Питер Сијарто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Dec 2021 10:30:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Питер Сијарто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сијарто: Ги замолувам пријателите од Бугарија националните прашања да ги реализираат во текот на преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-gi-zamoluvam-prijatelite-od-bugarija-nacionalnite-prashanja-da-gi-realiziraat-vo-tekot-na-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-gi-zamoluvam-prijatelite-od-bugarija-nacionalnite-prashanja-da-gi-realiziraat-vo-tekot-na-pregovorite/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=610740

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика Бугарија да не го блокира почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и прашањата што тие ги сметаат како пречка да ги решаваат во текот на преговорите. „Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што тие ги сметаат како пречка да пробаат да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на почетокот на преговорите“, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи. Сијарто, кој денеска е во посета на Скопје, рече дека изостанувањето на започнување на преговорите со Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ, бидејќи Македонија направила сè што е неопходно за да ги почне преговорите. „Имаме чувство дека минатата недела ЕУ повторно го остави на суво Западен Балкан, бидејќи пред година и пол веќе донесовме решение дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ, но еве тие разговори не се започнати“, изјави Сијарто, додавајќи дека на тој начин се нарушува кредибилитетот на ЕУ и Унгарија оваа состојба ја смета за штетна, опасна и спротивна на принципите на ЕУ и по прашањата за безбедноста и по прашањата на економскиот развој. Прашан за неиспорачувањето на бегалецот Никола Груевски, Сијарто одговори дека станува збор за правно, а не политичко прашање. „Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање“, изјави Сијарто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-gi-zamoluvam-prijatelite-od-bugarija-nacionalnite-prashanja-da-gi-realiziraat-vo-tekot-na-pregovorite/feed/ 0
Османи-Сијарто: Имаме заедничка обврска да ги надминуваме предизвиците и да нудиме решенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-sijarto-imame-zaednichka-obvrska-da-gi-nadminuvame-predizvicite-i-da-nudime-reshenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-sijarto-imame-zaednichka-obvrska-da-gi-nadminuvame-predizvicite-i-da-nudime-reshenija/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=610720

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој е во еднодневна работна посета на нашата земја. Двајцата министри разговараа за развојот на на повеќесекторската соработка меѓу двете земји, а особен акцент беше ставен на актуелностите во однос на внатрешно-политичките состојби во земјава како и последните дејствија поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, но и на регионот. Османи во оваа прилика го поздрави успехот на словенечкото претседателство да обезбеди консензус за Извештаите на Комисијата за земјите од Западниот Балкан, како и за заклучоците на Европската Унија за регионот, што е аргумент дека и покрај големите предизвици со кои се соочуваме, Европската Унија останува и присутна и посветена на Западниот Балкан. „Сепак, овој делумен успех на словенечкото претседателство, барем овде кај нас, влезе под длабока сенка на неуспехот на Унијата да обезбеди консензус во операционализација на сопствената одлука од Март минатата година за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Свесни сме дека одлуките на Советот на ЕУ се носат со консензус, но сѐ помалку граѓаните на нашите земји имаат разбирање за тоа на каков начин и со какви аргументи се користи таа привилегија од некои земји – членки. Неспорно е дека довербата во процесот на проширување е најниско ниво, а тоа го загрозува кредибилитетот и на целата Унија и создава нови кризи во целиот регион. Но наша обврска не е да гледаме со разочарување на неуспесите, туку да ги следиме предизвиците и да нудиме решенија. Ние остануваме посветени на процесот на интеграција во Европската Унија, што преставува наш стратешки интерес и можам да ве уверам дека продолжуваме да работиме и со нашите соседи со несмалено темпо. Предалеку сме отидени во овој процес за да се откажуваме, но искрено, се надевам дека со новата политичка гарнитура, почнуваме и нов визионерски процес на доверба меѓу двете држави“, истакна Османи. Министерот Сијарто ја реафирмира унгарската поддршка со заложби истата да продолжи со несмален интензитет во натамошниот период. Двајцата министри констатираа дека интеграцијата на Западен Балкан е геостратешки интерес на Европската унија, што придонесува за безбедноста и просперитетот на целиот континент и оневозможување на несоодветни влијанија и интереси од трети држави. Двајцата министри разменија мислења за состојбите во Регионот и констатираа дека е неопходен засилен ангажман на Унијата со цел постигнување двонасочен, партнерски однос кој ќе придонесе кон постабилен и просперитетен Регион. Беше поздравен континуираниот раст на трговската размена, и очекување дека постојат потенцијали и за натамошно зголемување на истата. Реактивирањето на работата на Заедничкиот мешовит комитет меѓу двете земји и одржувањето на 4та Седница следната година, ќе даде дополнителен позитивен импулс на трговската размена, со цел изнаоѓање можности за поповолна заемна инвестициска клима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-sijarto-imame-zaednichka-obvrska-da-gi-nadminuvame-predizvicite-i-da-nudime-reshenija/feed/ 0
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ungarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-peter-sijarto-vo-rabotna-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ungarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-peter-sijarto-vo-rabotna-poseta-na-skopje/#respond Sun, 19 Dec 2021 10:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=610401

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ungarskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-peter-sijarto-vo-rabotna-poseta-na-skopje/feed/ 0
Сијарто позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-pozitiven-na-koronavirus/#respond Wed, 04 Nov 2020 08:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=424682

Унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто е позитивен на коронавирусот. Сијарто, кој е во официјална посета на Тајланд, нема никакви симптоми. Тој е во самоизолација на Тајланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Сијарто: Унгарија продолжува да го поддржува Балканот на патот кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-prodolzuva-da-go-poddrzuva-balkanot-na-patot-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-prodolzuva-da-go-poddrzuva-balkanot-na-patot-kon-eu/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:23:11 +0000 https://kurir.mk/?p=383760

Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори со цел унапредување на доближувањето на земјите од Западен Балкан до Европската унија, што е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто. Тој ова го напиша на својот профил на Фејсбук, а по разговорот со неговиот црногорски колега Срѓа Дармановиќ. Сијарто додаде дека унгарското Министерство за надворешни работи веќе назначило експерти за интеграција, кои ќе работат со владите на земјите од Западен Балкан, кои се во преговори за членство во ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-prodolzuva-da-go-poddrzuva-balkanot-na-patot-kon-eu/feed/ 0
Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utrinava-se-otvoraat-granicite-megju-ungarija-avstrija-cheshka-i-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utrinava-se-otvoraat-granicite-megju-ungarija-avstrija-cheshka-i-slovachka/#respond Fri, 05 Jun 2020 06:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=354031

Од денеска се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто. Во видео обраќање на Фејсбук тој кажа дека шефовите на дипломатиите на другите три земји во телефонски разговор се согласиле границите да се отворат утринава во 8 часот, пренесе агенцијата МТИ. „На граѓаните ќе им биде дозволено да ги минат границите без негативен тест за коронавирусот и без задолжителниот карантин“, прецизира Сијарто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utrinava-se-otvoraat-granicite-megju-ungarija-avstrija-cheshka-i-slovachka/feed/ 0