 0
Писмата што Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/#respond Thu, 30 Jan 2020 13:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=297007

Тоа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, денеска изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки кои претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон. -Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број на присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството кое го предлага, рече Милошоски. За утре е закажана средба во поширок состав, најверојатно во Собранието. На оваа средба, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, преку стенограмските белешки ќе се согледуваат дадените забелешки на јавната расправа. оа што најмногу ги интересира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е зошто главниот државен обвинител кој што збори за идниот закон за обвинителство не го почитува сегашниот закон за обвинителство. -Членот 60 од сегашниот закон за обвинителство и предлогот на Дескоска во иднина секогаш бил и ќе биде кога имате притворен јавен обвинител императивна норма е тој притворен обвинител да се одалечи од работното место. Штом се одалечува од работното место дали станува збор за Катица Јанева или друг јавен обвинител, тој обвинител не може да делегира наредби, задачи или одлуки поврзани со надлежноста на неговото работно место. Затоа цениме дека писмата коишто Катица Јанева од притвор му ги пратила на Јовески не се љубовни писма за тој да ги крие, ниту пак да ги донесе приватно да ни ги покаже туку се писма коишто јавноста треба да ги види за да се оцени зошто постапил незаконски и зошто не ја одалечил од работното место во моментот кога надлежни органи донеле одлука за притвор, рече Милошоски. Според него, она што се забележува од владините претставници е дека нивна главна цел е какви и козметички измени да се прифатат во текстот на законот, е што е можно подолго да се задржат на своите позиции Јовески и Вилма Рускоска по промената на власта. -Јовески и Рускоска според закон се јавни обвинители, а според дејствувањето се адвокати на материјалните и политичките интереси на Заев, неговата фамилија, неговите најблиски политички соработници. Ние цениме дека таквата поставеност на власта не е во корист на самостојоста на обвинителството и на ефикасната импелемнтација на законот, рече Милошоски. Пратеникот вели дека власта самата го става во позиција законскиот текст да не успее и тоа заради тоа што го ставаат во „5 до 12″, затоа што не го повлекле официјалниот текст на законот кој од лани е на собраниска седница и затоа што ги викаат стручните луѓе од обвинителството да дадат забелешки без тие да имаат време да би  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismata-shto-janeva-od-pritvor-mu-gi-pratila-na-joveski-ne-se-ljubovni-pisma-za-toj-da-gi-krie/feed/ 0
Анализа: „Слугата“ Јовески и неговото право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-slugata-joveski-i-negovoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-slugata-joveski-i-negovoto-pravo/#respond Thu, 30 Jan 2020 11:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=296853

Јавноста е во дилема дали првиот човек на јавното обвинителство, Љубомир Јовески, во стил на една партија, ја замајува јавноста со извртување на фактите и глуми жртва во случај кога правото, за кое барем декларативно се залага, е флагрантно прекршено? Ова е првичната констатација на познавачите на состојбите, кои вака го толкуваат неговиот најнов потег, чин во кој Јовески наводно ги донел трите писма на Катица Јанева во Собрание на дебатата за предлог-законот за ЈО (никој „независен“ не ги видел), но замислете – не му било дозволено да ги прикаже токму од опозицијата? Обвинителот, кој според логиката на бараното од СДСМ пред да стане власт, требаше да биде токму од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, сега тврди дека опозицијата, наводно, одбила да му даде збор за да ги покажел писмата на Јанева? Токму според онаа „старата“: Знаете кој е виновен за се',  а ако не ви текнува - прашајте ги „медиумите“. Веста, како таква, срцепарателна и правична, веднаш ја лиферуваа и прикажаа десетици провладини медиуми, а дел од најизвиканите експоненти на „професионализмот“ во државата му земаа и интервју на темата. Да не го заборавиме и Џабир Дерала, историчар на филозофија, чие присуство и потребата од неговото излагање на дебатата за ЈО и ден-денеска никому не му е јасно, а кој еден ден потоа останатите соговорници, еминентни универзитетски професори по право во колумна ги нарече „КУРТОНИ.“ На страна што тој требаше да биде почестен што „ничим изазваним“ и на повик на Дескоска се најде во такво правно-елитно друштво. И по Дерала, молк. Советот за етика, кој полека но сигурно го заслужува погрдното „Совет за протетика на вокабуларни инвалиди“, молчи и по цела отворена серија на говор на омраза пуштен на „најјако“, мува не ги лази, па не го ни перципира „дерењето“ на Дерала, а  и натаму, како по навика, се фаќа само за текстовите на опозицијата. Замислете, како во случајот на Јовески таа „лоша“ опозиција, која е „режим“ и кога не е на власт, му одбила на сиромавиот, малтретиран обвинител да ги прикаже писмата на Катица? Мирудијата од познатиот рецепт, според се’ досега срочено во прикаската за писмата, има позната адреса. Да нема забуни, зборуваме за авторот, истата таа обвинета во и за „Рекет“ и тогаш во затвор Јанева која пред два дена својата колешка Лиле Стефанова ја ослови со „Гомнарке, ороспијо една!“, па се правдаше со револтираноста оти и го возела мачето на истата таа колешка. Но на Јовески, очигледно, не му е битен изворот на „наредбата“ за незаконско преземање на случаите против опозицијата, па за Дојче Веле изјави: „Сакав да презентирам три писма. Едното, напишано на трети септември 2019 година, Катица Јанева го упатила поименично до сите обвинители во СЈО, со кое таа ги овластува да ги предадат на Републичкиот јавен обвинител за натамошно постапување сите предмети за кои се водат суски процеси и оние за кои се води истрага или предистрага. Тоа писмо го имам како фотокопија, бидејќи оригиналот е во СЈО.“ Во второто писмо од Јанева напишано на трети септември 2019 година, кое било упатено до Републичкото Јавното обвинителство, таа известила дека обвинителите во СЈО се овластени да ги предадат сите предмети од тоа обвинителство на натамошно постапување во ЈО. „Со третото писмо, кое Јанева го напишала на 6-ти септември 2019 година, се вели дека согласно со законот ме овластува да ги преземам сите предистраги, истраги и обвиненија за натамошно постапување“ вели Јовески. Каде е проблемот во горното излагање на Јовески, кој толку прецизно ги посочи датумите и писмата на Катица Јанева? На страна што „недавањето“ да ги изложи е лична, непоткрепена со факти констатација на човек, во овој случај обвинител, кој побарал јавно да го стори тоа надвор од протоколот на јавната расправа, прашањето е зошто едноставо, доколку го одбиле, не ги повикал медиумите (не морал и опозициските, можел и само мнозинството провладини) и да им ги претстави и покаже фамозните писма? Логично, нели. Првиот проблем во оваа опција е што така Јовески не можел да направи драма околу „режимската“ опозиција која не му дала да ги презентира на јавноста „насушно“ важните писма на Јанева. На страна што законот е прекршен со нивното прифаќање. Вториот проблем е уште побитен. Неговата срж е во фактот што Јовески спинувајќи со писмата ја заборава основата на проблемот со епистоларрната комуникација на притвореничката, која на рака и преку рака шверцани писанија му предаде надлежност за преземање на случаите, сите до еден „случајно“ насочени кон екс раководството на опозицијата. Отргнувајќи го вниманието на јавноста од овој есенцијален проблем, дали сега Јовески ја извртува прикаската и станува, т.е. глуми класична жртва на опозицискиот „режим“. На беззаконието со писмата на Катица и улогата на Јовески, во низа реагираа повеќе правни експерти, некои од нив и довчерашни поддржувачи на шарената квазиреволуција. Писмото, или сега по ново писмата, се голем правен проблем и за проф. д-р Гордан Калајџиев. „Како сакате вие да имате доверба во систем во кој што корупмпиран обвинител во согласност со власта ја решава судбината на огромен број случаи и на целата прикаска со бомбите. Тоа не може да издржи. Тоа кај јавноста не може да издржи. Луѓето си викаат како бе оваа од притвор му ги дала предметите. Она ли е, не ли е, смее ли, не смее. Кај луѓето однапред таа е жигосана со самиот факт дека е осомничена во еден таков предмет, дека е сериозно инволвирана“ – изјави проф. д-р Кајалџиев. Меѓу првите од десетиците професори и правни експерти, на Твитер уште веднаш по веста за писмата на Катица Јанева до Јовески реагираше и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска. „Јовески, не е проблем дали си дал на увид писмо некому или не! ЈОВЕСКИ, Катица НЕМАЛА ПРАВО од притвор да потпишува било што поврзано со нејзината работа. Таа според ЗКП е оддалечена од работното место. ДА ОБЈАСНУВАМ ШТО ЗНАЧИ ОДДАЛЕЧЕНА?“ –напиша меѓу првите Каракамишева-Јовановска. Сега, очигледно затечени од дебатата што деновиве се одвива во Собранието, која сега за сега со спортски речник е 5:0 во корист на правниците и излагачите кои бараат итна и опсежна преработка, промена и дообработка на контроверзниот предлог-закон за ЈО на Владата на СДСМ, власта, велат познавачите за Курир, повторно ги користи познатите судско-обвинителско-медиумски спреги и алатки за да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, создавајќи и ширејќи, во вој случај, правна магла преку своите „професионални и објективни“ медиумски филијали. Фактите се едноставни и лесно достапни на јавноста –предлог-законот за ЈО е создаден и склопен за заштита на криминалите на функционерите на СДСМ (првенствено Заевите), а нелегалната епистоларна комуникација на релација Јанева-Јовески била и е со цел продолжение на пропагандата за наводните криминали на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, потенцираат експертите, и во двата случаи се работи за еден единствен таргет – како што подобро да им се повлада и „учини“ на партиските нарачатели и наредбодаватели од екс Бихаќка. Поголема потреба, здравје, велат, во овие случаи се работи за нечија слобода. Волшебниот или правниот триаголник во кој се наоѓа Македонија го врзуваат со триото Јовески – Рускоска – Кацарска. Потенцираат дека во конкретниот случај со писмата на Јанева, не може да постои правото на Јовески и Дескоска контра право на мнозинството еминентни универзитетски професори и правници во државата. „Вагата“ и тежината на кажаното е следна: проф. д-р  Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Александар Климовски, проф. д-р Никола Тупанчевски, проф. д-р Александар Даштевски, проф. д-р Гордан Клајџиев, екс јавниот обвинител Сотир Костов V.S. или контра екс министерот на СДСМ во чиј мандат се случи атентатот на Киро Глигоров - проф. д-р Љубомир Фрчкоски (чија сопруга ја брани Јанева во „Рекет“), филозофот Џабир Дерала, обвинителот Љубомир Јовески, Федералниот министер за правда на СФРЈ - проф. д-р Владо Камбовски и министерката во актуелната влада на СДСМ и самономинирана претставничка на Венецинјанската комисија - проф. д-р Рената Дескоска? Ова е соодносот на силите. Оценете самите... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-slugata-joveski-i-negovoto-pravo/feed/ 0
За предметите на СЈО кои незаконски беа префлени во ЈО, Дескоска вели дека не е сигурна дали Јанева сама ги пишувала писмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/#respond Fri, 22 Nov 2019 19:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=267875

Во вечерашната емисија „Само Вистина„ министерката за правда, Рената Дескоска фрли сомнеж за тоа дали Катица Јанева самата ги пишувала писмата со кои се префли надлежноста на предметите на СЈО на Јавното обвинителство. Имено Јанева на 04.09.2019 испрати писмо со кое нареди сите докази и бомби да му бидат предадени на јавното обвинителство односно кај Љубомир Јовевски, што тогаш ЈО го прифати писмото како официјална наредба и постапи по истото. Јавноста тогаш шпекулираше дека писмата можеби и не се напишани од Јанева при што тогаш нејзината адвокатка Ирена Фрчковска кажа дека Јанева е во тешка физичка и психичка состојба. - Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокати, а колку што знам постапката на префрлањето на писма одело преку судија којшто е надлежен значи вие не можете како адвокат да прошверцувате писма од обвинет човек, него тоа писмо мора оди преку надлежен суд така што моите информации се дека таа постапка си е изведена, а кој како си ја организирал, јас не сум видела дали таа си ги пишувала тие писма или не, кажа Дескоска во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-predmetite-na-sjo-koi-nezakonski-bea-prefleni-vo-jo-deskoska-veli-deka-ne-e-sigurna-dali-janeva-sama-gi-pishuvala-pismata/feed/ 0
Писма во кои најверојатно имало отров испратени во Пентагон, едно адресирано до министерот за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/#respond Wed, 03 Oct 2018 05:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=109878

Пентагон соопшти дека примиле писма за кои се сомневаат дека содржат отров рицин, вклучително и писмо испратено до американскиот министер за одбрана Џим Матис. Според неименуван извор од Пентагон, се работи за два коверта од кои едниот бил испратен до Матис, а другиот до главниот командант на поморските операции адмирал Џон Ричардсон. Во соопштение од Министерството за одбрана се нагласува дека објектот за сортирање пошта што се наоѓа во главната зграда е под карантин. ФБИ анализира коверти што во понеделникот ги открила полицијата во Пентагон. Според извори на Глас на Америка, првичните тестови на рицин биле позитивни. Сикрет сервис соопшти дека проверува сомнителен коверт адресиран до претседателот Доналд Трамп, но не стигнал до Белата куќа. Не се дадени детали и не е јасно дали двата инцидента се поврзани. Рицин предизвикува смрт од 36 до 72 часа од внесувањето мала количина и за него не постои противотров. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pisma-vo-koi-najverojatno-imalo-otrov-isprateni-vo-pentagon-edno-adresirano-do-ministerot-za-odbrana/feed/ 0