питомци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 12:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png питомци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свечена заклетва на 27. класа питомци и на слушателите на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/#respond Fri, 06 Oct 2023 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=886101

Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод заклетва на 27. класа питомци и слушатели на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за потребите на Армијата во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Во своето обраќање пред присутните, соопштија од Министерството за одбрана, Јајага истакнал дека и питомците и слушателите на Курсот за офицери кои денеска дадоа свечена заклетва, започнуваат да чекорат по нова патека која е препознатлива по својата стручност, стандарди, дисциплина, но и дека со нивниот интерес да се приклучат во редовите на Армијата покажуваат дека неизмерно ја сакаат својата татковина. Тој додал дека токму тука на оваа престижна институција, Воената академија, на која се школуваат и питомци од Босна и Херцеговина од Косово и од Црна Гора, ќе се формираат во вистински лидери. - Во периодот што следува ќе научите многу за воената професија и вашите видици ќе ги проширите во поглед на заштитата и безбедноста. Вие, ќе се соочите со разни предизвици при вашето образование кои ќе ве оформат во вистински лидери. Лидери кои знаат како да се грижат за безбедноста и мирот на своите граѓани и држава, но и пошироко, потенцирал заменикот министер Јајага. Деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски упатил честитки до секој поединец за храброста и одлучноста да се избере патот на воената професија, уникатна можност која не е лесно достапна за другите. - Ви посакувам успех во школувањето, непоколеблива решителност во извршување на задачите и постигнување на извонредност, дисциплина и почит кон вашите професори, претпоставени и колеги, кои целата своја кариера ја посветиле на образовниот процес, чиј дел сте и вие сега, рекол полковникот Богдановски. На денешната свеченост присуствувал и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал Симеон Трајковски, претставници од воено дипломатскиот кор, гости од Босна и Херцеговина и Црна Гора и роднини и пријатели на питомците и слушателите. Оваа година на воената академија Генерал „Михаило Апостолски“ како дел од 27. класа се запишани 41 питомец од кои 34 од Северна Македонија (21 мажи и 13 жени), 4 питомци од Босна и Херцеговина и 3 питомци од Црна Гора, а на курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат 30 слушатели од кои 19 мажи и 11 жени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-zakletva-na-27-klasa-pitomtsi-i-na-slushatelite-na-kursot-za-struchno-osposobuvane-i-usovrshuvane-na-ofitseri/feed/ 0
Воената академија ги промовираше новите потпоручници и новите питомци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/#respond Fri, 21 Oct 2022 12:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=749012

Продолжите со вашиот ентузијазам, со вашата енергија и посветеност во извршување на задачите кои Ве очекуваат, затоа што од денеска и вие сте лицето на Армијата, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на 22-та класа потпоручници кои денеска беа промовирани во Воената академија „Михајло Апостолски“. – Од денеска секој од вас и се приклучува на Армијата. Внесувате нова енергија, прогресивни размислувања, но никогаш не заборавајте на влогот на поранешните и сегашни искусни припадници на Армијата. Кон нив гледајте со голема почит, затоа што тие се заслужни за ова што имаме денес. Почитувајте го минатото, славете ја историјата, но создавајте ваши дела по кои ќе бидете препознаени и запаметени, рече Петровска. Обраќајќи им се на новите офицери, Петровска им порача влегувањето во Армијата да не го гледаат само како работен ангажман, туку и како света должност и обврска да се гради и брани татковината. – Современите безбедносни предизвици бараат и современи доктрини и технологии. Затоа, превземам обврска како министерка да обезбедам услови за ваша континуирана едукација и стручно усовршување. Секогаш ќе бидам на страната на она што е најдобро за вас, вие сте иднината на Македонија, нагласи Петровска. За најдобри офицери во генерација беа прогласени Кристијан Илиевски, Николина Пејовиќ и Сара Илиевска. На денешната свеченост беше промовирана и 26-та класа на питомци на Воената академија која брои 39 припадници. Деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски на новите питомци им порача да продолжат по патот којшто го избрале и да израснат во посветени и пожртвувани лидери кои ќе знаат да се справат и со најтешките ситуации. – Исправени сте пред еден од најголемите предизвици на својот живот преку кој од млади, безгрижни луѓе ќе се трансформирате во одговорни, посветени и себепожртвувани лидери кои ќе можат да се справат и во најтешките ситуации. Да станете лидери кои мотивираат, напорно работат и претставуваат пример за своите следбеници. Знам дека има измешани чувства помеѓу вас. Има такви кои знаат дека се на правото место, а има и такви кои можеби се уште размислуваат дали донеле правилна одлука и дали ќе можат да одговорат на предизвиците. За оние вторите, немојте да се откажувате. Ве уверувам дека вредите повеќе од тоа да се откажете заради некоја препрека на која ќе наидете, рече Богданоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voenata-akademija-gi-promovirashe-novite-potporuchnici-i-novite-pitomci/feed/ 0
Потпишување договори со питомци за стручно оспособување и усовршување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovori-so-pitomci-za-struchno-osposobuvanje-i-usovrshuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovori-so-pitomci-za-struchno-osposobuvanje-i-usovrshuvanje/#respond Fri, 30 Aug 2019 06:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=234868

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска свечено ќе бидат потпишани договори за стручно оспособување и усовршување со примените кандидати на Конкурсот за запишување на слушатели со завршен прв циклус на студии, за потребите на Министерството за одбрана и Армијата. Кандидатите по завршувањето на шестмесечниот циклус на стручно оспособување и усовршување, ќе се стекнат со офицерски чинови и ќе бидат вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. За првпат, кандидатите за време на обуката ќе земаат надоместок во висина од месечна просечна плата, односно околу 25.000 денари. На потпишувањето на договорите ќе присуствува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovori-so-pitomci-za-struchno-osposobuvanje-i-usovrshuvanje/feed/ 0