Пјонгјанг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Nov 2022 16:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пјонгјанг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД, Јапонија и Јужна Кореја ветуваат силен одговор во случај на нуклеарни проби на Пјонгјанг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-japonija-i-juzna-koreja-vetuvaat-silen-odgovor-vo-sluchaj-na-nuklearni-probi-na-pjongjang/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-japonija-i-juzna-koreja-vetuvaat-silen-odgovor-vo-sluchaj-na-nuklearni-probi-na-pjongjang/#respond Sun, 13 Nov 2022 16:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=759917

САД, Јапонија и Јужна Кореја денеска ветија дека ќе имаат „силен и цврст одговор“ во случај Северна Кореја да изврши нуклеарна проба, за што повторно се дискутираше по нејзината рекордна серија тестови на оружје. Лидерите на трите земји дадоа заедничка изјава по трилатералната средба во Пном Пен, Камбоџа, на маргините на Самитот на Југоисточна Азија. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го употреби целосниот капацитет, вклучително и нуклеарен, во одбрана на своите сојузници. Бајден денеска во Камбоџа се сретна со јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол, за да разговара, меѓу другото, како да се координира одговорот на заканувачките нуклеарни и ракетни програми на Северна Кореја. Северна Кореја истрела десетици проектили во последниве недели, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета пред 10 дена, што предизвика предупредување за евакуација во северниот дел на Јапонија, а сојузниците предупредуваат дека Пјонгјанг би можел да го изврши седмиот нуклеарен тест во следните недели, а прв од 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-japonija-i-juzna-koreja-vetuvaat-silen-odgovor-vo-sluchaj-na-nuklearni-probi-na-pjongjang/feed/ 0
САД го осудија обидот на Пјонгјанг да лансира интерконтинентална балистичка ракета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-osudija-obidot-na-pjongjang-da-lansira-interkontinentalna-balistichka-raketa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-osudija-obidot-na-pjongjang-da-lansira-interkontinentalna-balistichka-raketa/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=754925

САД го осудија денешниот обид на Северна Кореја да лансира интерконтинентална балистичка ракета и повикаа на строго спроведување на санкциите на ОН против Пјонгјанг. Лансирањето „ја нагласува потребата сите земји целосно да ги спроведат резолуциите на Советот за безбедност“ со кои се воведуваат санкции кон Северна Кореја, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Северна Кореја денеска се обиде да лансира интерконтинентална балистичка ракета, но се чини дека лансирањето не успеа, соопшти јужнокорејската војска, еден ден по серијата лансирања. Според вооружените сили на Јужна Кореја, неуспехот најверојатно се случил „за време на втората фаза на разделувањето“ Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека рано утрото регистррале лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, по што следеле две лансирања на балистичка ракета со краток дострел. Ракетата со голем дострел поминала околу 760 километри на височина од 1.920 километри со брзина 15 пати поголема од онаа на звукот. Била истрелана под остар агол, можеби за да се избегне влегување на територијата на соседните земји. Ракетите со краток дострел летаа на височина од околу 330 километри, со брзина петпати поголема од брзината на звукот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-osudija-obidot-na-pjongjang-da-lansira-interkontinentalna-balistichka-raketa/feed/ 0
Пјонгјанг: Никогаш не сме и нема да извеземе оружје и муниција во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-nikogash-ne-sme-i-nema-da-izvezeme-oruzje-i-municija-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-nikogash-ne-sme-i-nema-da-izvezeme-oruzje-i-municija-vo-rusija/#respond Thu, 22 Sep 2022 07:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=736060

Северна Кореја соопшти дека никогаш не ѝ дала на Русија оружје и муниција и дека не планира да го стори тоа, предупредувајќи ги САД да „молчат“ и да престанат да шират гласини кои имаат за цел „да го нарушат имиџот“ на земјата. – Неодамна, САД и другите непријателски земји зборуваа за кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и ширеа гласини за договори за оружје меѓу Демократска Народна Република Кореја и Русија. Никогаш не сме извезувале оружје и муниција во Русија и не планираме да извезуваме, рече неименуван функционер од Министерството за одбрана во соопштение што го пренесе државната агенција КЦНА. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател претходно месецов изјави дека Русија „е во процес на набавка на милиони ракети и артилериски гранати од Северна Кореја за употреба во Украина“. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби подоцна објасни дека станува збор за „потенцијално купување“ и оти „нема индикации дека купувањето е завршено“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-nikogash-ne-sme-i-nema-da-izvezeme-oruzje-i-municija-vo-rusija/feed/ 0
Ким ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/#respond Mon, 16 May 2022 07:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677175

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата, јавија државните медиуми. Минатата недела, Северна Кореја информираше за првото избивање на „експлозивна“ епидемија, откако над две години тврдеше дека во земјата нема заразени. Експерти предупредуваат оти тоа може да предизвика бројни проблеми во земјата, што е ограничена со медицински залихи и без програма за вакцинација. Лекови што ги набави државата, не стигнувале до поединци навремено и точно, истакна Ким на итниот состанок на Политбирото во текот на вчерашниот ден. Потоа, лидерот ги посети аптеките низ главниот град на земјата, наведуваат медиумите. Ким нареди итно распоредување на „моќните воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“, пишуваат медиумите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/feed/ 0
Пјонгјанг испрати владини лица да работат на фарми за да помогнат околу кризата со храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-isprati-vladini-lica-da-rabotat-na-farmi-za-da-pomognat-okolu-krizata-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-isprati-vladini-lica-da-rabotat-na-farmi-za-da-pomognat-okolu-krizata-so-hrana/#respond Thu, 05 May 2022 08:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=672121

Северна Кореја распореди владини официјални лица, вработени во компании и фабрики, да работат на фарми низ земјата, со цел да се спречат загубите, поради сушата. -Тие се придружија на борбата во регионите погодени од сушата. Штом пристигнаа, почнаа да наводнуваат, работејќи со фармерите и борејќи се со природата, објави официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, Родонг Синмун. Северна Кореја е под меѓународни санкции поради забранетите програми за вооружување и има хроничен недостиг на храна. Многу е чувствителна на природни катастрофи, како поплави и суша, поради недостаток на инфраструктура, уништување на шуми и децениско лошо управување со државата, пишуваат странски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-isprati-vladini-lica-da-rabotat-na-farmi-za-da-pomognat-okolu-krizata-so-hrana/feed/ 0
Вашингтон и Сеул за преговори со Пјонгјанг по серијата ракетни тестови на севернокорејската армија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-i-seul-za-pregovori-so-pjongjang-po-serijata-raketni-testovi-na-severnokorejskata-armija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-i-seul-za-pregovori-so-pjongjang-po-serijata-raketni-testovi-na-severnokorejskata-armija/#respond Mon, 18 Apr 2022 13:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=664793

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја. Сунг Ким, денеска изјави дека Вашингтон и Сеул се согласни за потребата од силен одговор на неодамнешните севернокорејски ракетни тестирања, но истовремено и дека остануваат отворени за дијалог со Пјонгјанг. - Се согласивме за потребата од силен одговор на дестабилизирачкото однесување (на Северна Кореја) што го видовме. Се согласивме и за потребата од одржување на најсилниот можен заеднички капацитет за одвраќање на Корејскиот полуостров, изјави Ким на новинарите по средбата со јужнокорејскиот функционер, Нох Кју-Дук. Ким дојде во Сеул два дена откако Северна Кореја тестираше нов тип ракета во 13-тото по ред пробно лансирање оваа година. Експертите ценат дека Северна Кореја сака да го подобри својот воен арсенал со дел да изнуди отстапки од ривалите, како што е укинување на санкциите. Меѓу тестираните оружја има и ракети што би можеле да носат нуклеарно оружје и да достигнат до копното на САД, како и до територии на нивните сојузници како што се Јужна Кореја и Јапонија. Постои загриженост дека Северна Кореја наскоро би можела да изврши нуклеарна проба со цел да го зголеми притисокот врз политичките соперници. Кју Дук, претставникот на Јужна Кореја за нуклеарни прашања, рече дека тој и Ким споделуваат загриженост дека Северна Кореја најверојатно ќе продолжи со потези што ги зголемуваат тензиите во регионот. Истовремено тој ја повика Северна Кореја да се врати на преговорите. Ким рече дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не ја затвориле вратата за дипломатијата како и оти „немаат непријателски намери кон Северна Кореја“, со повторување за подготвеноста на Вашингтон за преговари со Пјонгјанг каде било и без никакви условувања. Северна Кореја веќе некое време го отфрла повикот нагласувајќи дека САД мора прво да се откажат од својата непријателска политика за да ги продолжат преговорите. Некои експерти велат дека Северна Кореја сака САД да ги ублажат санкциите или да ги прекинат редовните воени вежби со Јужна Кореја, активности што Пјонгјанг ги смета како подготовка за инвазија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-i-seul-za-pregovori-so-pjongjang-po-serijata-raketni-testovi-na-severnokorejskata-armija/feed/ 0
Пјонгјанг истрелал две крстосувачки ракети, тврдат јужнокорејски медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-istrelal-dve-krstosuvachki-raketi-tvrdat-juznokorejski-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-istrelal-dve-krstosuvachki-raketi-tvrdat-juznokorejski-mediumi/#respond Tue, 25 Jan 2022 07:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=622676

Изгледа дека Северна Кореја денеска истрелала две крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег, јави јужнокорејската агенција Јонхап њуз, цитирајќи воени извори. Јужнокорејската војска сега го проценува последното лансирање со цел да ја утврди природата на проектилот, пренесува „Јонхап“. Лансирањето на крстосувачки ракети на Северна Кореја не е забрането во согласност со санкциите на Обединетите нации воведени против Пјонгјанг. Последното тестирање на балистички ракети беше направено на 17 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pjongjang-istrelal-dve-krstosuvachki-raketi-tvrdat-juznokorejski-mediumi/feed/ 0
Северна Кореја ја претстави ракетата „Пукгуксонг-5“- „најмоќното оружје на светот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-pretstavi-raketata-pukguksong-5-najmokjnoto-oruzje-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-pretstavi-raketata-pukguksong-5-najmokjnoto-oruzje-na-svetot/#respond Fri, 15 Jan 2021 06:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=455504

Северна Кореја на вчерашната воена вежба во Пјонгјанг го претстави новиот вид балистичка ракета што се лансира од подморница (СЛБМ), наведуваат безбедносни експерти. Парадата се одржа вчера на плоштадот Ким Ил-сунг, откако во вторникот Пјонгјанг го заврши својот осумдневен конгрес на владејачката Работничка партија, на кој лидерот Ким Џонг -ун вети дека ќе го зајакне нивниот нуклеарен арсенал, јавува јужнокорејската агенција Јонхап. Според фотографиите објавени од севернокорејската агенција КЦНА, лансирана била ракетата SLBM, што веројатно е означена како „Пукгуксонг-5“, заедно со различни балистички ракети на цврсто гориво и друго оружје. Државните медиуми ја нарекоа ракетата SLBM најмоќното оружје во светот. Анкит Панда, истражувач и експерт за исцрпување на нуклеарниот арсенал од фондацијата Карнеги за меѓународен мир, на Твитер напиша дека „има нов SLBM“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-pretstavi-raketata-pukguksong-5-najmokjnoto-oruzje-na-svetot/feed/ 0
Молк во Пјонгјанг за здраствената состојба на Ким Џонг-ун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/molk-vo-pjongjang-za-zdrastvenata-sostojba-na-kim-dzong-un/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/molk-vo-pjongjang-za-zdrastvenata-sostojba-na-kim-dzong-un/#respond Sun, 26 Apr 2020 07:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=337384

Откако вчера се појавија различни информации за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се уште нема официјална потврда за неговата здраствена состојба од Пјонгјанг. Дел од медиумите објавија дека тој е во кома откако на 12 април му беше извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи беше објавено дека Ким починал. Ким Џонг-ун стана лидер на Северна Кореја со многу мало политичко и воено искуство. Тој се прогласи за „голем наследник“ по смртта на неговиот татко Ким Џонг-ил, кој почина во декември 2011 година. Ким Џонг-ун по две недели од смртта на неговиот татко беше прогласен за лидер на Работничката партија на Кореја, на државата и армијата. Тој во земјата има статус на божество и многу детали од неговиот живот се непознати, дури и датумот на неговото раѓање. Ким Џонг-ун е најмладиот син на Ким Џонг-ил и неговата трета сопруга Ко Јонг-хуи, роден е 1983 или 1984 година. Тој студираше во Швајцарија, а по враќањето во Северна Кореја образованието го продолжи на Воената академија. Ким првпат се појави во јавност на 15 април 2012 година за да одржи говор по повод стогодишнината од раѓањето на неговиот дедо, основач на Северна Кореја, Ким Ил-сунг. Тогаш јавно ја поддржа доктрината „војската на прво место“ и вети дека „засекогаш поминало“ времето кога некој може да и се заканува на Северна Кореја. Под негово водство продолжи севернокорејската нуклеарна програма. Тој во 2013 година нареди да се егзекутира неговиот чичко, а во 2017 година издаде наредба да се убие неговиот полубрат Ким Џонг-нам. Исто така малку се знае за неговиот семеен живот. Од 2012 година Ким во јавност се појавува со Ри Сои-ју. За неа малку се знае, но се претпоставува дека била пеачка. Исто така постојат шпекулации дека Ким со неа има ќерка. Иако во 2017 година Ким лансира неколку проектили, и тврдеше дека тестирани се интерконтинентални балистички ракети кои можат да погодат цели во САД. Тоа доведе до тензии со Вашингтон и зголемени санкции од страна на ОН. Ким во 2018 година презема повеќе дипломатски активности, има средба со американскиот, јужнокорејскиот и кинескиот претседател. Тој во своето новогодишно обраќање неочекувано понуди помирување со Јужна Кореја, истакнувајќи оти е отворен за дијалог и најави испраќање на национален тим на Олимписките игри во Јужна Кореја што се одржаа во февруари 2018 година. По дипломатските средби на Олимпијадата беа испратени спортисти од Северна и од Јужна Кореја под едно знаме. Во април Ким се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин во селото Панмунџон во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров, при што беше потпишана Декларација за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за официјално потпишување на договор за крај на Корејската војна (1950-1953). Истата година Ким побара подобрување на односите со САД, а во април се срета со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур за денуклеаризација на Северна Кореја. Ким вети дека ќе ги стопира ракетните и нуклеарните тестирања во замена за укинување на санкциите, но не се откажа од нуклеарната програма. Односите помеѓу САД и Северна Кореја се влошија откако администрацијата на Трамп кога одби да ги укине санкциите кон Пјонгјанг се додека во целост не се откаже од нуклеарната програма. Ким во јануари годинава изјави дека се откажува од ветувањето за прекин на вооружувањето и се закани дека „светот ќе биде сведок на ново стратешко вооружување“. Како можна наследничка на Ким се споменува неговата помлада сестра, која во последните две години го пратеше на патувањата и собирите. Но, исто така се спомнува и неговата тетка Ким Кјонг-хуи, која не се појавува во јавност откако Ким нареди да се убие нејзиниот сопруг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/molk-vo-pjongjang-za-zdrastvenata-sostojba-na-kim-dzong-un/feed/ 0
Биган: Прозорецот за преговори на Пјонгјанг со САД сè уште е отворен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bigan-prozorecot-za-pregovori-na-pjongjang-so-sad-se-ushte-e-otvoren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bigan-prozorecot-za-pregovori-na-pjongjang-so-sad-se-ushte-e-otvoren/#respond Wed, 20 Nov 2019 20:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=266866

Американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Биган денеска изјави дека прозорецот за преговори со Пјонгјанг за нуклеарната програма сè уште Е отворен, но треба да се искористи моментот. Во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот, Биган упати личен апел до првиот потпретседател за надворешни работи на Северна Кореја Чо Сон Хуи да се вклучи во преговорите на смислен начин. Биган рече дека нема конкретни докази оти Северна Кореја донела одлука да се откаже од нуклеарното оружје, но сепак верува дека Пјонгјанг може да го стори тоа. Тој од август ги предводи американските обиди да се убеди Северна Кореја да се денуклеаризира, но досега со мал успех, потсетуваат американските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bigan-prozorecot-za-pregovori-na-pjongjang-so-sad-se-ushte-e-otvoren/feed/ 0