Пивара Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jun 2023 09:47:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пивара Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пивара Скопје има нов генерален директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pivara-skopje-ima-nov-generalen-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pivara-skopje-ima-nov-generalen-direktor/#respond Thu, 08 Jun 2023 09:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=843594

Од 1 јуни 2023 година нов генерален директор на Пивара Скопје е Душан Митрев. Тој на оваа позиција доаѓа по Горан Сладиќ кој продолжува да раководи со деловните операции на Coca-Cola HBC во Нигерија. Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев одлично ја познава Пивара Скопје, нејзиниот развој, вработените, брендовите и нивната позицијата на пазарот, односите со потрошувачите и партнерите, како и деловното опкружување во земјата. Тој е еден од генерацијата млади професионалци којшто своето знаење, искуство и менаџерски вештини ги градеше во Пивара Скопје. После три години поминати во PwC Скопје, во 2010 година тој му се приклучи на тимот на Пивара Скопје, во секторот финансии, каде преку посветена работа и континуирано учење напредуваше низ различни позиции, сѐ до позицијата финансов директор на компанијата во 2016 година. Потоа, во 2019 година, продолжи во секторот комерција како менаџер за продажба на клучни купувачи. Во изминатите три години Митрев дополнително ги надгради своите менаџерски и продажни вештини, извршувајќи ја функцијата директор на продажба на Coca-Cola HBC во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција. „Навистина се радувам што повторно доаѓам дома, во Пивара Скопје, на чело на тимот и средината кои многу добро ги познавам. Тргнувајќи од мотото, ‘Еднаш Пиварец - секогаш Пиварец’, имам силна енергија и визија како заедно со вработените да продолжиме да ја водиме Пивара Скопје напред, вложувајќи во нејзиниот одржлив раст и развој, во натамошно јакнење на довербата и задоволството на потрошувачите, задржувајќи го фокусот на иновациите, квалитетот и уникатните карактеристики на нашите брендови, како и во градењето одлични односи со нашите купувачи и деловни парнери, водејќи посебна грижа за придонесот што го даваме за просперитетот на пошироката задницата на која ѝ припаѓаме“, изјави новиот генерален директор на Пивара Скопје, Душан Митрев. Одличните резултати што досега ги остварил Душан Митрев низ својата професионална кариера, дополнети со неговата стручност, иницијативност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го реализираат својот потенцијал, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство компанијата ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот, градењето највисоко ниво на задоволство кај потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се една од нејзините главни одлики. Минатата година Пивара Скопје ја одбележа 100-годишнината од своето основање, а следната година, заедно со своите вработени, потрошувачи, партнери и целата заедница ќе прослави и 100 години од почетокот на производството на најпознатото пиво во земјата – СКОПСКО. Од 1998 година Пивара Скопје е дел од глобалните системи на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pivara-skopje-ima-nov-generalen-direktor/feed/ 0
За 100-годишнината Пивара Скопје со нова инвестиција во најсовремена технологија и опрема за производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-100-godishninata-pivara-skopje-so-nova-investicija-vo-najsovremena-tehnologija-i-oprema-za-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-100-godishninata-pivara-skopje-so-nova-investicija-vo-najsovremena-tehnologija-i-oprema-za-proizvodstvo/#respond Fri, 01 Jul 2022 14:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=698477

Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој.  Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. На овој начин, Пивара Скопје ги подобрува услугите кон купувачите и ги зголемува производствените капацитети, следејќи ја големата побарувачка за безалкохолни пијалаци и пиво на домашниот, но и на другите пазари во регионот. „Покрај тоа што ги зајакнуваат нашите производни капацитети, овие проекти ни помагаат за натамошно унапредување на вештините и способностите на нашите луѓе во производството, ја зголемуваат нашата брзина и флексибилност за следење на трендовите на пазарот и ни овозможуваат брзо и ефикасно да ги задоволиме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Истовремено, тие ја зголемуват атрактивноста на нашата компанија за талентирани млади луѓе и ја прават посакувано место за работа и кариерен развој. Со нивната реализација ја продолжуваме традицијата на иновации и инвестиции, кои се заштитен знак на Пивара Скоpје веќе 100 години, и влегуваме во нова, модерна ера на дигитализација и напредни технологии кои ја олеснуваат нашата секојдневна работа и ја зголемуваат нашата севкупна ефикасност и продуктивност“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ. Новите инвестиции во производството се според највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната, како и за здравје и безбедност при работа, што е многу важно за потрошувачите и вработените во Пивара Скопје. Во исто време, тие се во согласност со долгорочната стратегија на компанијата за одржливост што придонесува за намалување на емисиите на CO2, енергетска ефикасност, управување со водата и  намалување на тежината и рециклирање на материјалите за пакување. Ние во Пивара Скопје сме особено горди што со секоја нова инвестиција како што е оваа, се трудиме да дадеме уште поголем придонес кон одржливоста и заштитата на природните ресурси, со што ја покажуваме нашата грижа и одговорност за развојот и просперитетот на земјата и на целата заедница“, потенцираше Сладиќ. Освен во модернизацијата на производниот процес, веќе се направени значителни подобрувања во дигитализацијата и автоматизацијата на другите клучни операции во компанијата. Ова вклучува иновативна технологија за управување со визуелни и гласовни команди воведена во складирањето на производите, како и технологија за препознавање слики што го поддржува нашиот комерцијален тим на пазарот. За иновативното решение пак, кое овозможува онлајн комуникација, нарачки на производи од страна на купувачите и следење на нивната реализација во реално време - 24/7, Пивара Скопје неодамна доби признание за најдобро имплементиран проект за е-трговија во рамки на целата Coca-Cola HBC Групација. Дополнително, започнато е воведувањето и на најновата генерација роботизирани технологии со кои ќе се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, со што се олеснува работата на вработените, а истовремено се зголемува и вкупна ефикасност и продуктивност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-100-godishninata-pivara-skopje-so-nova-investicija-vo-najsovremena-tehnologija-i-oprema-za-proizvodstvo/feed/ 0
Пивара Скопје ја отвори својата прва е-продавница https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/pivara-skopje-ja-otvori-svojata-prva-e-prodavnica/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/pivara-skopje-ja-otvori-svojata-prva-e-prodavnica/#respond Fri, 12 Nov 2021 15:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=594740

Следејќи ги промените во потребите и навиките на потрошувачите, поттикнати од дигитализацијата и можностите што ги нуди интернет трговијата, а особено промените што ги наметна Ковид-19 пандемијата, Пивара Скопје ја отвори својата прва е-продавница, која од денеска и официјално е достапна преку интернет страницата e-pivaraskopje.mk -Дигитализацијата и воопшто иновациите се високо поставени на развојната агенда на Пивара Скопје. Дел од процесите во нашата компанија се веќе дигитализирани, а тоа планираме интензивно да продолжи и во иднина. Веќе воведовме дигитални технологии во делот на складирање на производите, каде користиме иновативна технологија за управување преку гласовни команди, како и во сегментот на пласирање на производите на пазарот каде започнавме да користиме иновативна технологија за препознавање на слики која треба да им ја олесни работата на комеријалистите, за тие да имаат повеќе време за купувачите. Започнавме и со воведување на најновата генерација роботизирани технологии со чија помош ги автоматизираме сите повторливи секојдневни задачи, со што сакаме да ја зголемиме нашата вкупна ефективност и продуктивност. Сето ова ни помага да ги дознаеме вистинските потреби на нашите купувачи и потрошувачи и воедно ни дава можност да останеме брзи, достапни и флексибилни на промените, особено на оние што се поттикнати од Ковид-19 пандемијата, вели генeралниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ. Еден од сегментите кои се дигитализираат е и продажбата, во која Пивара Скоје воведува значајна новина, а тоа е е-продавница, која воедно е првата продавница што воопшто досега ја имала компанијата и која се отвора токму во пресрет на големиот јубилеј – 100 години од основањето на Пивара Скопје. -Со отворањето на е-продавницата сакаме да им овозможиме на сите потрошувачи достава на омилените пијалаци директно во нивните домови, што секако ќе придонесе за одржувањето на високото ниво на задоволство и доверба што тие го имаат во нашите брендови и во компанијата во целина. Преку оваа е-продавница на потрошувачите им нудиме брз и едноставен пристап до сите наши брендови, а плаќањето на купените производи е едноставно и сигурно, при што се користи најсовремен систем за заштита на сите извршени платежни трансакции. Засега дистрибуцијата на купените производи ќе се одвива само во Скопје, појаснува Милкица Ѓеринска, менаџерка за е-трговија во Пивара Скопје. Оваа новина во работењето на Пивара Скопје беше промовирана на четвртата годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија, а која на едно место собира бројни водечки домашни и светски експерти и практичари кои ги презентираат најзначајните достигнувања и иновативни решенија од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг. -Пивара Скопје е пример за компанија која умее да ги искористи искуствата и знаењето од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN кадешто припаѓа, истовремено ефикасно адаптирајќи ги на спецификите на домашниот пазар и потребите на овдешните потрошувачи. Отворањето на нивната е-продавница, заедно со останатите решенија во областа на дигитализацијата и е-трговијата кои беа презентирани на годишната конференција за е-трговија, покажуваат како треба да размислуваат компаниите, како да се адаптираат на Ковид-19 условите и во што да инвестираат, со цел да бидат поподготвени (READY) и поставени (SET) за раст на нивниот бизнис (GROW) со побрзо темпо, што воедно е и главното мото и тема на конференција. Ни претставува задоволство што Пивара Скопје го промовираше отворањето на нивната е-продавница токму на Годишната конференција за е-трговија. Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат уште многу компании со што ќе придонесат за зголемување на понудата во е-трговија, истакна претседателка на Асоцијацијата за е-трговија, д-р Нина Ангеловска. Во рамки на Конференцијата, во сесијата посветена на влијанието на Ковид-19 пандемијата врз растот и развојот на е-трговијата, покрај новата е-продавница, менаџерката за е-трговија во Пивара Скопје ги презентираше и останатите позначајни проекти и достигнувања на компанијата во областа на е-трговијата, како што е интернет порталот кој овозможува онлајн комуникација, нарачки на производи од страна на коминтентите и следење на нивната реализација во реално време - 24 часа, 7 дена во неделата. За постигнатите резултати во оваа област Пивара Скопје неодамна се вброи меѓу компаниите со најдобро имплементиран проект за е-трговија во рамки на цела Coca-Cola HBC Групација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/pivara-skopje-ja-otvori-svojata-prva-e-prodavnica/feed/ 0