Питер Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 11:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Питер Стано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стано: Белград и Приштина да се вратат на нормално решавање на проблемите преку дијалог https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/#respond Mon, 25 Sep 2023 11:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=881532

Европската Унија е многу јасна дека Белград и Приштина треба да работат на деескалација и на смирување на тензиите и на опасната ситуација во северниот дел на Косово, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи, Питер Стано, додавајќи дека ЕУ строго го осудува вчерашниот „терористички напад“ врз косовската полиција во Бањска. - Мора да најдеме излез од постојаната криза и да се вратиме на нормално решавање проблемите преку дијалог. Итно е потребна деескалација, изјави Стано, нагласувајќи дека ЕУ беше сосема јасна за тоа што очекува да направат двете страни кога станува збор за потребата за деескалирање на состојбата. Според него, деескалацијата е важна за да се смират тензиите и да може ЕУ да продолжи со напорите за смирување и нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. - Позицијата на Европската Унија е јасна. ЕУ е олеснувач во дијалогот на двете страни. Тие и двете сакаат да се приклучат на Европската Унија, а нивниот пат до ЕУ води преку олеснувачкиот дијалог. Очекувањата, модалитетите и однесувањето на ЕУ како олеснувач беа објаснети многу пати и упатени и до Косово и до Србија, како треба да се однесуваат и што треба да направат за остварување на нивната стратешка цел да влезат во Европската Унија еден ден, изјави Стано. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, околу можноста за преземање санкции од страна на ЕУ против Србија во врска со вчерашниот напад, како што претходно беа најавени кон Косово, Стано изјави истрагата за нападот се уште е во тек и се работи на утврдување на фактите за тоа што се случило и кога таа ќе биде завршена Унијата ќе заземе конкретен став. - ЕУ има многу јасна позиција. Мерките што беа преземени против Косово не беа санкции. Нема санкции во терминологијата на ЕУ, нема рамка за санкции и за рестриктивни мерки, туку за мерки за да се деескалира состојбата. Тие мерки се времени и може да се намалат и зголемат во зависно од случувањата на теренот, додаде Стано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-belgrad-i-prishtina-da-se-vratat-na-normalno-reshavane-na-problemite-preku-dijalog/feed/ 0
Стано: ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/#respond Wed, 24 Jun 2020 16:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=362291

По информациите за обвинението против Хашим Тачи , Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, од Брисел порачаа дека ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово. Портпаролот на ЕУ, Питер Стано за Танјуг изјави дека ЕУ не ги коментира процедурите спроведени од Специјалното обвинителство за Косово, но, исто така, оценува дека Судот е важен показател за определеноста на Косово за спроведување на владеењето на правото. – Владеењето на правото е клучен елемент за напредокот на Косово на патот кон интеграцијата во ЕУ, како и целокупниот ангажман на ЕУ со Западен Балкан, рече Стано. Тој додаде дека е важно да се дозволи Специјалното обвинителство за Косово да продолжи со својата работа самостојно и без какво било надворешно влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/feed/ 0