Питер Фабијан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 May 2018 10:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Питер Фабијан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Мачор му се врати на сопственикот по 18 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/#respond Sat, 26 May 2018 10:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=58503

По 18 години лутање, мачор по името Кимба му се вратил на својот сопственик во германскиот главен град Берлин. Исцрпен и запуштен, Кимба го нашла полицијата по неколку повици на загрижени поминувачи кои пријавиле дека „мјаукал тажно“ на улица во берлинскиот кварт Маринфелд. Скенирањето на неговиот микрочип покажало дека неговиот сопственик Питер Фабијан (65) го пријавил неговото исчезнување пред 18 години. Кимба бил вдомен од засолниште за животни во Минхен во 2000. година. Фабијан раскажал дека тогаш осуммесечниот црн мачор „бил многу посебен“. Недолго по неговото исчезнување Фабијан се преселил од Минхен во Берлин, каде што живее до денес. Верува дека Кимба не сакал да се пресели од неговиот град и поради тоа си заминал од него. -Направив посебна вратичка за него, но еднаш кога отиде, никогаш повеќе не се врати, изјави Фабијан. Минатиот петок тој добил изненаден повик од полицијата во Минхен.   Со оглед на тоа дека Кимба бил чипуван, сопственикот не било тешко да се пронајде, изјави портпаролката на полицијата. Односот меѓу сопственикот и мачорот се уште е на стаклени нозе, но постепено напредува и се поправа. Фабијан е пресреќен и планира неговиот миленик да му ја разубави староста. Мачките можат да живеат и 25 години, ако сопствениците добро се грижат за нив, нивниот вообичаен животен век е од 14 до 18 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-machor-mu-se-vrati-na-sopstvenikot-po-18-godini/feed/ 0