пкк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Apr 2022 10:13:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пкк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција ја прогласи успешна воената операција против ПКК во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ja-proglasi-uspeshna-voenata-operacija-protiv-pkk-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ja-proglasi-uspeshna-voenata-operacija-protiv-pkk-vo-irak/#respond Mon, 25 Apr 2022 10:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=667564

Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар најави крај на првата фаза од операцијата против припадниците на Курдиската работничка партија (ПКК) во северен Ирак. – Првата фаза е завршена. Нашата војска стигна до местата каде што требаше да стигне и до територијата што ќе ја контролира. Мора да се нагласи дека заробените цели се првата фаза од оваа етапа, рече тој. Ноќта на 18 април, турските вооружени сили започнаа нова воена операција против членовите на ПКК во северен Ирак, во која беа вклучени воздушните сили и специјалните сили на земјата. Акар рече дека целите поставени во првата фаза од операцијата се постигнати. Тој исто така додаде дека единствената цел на турската војска е да ги елиминира терористите. Од своја страна, ирачкото Министерство за надворешни работи ги нарече активностите на Анкара „неприфатливи, кои го поткопуваат суверенитетот“ на таа земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-ja-proglasi-uspeshna-voenata-operacija-protiv-pkk-vo-irak/feed/ 0
Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zabrani-dve-grupi-poradi-somnez-za-vrski-so-pkk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zabrani-dve-grupi-poradi-somnez-za-vrski-so-pkk/#respond Tue, 12 Feb 2019 09:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=162925

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска соопшти дека властите во Берлин донеле одлука за забрана на две групи, за кои постои сомнеж дека се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која води вооружена борба за автономија на регионите населени со Курди во Турција. Како што јави ДПА, станува збор за групите Месопотамиско издаваштво и дистрибуција (МВВ) и МИР Мултимедија. Најавата за нивна забрана уследи само неколку часа откако германската полиција изврши претреси на просториите на двете групи во сојузните покраини Северна Рајна Вестфалија и Долна Саксонија. Захофер нагласи дека двете групи биле регистрирани како издавачки куќи, но нивните активности биле насочени кон „поддршка на организациските структури на ПКК“. Работата на ПКК во Германија е забранета уште од 1993 година. Групата се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неколку наврати ја критикуваше Германија дека не се бори ефикасно против ПКК и движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за преврат во Турција во 2016 година. Во Германија живеат околу три милиони лица по потекло од Турција, меѓу кои голем дел по националност се Курди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zabrani-dve-grupi-poradi-somnez-za-vrski-so-pkk/feed/ 0
Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/#respond Fri, 16 Nov 2018 14:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=128602

Партијата на демократската унија (ПУД) на сириските Курди и нејзиното вооружено крило Силите за заштита на народот, се огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија, изјави специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри. Во обраќање на Форум за одбрана во Вашингтон, Џефри посочи дека операциите на САД во Сирија би биле невозможни без „активно учество, координација и соработка на Турција“. – Партнер на терен (на САД) од 2014 година е сирискиот огранок на ПКК, но ние не го прогласивме за терористичка организација, како што направивме со ПКК, изјави Џефри. Според него, САД се уште се присутни во североисточниот регион на Сирија за да ја поразат Исламската држава, да ги потиснат Иранците од регионот и да го обезбедат политичкиот процес во земјата. – Турција се согласува со сите три точки, но САД додадоа „некои услови“ кои не успеаја добро да им ги објаснат на Анкара, истакна Џефри, без да ги прецизира условите. Турција одбива да сорабува со ПУД и Силите за заштита на народот, обвинувајќи ги дека се сириски огранок на ПКК, но САД одбиваа да ја прекинат соработката со нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silite-na-siriskite-kurdi-se-ogranok-na-pkk-izjavi-pretstavnik-na-sad/feed/ 0
Турските сили ликвидираа припадници на ПКК при воздушен напад во северен Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-sili-likvidiraa-pripadnici-na-pkk-pri-vozdushen-napad-vo-severen-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-sili-likvidiraa-pripadnici-na-pkk-pri-vozdushen-napad-vo-severen-irak/#respond Fri, 19 Oct 2018 14:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=117233

Четворица на припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) беа ликвидирани при воздушен напад на турското Воено воздухопловство во реонот на Метина и Авасин-Басјан во северниот дел на Ирак, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција. Како што јави агенцијата Анадолија, во соопштението се нагласува дека  ликвидираните „терористи“ планирале да извршат напади врз турски воени објекти. ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД, од 1984 година води вооружена борба за автономија на турските региони населени со Курди. Во нејзини напади и акции досега загинаа речиси 40.000 лица. Групата покрај во Турција, свои бази има и во северен Ирак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskite-sili-likvidiraa-pripadnici-na-pkk-pri-vozdushen-napad-vo-severen-irak/feed/ 0
Еден турски војник загина и четири лица се повредени во ракетен напад од северен Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-turski-vojnik-zagina-i-chetiri-lica-se-povredeni-vo-raketen-napad-od-severen-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-turski-vojnik-zagina-i-chetiri-lica-se-povredeni-vo-raketen-napad-od-severen-irak/#respond Tue, 09 Oct 2018 10:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=112694

Еден турски војник загина и четири лица се повредени во ракетен напад од северен Ирак, соопштија локалните власти од југоисточниот турски округ Хакјари. Според турската телевизија НТВ, членови на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) извршиле напад од територијата на северен Ирак, од регионот Зап, врз турска воена база во реонот на градот Чукурџа во округот Хакјари, југоисточна Турција. Борците на ПКК истрелале два проектили врз воената база. Меѓу повредените има тројца војници и еден цивил кој е во тешка состојба. Турските безбедносни сили презедоа обемна антитерористичка операција во регионот, информира Си-Ен-Ен Турк. Анкара, ЕУ и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација. Групата води вооружена борба против турската држава од 1984 година, во која досега се убиени речиси 40.000 луѓе. ПКК има бази во северен Ирак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-turski-vojnik-zagina-i-chetiri-lica-se-povredeni-vo-raketen-napad-od-severen-irak/feed/ 0
Турската армија убила осум припадици на ПКК во северен Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-armija-ubila-osum-pripadici-na-pkk-vo-severen-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-armija-ubila-osum-pripadici-na-pkk-vo-severen-irak/#respond Wed, 19 Sep 2018 08:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=102934

Турската армија соопшти дека во денешните воздушни напади во северен Ирак убиени се најмалку осум припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

Како што јави агенцијата Анадолија, турскиот Генералштаб истакна дека „терористите се неутрализирани во регионите Хафтанин и Гара во Северен Ирак“.

Според Генералштабот, терористите планирале напади врз турските воени бази.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskata-armija-ubila-osum-pripadici-na-pkk-vo-severen-irak/feed/ 0
Најмалку 26 загина во воздушни напади во Турција и Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-zagina-vo-vozdushni-napadi-vo-turcija-i-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-zagina-vo-vozdushni-napadi-vo-turcija-i-irak/#respond Tue, 19 Jun 2018 19:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=67642

Најмалку 26 екстремисти се убиени во турските воздушни напади на југоистокот на Турција и северен Ирак, соопшти турската војска. Во нападите уништени се и нивните магацини за муниција, но и засолништата, јавува Ројтерс. Нападите се изведени во последните два дена во провинцијата Дијарбекир и Сирнак, како и во областите на северен Ирак, каде што Курдката Работничка Партија (ПКК) има своја база, соопшти турската војска на Твитер. Турската партија ПКК, која од 1984. година води бунт на југоистокот на Турција е прогласена за терористичка организација. САД и Европската унија исто така, ги сметаат ПКК за терористи, пишува Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-zagina-vo-vozdushni-napadi-vo-turcija-i-irak/feed/ 0
Ердоган: Турската Армија започна операција против ПКК во северен Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskata-armija-zapochna-operacija-protiv-pkk-vo-severen-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskata-armija-zapochna-operacija-protiv-pkk-vo-severen-irak/#respond Mon, 11 Jun 2018 14:55:44 +0000 https://kurir.mk/?p=64637

Турската Армија започна воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоноте на Кандил и Синџар во северен Ирак, соопшти денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Говорејќи на митинг во градот Нигде во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 јуни, Ердоган нагласи дека околу 20 авиони на турското Воено воздухопловство уништиле 14 објекти на „терористичката организација ПКК“. - Наша цел е да ја исушиме калта на терористите. Нашите воени единици продолжуваат да напредуваат во северен Ирак, нагласи Ердоган. Тој ги искористи операциите на турската Армија во сирискиот град Африн и во северен Ирак за да ги критикува главните противкандидати на изборите, лидерот на опозициската Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу и претседателскиот кандидарт на оваа партија Мухарем Инџе, - Господин Кемал ни викаше не влегувајте во Африн. Мухарем Инџе се противеше велејќи каква работа имате во Африн, Но, ние не го послушавме ниту едниот, ниту другиот, бидејќи со ставови како нивните не може да се води една држава, истакна Ердоган. Турскиот претседател истакна дека сите оние што ја напаѓаат Турција „ќе си го добијат тоа што го заслужуваат“. - Теористите ќе платат за пролеаната крв на наште херои маченици. Досега само во Африн уништивме над 4.500 терористи. Сега започнавме операција во Кандил и Синџар. Тоа го ветивме и сега го исполнуваме, истакна Еродган во обраќањето. Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Кон крајот на март турските сили презедоа контрола врз градот и од ренот ги протераа курдските сили. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на ПКК, која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turskata-armija-zapochna-operacija-protiv-pkk-vo-severen-irak/feed/ 0
Турските сили уништиле 12 позиции на ПКК во северен Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-unishtile-12-pozicii-na-pkk-vo-severen-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-unishtile-12-pozicii-na-pkk-vo-severen-irak/#respond Sun, 08 Apr 2018 11:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=37839

Турските вооружени сили извршиле воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористичката организација Курдска работничка партија (ПКК), јави агенцијата Анадолија. Во соопштението на Турските вооружени сили се наведува дека е извршена воздушна операција врз припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои се подготовувале за напад врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин, Зап и Метина во северниот дел на Ирак. Според соопштеното, во рамките на операцијата уништени се 12 позиции кои биле користени како засолништа и складишта за оружје. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-unishtile-12-pozicii-na-pkk-vo-severen-irak/feed/ 0