писта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Dec 2022 12:54:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png писта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Климатските активисти на аеродромот во Минхен уапсени, пистата повторно во функција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-aktivisti-na-aerodromot-vo-minhen-uapseni-pistata-povtorno-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-aktivisti-na-aerodromot-vo-minhen-uapseni-pistata-povtorno-vo-funkcija/#respond Thu, 08 Dec 2022 12:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=772736

Летовите на аеродромот во Минхен повторно се одвиваат нормално, откако активисти за климата блокираа една писта, соопштија аеродромските власти. Како што пренесе ДПА, северната писта била бргу отворена, откако кусо беше блокирана од активисти, изјави портпаролот на аеродромот. Активистите, како и претходно, се залепиле за асфалтот. Тие се уапсени. Со оглед на тоа што јужната писта била непрекинато во функција, немало откажувања на летови туку само мали доцнења, се вели во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-aktivisti-na-aerodromot-vo-minhen-uapseni-pistata-povtorno-vo-funkcija/feed/ 0
ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-ja-zavrshuva-rehabilitacijata-na-pistata-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje-od-utre-od-17-chasot-letovite-se-normaliziraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-ja-zavrshuva-rehabilitacijata-na-pistata-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje-od-utre-od-17-chasot-letovite-se-normaliziraat/#respond Fri, 27 May 2022 13:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=682484

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие. Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата. „Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид за првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија. Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и широка 45 метри, а овој проект за рехабилитација на пистата е прв по реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром во 1996 година, кога истиот бил целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеци, а авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром. ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот Аеродром Скопје. На веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што ТАВ Македонија ги добива од авиокомпаниите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-ja-zavrshuva-rehabilitacijata-na-pistata-na-megjunarodniot-aerodrom-skopje-od-utre-od-17-chasot-letovite-se-normaliziraat/feed/ 0
Од денеска започна рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром, летови само по 17 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/#respond Mon, 28 Mar 2022 11:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=654547

Од Мешународниот аеродром Скопје потсетуваат дека градежните работи за рехабилитацијата на пистата на почнаа утрово и ќе траат 50 дена, до 16-ти мај. Во овој временски период, авиосообраќајот ќе се одвива од  17 часот попладне, до  9 часот наутро, секој ден. -Ве молимепристигнувајте на аеродром 3 до 4 часа пред планираното полетување, за да имате време да ги завршите сите аеродромски процедури. Шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат 3 часа пред полетување, а затвораат 1 час пред полетување. Откако ќе се регистрирате и ќе добиете бординг-карта, ве молиме веднаш упатете се кон Царинска и Пасошка контрола, како и кон Пунктот за безбедносна проверка, за да имате доволно време за сите проверки, и потоа релаксирано да чекате додека дојде време за качување во авион, велат од ТАВ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/feed/ 0
По 26 години ќе се рехабилитира пистата на скопскиот аеродром, еве како ќе се одвиваат летовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-26-godini-kje-se-rehabilitira-pistata-na-skopskiot-aerodrom-eve-kako-kje-se-odvivaat-letovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-26-godini-kje-se-rehabilitira-pistata-na-skopskiot-aerodrom-eve-kako-kje-se-odvivaat-letovite/#respond Wed, 16 Mar 2022 09:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=648058

Почнувајќи од 28 март, ТАВ Македонија ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје. Рехабилитацијата е дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, а ќе трае до 16 мај, односно 50 дена. За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во текот на овој период, ќе се одвива од 17:00 часот попладне до 9:00 часот наутро, секој ден. Планирани во консултација со сите чинители и засегнати страни, градежните работи за рехабилитацијата, ќе се изведуваат без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот. - Рехабилитацијата на пистата значи дека практично ќе го обновиме горниот слој на асфалтот на пистата, па затоа, во текот на овој период, меѓу 9:00ч. и 17:00ч., од 28 март до 16 мај, 2022 година, на пистата ќе се изведуваат градежни работи. Секој ден, во споменатиот временски период, ќе се рехабилитира еден дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно, да можеме нормално да ги опслужуваме летовите во текот на останатиот период од денот, од 17:00ч. до 9:00ч. Би сакал да го нагласам следново – скопскиот аеродром нема да биде затворен за време на рехабилитацијата на пистата. Аеродромот ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш. Како и во текот на целиот период за време на ковид-пандемијата, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродром 3-4 часа пред закажаното време на заминување на нивниот лет, подготвени со потребните документи за патување во однос на ковид, во консултација со авиокомпанијата со која патуваат и со амбасадата на странската земја каде што ќе патуваат, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак. Тој објаснува дека ТАВ Македонија ја има донесено одлуката за рехабилитација на пистата на скопскиот аеродром во консултација со сите авиокомпании што летаат од скопскиот аеродром, како и со сите чинители, односно со Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, како и со сите даватели на услуги. Целта на ТАВ е градежните работи за рехабилитација да се завршат со минимално влијание врз авиосообраќајот. Како што објаснија од ТАВ Македонија, кога на еден аеродром се вршат ваков тип рехабилитации или реновирања на писта, има две опции – или аеродромот целосно да се затвори за сообраќај, за одреден период додека се вршат градежни работи, или да се следи модел со кој градежните работи ќе се одвиваат секој ден, во претходно дефиниран период од денот, додека остатокот од денот авиосообраќајот да се одвива нормално. -Ние ја избравме втората опција, иако може да е понапорно за нас, но сакавме да одржиме непречен авиосообраќај за сите клиенти – авиокомпаниите и патниците, велат од ТАВ Македонија. -Би сакал да се заблагодарам на авиокомпаниите и на сите владини институции за нивната блиска соработка во текот на планирањето на овој процес со цел истиот да има минимално влијание врз авиосообраќајот. Ние постојано работиме заедно со сите чинители, со цел да го утврдиме Меѓународниот Аеродром Скопје како најдобар аеродром во регионот во однос на квалитет на услугите и овие инвестиции придонесуваат за долгорочен развој на аеродромот и на македонскиот авиосообраќај, истакнува Батак. Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и е широка 45 метри. Последната реконструкција на пистата на скопскиот аеродром е направена во 1996 година, кога градежните работи се изведувале во поголема длабочина на асфалтот за разлика од сега, кога само горниот, површински слој од асфалтот ќе се рехабилитира. Тогаш, аеродромот бил затворен 2,5 месеци, а целокупниот сообраќај бил префрлен на охридскиот аеродром. ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите ажурирања за летовите за нивната сакана дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје во периодот од 28-ми март до 16-ти мај 2022 година. На веб страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во секцијата “Летови” (Пристигнувања/Заминувања) редовно и во реално време се ажурираат сите информации и евентуалните промени во редот на летање на авиокомпаниите, како што ТАВ Македонија ги добива истите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-26-godini-kje-se-rehabilitira-pistata-na-skopskiot-aerodrom-eve-kako-kje-se-odvivaat-letovite/feed/ 0
ФОТО: Несреќа на аеродромот во Лондон, итните служби на терен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/#respond Fri, 18 Jun 2021 09:57:04 +0000 https://kurir.mk/?p=525085

Авион на британската компанија Бритиш Ервејс доживеа несреќа на аеродромот Хитроу кога предниот дел на леталото паднало на пистата. На објавените фотографии се гледа дека авионот Dreamliner 787 со предниот дел е на земја, додека покрај него има скали. Итните служби веднаш се упатиле на местото, но засега не е познато колкава е штетата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-nesrekja-na-aerodromot-vo-london-itnite-sluzbi-na-teren/feed/ 0
Инцидент на аеродром во Москва, авион со повеќе од 100 патници ја промаши пистата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-na-aerodrom-vo-moskva-avion-so-povekje-od-100-patnici-ja-promashi-pistata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-na-aerodrom-vo-moskva-avion-so-povekje-od-100-patnici-ja-promashi-pistata/#respond Fri, 25 Dec 2020 12:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=448288

Патнички авион „Боинг 747“ од Јакутск ја промаши пистата на аеродромот „Внуково“, изјави претставникот на Службата за итни случаи. - Авионот на релација Нерјунгри-Москва, кога слета на аеродромот Внуково, ја промаши пистата за 30 метри, изјавиле од московскиот аеродром. Во авионот имало 109 патници и седум члена на екипажот, но никој не е повреден. Според прелиминарните податоци, авионот не бил оштетен. Според еден од изворите од аеродромот, патниците го напуштиле авионот на вообичаен начин и аеродромот не бил затворен поради овој инцидент, пренесе „Спутник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/incident-na-aerodrom-vo-moskva-avion-so-povekje-od-100-patnici-ja-promashi-pistata/feed/ 0
Авион удри и усмрти човек на писта во Тексас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-udri-i-usmrti-chovek-na-pista-vo-teksas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-udri-i-usmrti-chovek-na-pista-vo-teksas/#respond Fri, 08 May 2020 13:26:22 +0000 https://kurir.mk/?p=343568

На меѓународниот аеродром Остин-Бергстром во Тексас, авион од типот Боинг 737 синоќа по локално време, удрил во човек кој се движел по пистата и починал на местото на несреќата, пишува британскиот весник „Метро“. Пилотот го видел човекот пред да го удри, се обидел да изведе маневар за да го избегне, но не успеал. Веднаш пристигнала медицинска екипа, која само ја констатирала смртта. Жртвата немала никакви документи за идентификација, а полицијата започна истрага за да утврди за кого станува збор и како тој се нашол на пистата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avion-udri-i-usmrti-chovek-na-pista-vo-teksas/feed/ 0
На пистата за Ф1 во Мексико ќе се гради времена болница за пациенти со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-pistata-za-f1-vo-meksiko-kje-se-gradi-vremena-bolnica-za-pacienti-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-pistata-za-f1-vo-meksiko-kje-se-gradi-vremena-bolnica-za-pacienti-so-kovid-19/#respond Mon, 04 May 2020 06:50:05 +0000 https://kurir.mk/?p=341174

На местото каде сега е пистата за Формула 1 во Мексико ќе биде изградена болница. Мексиканскиот Институт за социјална заштита соошти за почеток на работи за изградба на времена болница за пациенти со Ковид-19 на местото на автодромот Браќа Родригес, – писта што е домаќин на Гран При во Формула 1 од 1963 година. Болницата во Мексико Сити ќе биде со 218 легла за пациенти со симптоими на новиот коронавирус. Од тие, 28 кревети ќе бидат за интензивна нега, а останатите во осум одделенија со по 24. Мексико Сити е на врвот на градови во кои има заразени луѓе – во моментот 6.471. Пикот се очекува меѓу 15 и 50 мај, соопштија властите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-pistata-za-f1-vo-meksiko-kje-se-gradi-vremena-bolnica-za-pacienti-so-kovid-19/feed/ 0
Хитроу од денеска ја затвора едната писта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-od-deneska-ja-zatvora-ednata-pista/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-od-deneska-ja-zatvora-ednata-pista/#respond Mon, 06 Apr 2020 06:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=327863

Лондонскиот аеродром Хитроу, како што беше најавено минатата недела, од денеска ја затвора едната од двете писти, откако се намали бројот на летови поради коронавирусот, јави ДПА. – Целта е да се зајакне отпорноста и безбедноста на вработените, патниците и товарот на пандемијата на Ковид-19, изјави минатата недела портпаролот на Хитроу, кој е најфрекфентниот аеродром во Европа. Портпаролот додаде дека аеродромот ќе остане отворен дури и ако во светот има значително помал број летови. Хитроу очекува 53 проценти раст на превозот на товар на неделно ниво откако за приоритет го одредија превозот на медицински материјали. Од Хитроу тврдат дека аеродромот е најпрометен во светот, со повеќе од 80 милиони патници за 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hitrou-od-deneska-ja-zatvora-ednata-pista/feed/ 0
НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Тројца загинати, 179 повредени по излетување на авионот во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnovi-detali-trojca-zaginati-179-povredeni-po-izletuvanje-na-avionot-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnovi-detali-trojca-zaginati-179-povredeni-po-izletuvanje-na-avionot-vo-istanbul/#respond Thu, 06 Feb 2020 07:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=299901

При излетувањето на патнички авион за време на слетувањето на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул загинаа три лица, додека 179 се повредени, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија.
– Хоспитализирани се 179 лица. За жал, тројца наши државјани го загубија животот, изјави министерот Коџа. -Авионот на Пегасус Ерлајнс леташе од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се урна во текот на слетувањето, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Трухан. Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот стасаа противпожарни и медицински тимови. Пожарникарите успешно го изгаснаа пожарот кој изби во авионот. Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови. Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул. Обвиинителството во главниот град Анкара отвори истрага за инцидентот, а аеродромот Сабина Ѓокчен привремено е затворен за воздушен сообраќај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najnovi-detali-trojca-zaginati-179-povredeni-po-izletuvanje-na-avionot-vo-istanbul/feed/ 0