писмо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Jul 2023 20:24:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png писмо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Писмо на Кристофер Колумбо за кое со децении не се знаеше каде е, и е вратено на Италија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-kristofer-kolumbo-za-koe-so-detsenii-ne-se-znaeshe-kade-e-i-e-vrateno-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-kristofer-kolumbo-za-koe-so-detsenii-ne-se-znaeshe-kade-e-i-e-vrateno-na-italija/#respond Mon, 31 Jul 2023 20:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=862112

Соединетите Американски Држави го вратија писмото на морепловецот Кристофер Колумбо во Италија, соопшти американската служба за имиграција и царина (ICE). Писмото е напишано на латински и е едно од 30-те преживеани писма на овој морепловец, со кои тој ги најавил своите експедиции на американскиот континент кај шпанскиот крал Фердинанд и кралицата Изабела во 1493 година. Овие монарси го финансираа неговото патување. Се верува дека писмото е украдено од венецијанската национална библиотека Марчиана во 1980-тите. Пронајдено е во САД кај приватен колекционер. Презентирајќи го откривањето на писмото во 2020 година, ICE и канцеларијата на американското обвинителство во државата Делавер истакнаа дека нема сомнеж дека еден колекционер го купил писмото од дилер на ретки книги во 2003 година. Тие не соопштуваат детали како писмото било украдено и како дошло кај трговецот. Копиите на писмата се исклучително ретки и високо ценети од колекционерите и историчарите. Писмото што беше вратено во Италија е познато како Plannck I. Името е по истакнатиот печатар Стефан Планк кој објавил две изданија на писмото пред 500 години. Кога писмото било пронајдено во 2020 година, канцеларијата на американското правобранителство соопшти дека неговата вредност се проценува на 1,3 милиони долари. -Ова е четврто оригинално издание на ова писмо кое е украдено во изминатите неколку децении и не би можеле да бидеме посреќни што ќе го вратиме, рече заменик-директорот на ICE, Патрик Џ. Лехлајтнер. Меѓу другите украдени копии се оние што американските власти ги вратија во Ватикан и во Каталонската библиотека. Пред седум години, Американците вратија копија од писмото на осум страници кое беше земено од библиотеката во Фиренца и беше донирана на Библиотеката на Конгресот на САД. Враќањето на писмото е дел од пошироките напори на САД за враќање на украдените предмети. ICE објави дека од 2007 година, тие вратиле повеќе од 20.000 случаи во 40 земји и институции. Меѓу нив има уметност украдена од нацистите, египетски саркофази, француски слики, италијански скулптури, фосили од монголски и кинески диносауруси, па дури и човечки останки, пренесува CNN.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-kristofer-kolumbo-za-koe-so-detsenii-ne-se-znaeshe-kade-e-i-e-vrateno-na-italija/feed/ 0
Боки жали за одземената гардероба: Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите, замолува и уметничките слики да се донираат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-zhali-za-odzemenata-garderoba-chii-li-nechisti-noze-mi-gi-nosat-chevlite-zamoluva-i-umetnichkite-sliki-da-se-doniraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-zhali-za-odzemenata-garderoba-chii-li-nechisti-noze-mi-gi-nosat-chevlite-zamoluva-i-umetnichkite-sliki-da-se-doniraat/#respond Fri, 03 Mar 2023 12:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807590

Бојан Јовановски познат како Боки 13 повторно се огласи во јавнсота со негова реакција за одземениот имот. Во неговото соопштение посочува дека се огласува по повод соопштение од Агенцијата за одземен имот, поврзано за одземената гардероба и друга брендирана стока во предметот Рекет. Дополнува дека токму поради таа гардероба и друга брендирана стока е осуден на 9 годишна затворска казна.– Од страна на Агенцијата за одземен имот соопштиле дека за одземената гардеробара и за таков вид на брендирана стока нема направено вештачење, нема утврдена вредност, ниту проценка од причини што немало вработено или ангажирано такво стручно лице, вештак и проценител во Бирото за судски вештачења, откако побарале информација од Министерството за правда – Биро за судски вештачења! Токму така, браво за агилноста што после скоро 4 години самите си потврдувате дека без вештачење, без утврдена вредност и проценка како задолжителни законски елементи од една законита кривично-правна постапка, јас сум осуден и денеска издржувам казна затвор, алал вера! – пишува во соопштението од Боки 13. Тој дополнува дека во текот на судењето за недокажаниот случај “Рекет” многу пати со бранителот Сашко Дукоски, истакнувале барање за вештачење на одземената гардероба, чевли, чанти, накит, очила, часовници, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење. – Истото тоа го наведовме и пред Апелациониот суд во жалбената постапка, за истото тоа пишувавме и пред Врховниот суд во барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, но се беше залудно, бидејќи наредбата да бидам осуден (без докази и без законито спроведена постапка) беше посилна од законот и правото!!! Онаа суспендиранана Вилма Русковска беше должна пред да ја достави како доказ во обвинителниот акт мојата одземена гардероба, чевли, чанти, накит, часовници, очила, уметнички слики, лустери, фотелји и гарнитури за седење да изготви вештачење со вешт наод и мислење од вешто лице, со точна проценка и утврдена вредност, за да можеше истото да биде доказ во судска постапка согласно ЗКП, а не така на ѓутуре како крвник да ми ја одземе цела гардероба која била стекната во изминатите 15-20 години, за која истата таа Вилма во обвинението наведе дека целата одземена гардероба и друга брендирана стока сум ја купил за само четири месеци, замислете супермен да бев па не ќе можев да ја купам за 4 месеци – пишува во соопштението. Тој дополнува дека „во моментите на супер слава и супер моќ на денес суспендираната Вилма и проаѓаше се како подмачкано, па така и магаре да донесеше во судница и да кажеше дека сум купил магаре од 1,5 милиони евра (никогаш недокажаните и наводни пари од Орце Камчев), ќе беше круцијален доказ за онаа судијкана Васка роднина-братучетка на Иван Џолев и онаа другана судијка Софче да ме осудат така крвнички и политички нарачано!!!“ – Прашање кое мачи, чуму сега вештачење и проценка после четири години??? Дали доколку се изврши вештачење и проценка после 4 години, агенцијата со истото сака да ми помогне па вештачењето и проценката да ми бидат основ за повторување на постапката и одново процнување на Рекет, па ви благодарам многу другари, направете го што побрзо, иако однапред знам дека давате само голи соопштенија, а дека вештачење и проценка никогаш нема да направите, бидејќи не ви одговора, бидејќи веќе и немате што да вештачите, дотолку повеќе што главната поента зошто молците и глувците ќе останат гладни е токму тоа, што одземената гардероба и друга брендирана стока е дрско испокрадена и заменета со други парчиња слични на одземената брендирана стока!!! Само си се прашувам: чии ли нечисти раце ми ги носат чантите? Чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите? Чии ли проклети очи ги скриваат моите очила? И кој ли си го мери времето до зад решетки со моите часовници?!?! – пишува во обраќањето Тој исто така посочува дека „ако дојде денот бесправно одземеното да ми биде вратено, јас не го сакам и ќе го донирам, но за жал до тоа нема да дојде бидејќи лоповите си го донираа одземеното пред време“ – И сосема за крај, Вилма ти порачувам дека ќе одговараш за сите злодела кои ги имаш направено, меѓудругото и за овој криминал со одземената гардероба и брендирана стока, бидејќи ти си директно одговорна заедно со твоите помошнички судијки Васка Масевска- Наумовска и Софче Гаврилова-Ефремова и ти тврдам дека ќе дојдеш зад решетки, бидејќи суспендирањето за тебе е награда а не казна, за тебе вистинската казна ти следува со процесот “Бумеранг”!!! – вели Боки 13, и бара барем уметничките слики да се продадат во некој од уметничките музеи на Македонија, барем тоа добро направете го, ако веќе и тие не висат на нечии крвави ѕидови!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-zhali-za-odzemenata-garderoba-chii-li-nechisti-noze-mi-gi-nosat-chevlite-zamoluva-i-umetnichkite-sliki-da-se-doniraat/feed/ 0
ФОТО: Писмо на кралицата Елизабета Втора од 1966 година продадено за 8.300 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-od-1966-godina-prodadeno-za-8-300-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-od-1966-godina-prodadeno-za-8-300-evra/#respond Sun, 27 Nov 2022 14:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=767209

Личното писмо на починатата англиска кралица Елизабета Втора е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите. Единствено што се знае за купувачот е дека станува збор за жена која живее во странство. Писмото е продадено на аукција организирана од аукциската куќа Епи во Штутгарт. Писмото е упатено до германската јавачка Ета Плеш, родена како Марија Грефин фон Вурмбранд-Штупах, чии коњи двапати го освоија престижното дерби Епсом во Англија. Кралицата ѝ пишува на „драгата г-ѓа Плеш“ дека е „воодушевена од прекрасната слика на коњи“ во нејзиниот имот во селската област Сандрингам „што ја добив од вас и г-дин Плеш за Божиќ“. Елизабет, која тогаш имала 40 години, го завршува своето писмо за благодарност со напомена дека трпението е можеби најважната особина во одгледувањето коњи, со малку среќа. Аукцијата започна со цена од 2.600 евра. -Има ентузијасти кои бараат поштенски пратки со интересна историја или од истакнати испраќачи, а потоа има и обожаватели на британското кралско семејств“, изјави Фердинанд Бенедикт Еплеј од аукциската куќа за ДПА пред аукцијата. Кралицата Елизабета почина на 8 септември на 96-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-od-1966-godina-prodadeno-za-8-300-evra/feed/ 0
По 42 години, разгледница конечно пристигна на упатената адреса https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-42-godini-razglednica-konechno-pristigna-na-upatenata-adresa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-42-godini-razglednica-konechno-pristigna-na-upatenata-adresa/#respond Mon, 03 Oct 2022 11:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=740378

Холанѓанка, во средината на седмото десетлетие од својот живот, се израдува на веста дека конечно ќе ја добие посебната разгледница од нејзината сестра, иако со 42 години задоцнување. Инаку, разгледницата на Лудвина Верховен ѝ била пратена 1980 година, со „поздрав од Вероника, Јан и Матијс“ и слики од кампот „Ховен“ каде што тие летувале. Холандската пошта минатата недела го врати писмото во кампот со забелешка „неточна / нецелосна адреса“. – Мојата сестра Вероника ја испратила таа разгледница!, изјави Лудвина Верховен за ТВ „Омроеп Брабант“. – Јан, мојот девер, почина пред четири години. Мојот сопруг Пјет нѐ напушти во февруари. Затоа мислам дека е многу посебно да ја добиеме оваа разгледница. Лудвина рече дека нејзиниот син ги видел извештаите на медиумите за пронајдената разгледница. Таа ѝ се јавила на својата сестра, која ги прегледала нејзините стари фото албуми и открила дека тие истата 1980 година навистина биле во кампот „Ховен“. Лудвина вели оти не е сигурна зошто разгледницата не ѝ била доставена во тоа време. – Адресата на неа е точна, појасни таа. – Всушност, сè уште живеам таму. И како сега тоа одеднаш повторно се појави?!, се прашува збунетата жена. Холандската пошта не можеше да го објасни проблемот. Кампот што оттогаш си го сменил името, најави дека наскоро ќе ја испрати разгледницата на вистинската адреса – во плико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/po-42-godini-razglednica-konechno-pristigna-na-upatenata-adresa/feed/ 0
Тајно писмо на кралицата Елизабета Втора ќе се отвори за 63 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajno-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-kje-se-otvori-za-63-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajno-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-kje-se-otvori-za-63-godini/#respond Sat, 10 Sep 2022 20:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=731192

Покојната кралица Елизабета II ја посети Австралија во ноември 1986 година. Во оваа прилика таа напиша писмо до граѓаните на Сиднеј, а писмото тајно се чува во трезор во зградата на кралицата Викторија. Најдобро од сè е што писмото не смее да се отвори уште 63 години. Затоа, писмото се наоѓа во трезор речиси 36 години, а наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Тоа е адресирано до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот кој содржи упатства за отворање и читање на писмото. „Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината Господова 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да ја пренесете мојата порака до граѓаните на Сиднеј“, стои во пликот на писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tajno-pismo-na-kralicata-elizabeta-vtora-kje-se-otvori-za-63-godini/feed/ 0
Зеленски испрати писмо до Пендаровски: Благодарност кон македонскиот народ за поддршката на Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-isprati-pismo-do-pendarovski-blagodarnost-kon-makedonskiot-narod-za-poddrshkata-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-isprati-pismo-do-pendarovski-blagodarnost-kon-makedonskiot-narod-za-poddrshkata-na-ukraina/#respond Fri, 10 Jun 2022 14:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=689273

Претседателот на Украина Владимир Зеленски упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Стево Пендаровски во текот на месец мај 2022 година. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на писмото:
„Ваша Екселенцијо, Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија. Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина. Благодарни сме што Република Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор. Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето кандидатски статус на нашата земја за пристапување во Европската Унија. Таква искрена позиција на претседателот на Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во ЕУ, е од особено значење. Се надевам дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок. Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ.“

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-isprati-pismo-do-pendarovski-blagodarnost-kon-makedonskiot-narod-za-poddrshkata-na-ukraina/feed/ 0
Пендаровски упати писмо со поддршка до украинскиот претседател Зеленски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-upati-pismo-so-poddrshka-do-ukrainskiot-pretsedatel-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-upati-pismo-so-poddrshka-do-ukrainskiot-pretsedatel-zelenski/#respond Wed, 18 May 2022 11:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=678374

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Володимир Зеленски во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија. - Изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои веруваат мирољубивите држави и народи на кои припаѓаме. Во оваа смисла, Украинците со конкретни дела докажаа дека припаѓаат на европското семејство и се подготвени да ги направат првите чекори во насока на започнување на процесот на интеграција во Европската Унија. Јас како долгогодишен поддржувач на идејата за Обединета Европа, цврсто сум убеден дека денес, кога војната повторно се врати на европско тло, Унијата треба да донесе важни политички одлуки, со што процесот на проширувањето нема да запре на Западниот Балкан, туку ќе продолжи со сите мирољубиви европски држави кои ги споделуваат вредностите на демократијата, се вели во писмото од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски. Во продолжение е интегралниот текст на писмото:
„Ваша Екселенцијо, Срдечно поздравувајќи Ве, дозволете ми да Ви упатам изрази на особена почит кон Вашата држава и кон Вас лично, како и да Ви изразам сестрана поддршка во трагичната ситуација во која се наоѓа Украина и украинскиот народ по руската воена агресија. Изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои веруваат мирољубивите држави и народи на кои припаѓаме. Во оваа смисла, Украинците со конкретни дела докажаа дека припаѓаат на европското семејство и се подготвени да ги направат првите чекори во насока на започнување на процесот на интеграција во Европската Унија. Јас како долгогодишен поддржувач на идејата за Обединета Европа, цврсто сум убеден дека денес, кога војната повторно се врати на европско тло, Унијата треба да донесе важни политички одлуки, со што процесот на проширувањето нема да запре на Западниот Балкан, туку ќе продолжи со сите мирољубиви европски држави кои ги споделуваат вредностите на демократијата. Драг Володимир, Поаѓајќи од оваа моја констатација, би сакал да Ви упатам честитки за успешно пополнетиот прашалник за членство во Европската Унија и да подвлечам дека Република Северна Македонија како земја-кандидат го поддржува европскиот пат на пријателска Украина и добивањето кандидатски статус за време на Советот на Европската Унија во јуни оваа година. Верувам дека таквиот исход ќе биде праведен и логичен, и ќе претставува поддршка на напорите на Украина на евроинтегративниот пат, како и дополнителен стимул за спроведување на натамошни суштински внатрешни реформи за ваше практично приближување кон Унијата. Впрочем, европските аспирации нам не ни се потребни како политички трофеј, туку, како инструмент и процес за време на кој ќе се менуваме и реформираме за да ги достигнеме неопходните стандарди по кои се препознаваат европските демократии. Во овој контекст очекуваме потврда дека и нашите европски пријатели тоа го препознаваат и вреднуваат. Господине Претседател, во надеж за скоро целосно ослободување на вашата земја од окупаторот, дозволете ми, уште еднаш да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување и да Ви посакам добро здравје и успех во извршувањето на Вашата одговорна функција во овие тешки времиња.“

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-upati-pismo-so-poddrshka-do-ukrainskiot-pretsedatel-zelenski/feed/ 0
НЕДЕЛКОВ ПРАТИЛ ПИСМО, ПРОФЕСОРИ ГО ПРЕДУПРЕДУВААТ: Да не ти падне на памет да прифатиш помалку од 18,4 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-pratil-pismo-profesori-go-predupreduvaat-da-ne-ti-padne-na-pamet-da-prifatish-pomalku-od-18-4-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-pratil-pismo-profesori-go-predupreduvaat-da-ne-ti-padne-na-pamet-da-prifatish-pomalku-od-18-4-otsto/#respond Sat, 16 Apr 2022 18:17:37 +0000 https://kurir.mk/?p=664137

Претседателот на СОНК, господинот Јаким Неделков, испратил циркуларно писмо до подрачните единици на СОНК, а во врска со предлогот на Владата добиен на денешната средба со премиерот и со неколку министри и бара по истото членството да се произјасни, објави еден од професорите кој учествува во штрајкот. „Господине Неделков, ние, членовите на СОНК, одвај се согласивме да отстапиме од максималното барање – почитување на Колективниот договор, имајќи на ум дека зголемувањето на платите на наставниците за 18,4% е црвената линија од која нема отстапување. Сега испаѓа дека зголемувањето за 18,4% е максималното барање и преговорите ќе бидат дај- што даваш. Како никогаш досега членството е консолидирано и едногласно во барањата. Зад себе ја имате поддршката на сите вработени наставници во државава и воопшто нема потреба од консултации за некакви преговори под црвената линија. Се друго под 18,4% е добивање трошки и купување време. Во спротивно, Вие, како претседател на СОНК ја губите довербата од членството и се отвара простор за сомнеж“, го предупредува професорот претседателот на СОНК, Јаким Неделков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-pratil-pismo-profesori-go-predupreduvaat-da-ne-ti-padne-na-pamet-da-prifatish-pomalku-od-18-4-otsto/feed/ 0
ФОТО: Порака во шише патувала од Бахамите до Англија дури 21 година, еве што пишувало https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-poraka-vo-shishe-patuvala-od-bahamite-do-anglija-duri-21-godina-eve-shto-pishuvalo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-poraka-vo-shishe-patuvala-od-bahamite-do-anglija-duri-21-godina-eve-shto-pishuvalo/#respond Tue, 22 Mar 2022 09:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=651200

Британец, шетајќи се на една плажа, пронашол зелено шише со порака којашто патувала од Бахамите до Англија дури 21 година. Според тамошните медиуми, Криспин Бентон бил на прошетка на „Касл Бич“ во Фолмут, југозападна Англија, кога го пронашол шишето минатата недела, еден ден, по работното време. Студент кој случајно се нашол на плажата, го снимил Бентон и двајцата заедно го отвориле шишето. – Имаше плима… Го зедов шишето, а потоа си помислив: „О Боже, има порака“! Па, малку и се возбудив… Тоа беше писмо од девојче од Канада. Во прекрасно сочувана состојба – а шишето беше затворено. Навистина морав да потегнам за да ја тргнам тапата!, раскажува Бентон. „Ве молам, не загадувајте“, пишува во пораката. Станува збор за рачно напишано писмо од Ана, која во 2001. имала 6 години. Еколошки свесното девојче вели дека е од Канада и го поканува пронаоѓачот да контактира со неа. На адресата што ја напишала, денес има индустриски комплекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-poraka-vo-shishe-patuvala-od-bahamite-do-anglija-duri-21-godina-eve-shto-pishuvalo/feed/ 0
Писмо до Украинците кое го расплака СВЕТОТ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/#respond Sat, 05 Mar 2022 21:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=641755

„Би-Би-Си“ објави писмо од Аида Черкез, која ги сподели своите искуства со Украинците за опколеното Сараево со надеж дека тоа дополнително ќе ги мотивира да ги преживеат тешките времиња на кои се изложени. Аида Черкез работи за „Асошиетед прес“ во Сараево од 1992 година, прво како водителка, а потоа и како известувач. Ова е нејзиното писмо до Украинците. „Светот разбра за што се борите“ „Драги пријатели, хуманитарните организации овде во Сараево собираат помош за вас. Седам во мојот стан и се обидувам да се сетам што ќе ви треба најмногу. Не се моите топли чорапи, или јакна, или моите топли чизми она што најмногу ви треба сега, туку мојата 30-годишна маичка со испечатена парола која ми траеше 1.425 дена во кои босанските Срби го гранатираа и го опседнаа мојот град. Немаше вода, храна, струја, греење и комуникација со надворешниот свет. Ја облеков таа маица и ја читав пораката напишана на неа додека ни паѓаа повеќе од два милиони гранати на главите и додека избегнував безброј куршуми. На маичката пишуваше: „Сараево ќе биде, се’ друго ќе помине“. Ви претстојат лоши времиња пријатели мои, но ви се испраќа оружје за да се одбраните. Ние Босанците се браневме, но светот нам ни воведе ембарго за оружје. Не му беше јасно зошто се води борба во Сараево. Фала му на Бога, тој разбра сега во Киев. „Лагите најмногу ќе ве повредат“ Ќе бидете гладни, жедни и валкани, ќе изгубите домови, пријатели и членови на семејствата, но она што најмногу ќе ве боли ќе бидат лагите. Лаги, дека вие сте одговорни за тоа што ви се случува. Овие лаги ќе направат безброј дупки во вашите срца, но без да ги запрат нивните отчукувања или да ги замрзнат. Гледам дека ви ја уништија ТВ кулата. Сакаат да ве држат во мрак, исто како што нас нe’ држеа во темнина. Сакаат да го изгаснат светлото, па да не можеме да видиме што ви прават. Запишувајте и снимате сè. Еден ден тоа ќе ја дефинира вашата историја, ќе им објасни на Украинците кои допрва треба да се родат што се случило и најверојатно ќе се користи како доказ на суд против оние кои се обидуваат да ве убијат. „Ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам“ Во темните времиња што претстојат ќе губите надеж повремено, но ви пишувам од иднината и ви велам, ќе преживеете, исто како и ние. Требаше да бидам мртва, но преживеав, утре ќе излезам со внуците. И вие ќе го направите тоа, затоа што во вас го гледам истиот отпор што го видов тука. Ве слушам како ја пеете вашата химна додека со голи раце ги одбивате тенковите. Со текот на времето, ќе пеете нови песни за вашата храброст во оваа неволја и ќе смислите свој слоган кој ќе ве одржи во живот. Засега ви го испраќам најскапоценото нешто што го имам, мојот слоган, малку скроен за вас: „Украина ќе биде, се’ друго ќе помине“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pismo-do-ukraincite-koe-go-rasplaka-svetot/feed/ 0