план 3-6-9 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 31 Mar 2018 17:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png план 3-6-9 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladiniot-plan-3-6-9-dozivea-debakl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladiniot-plan-3-6-9-dozivea-debakl/#respond Sat, 31 Mar 2018 17:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=34825

Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл. СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите за кои презеде обврска. Затоа на овој начин, во сабота, преку соопштение кое нема ниту еден конкретен податок, објавуваат дека поминале деветте месеци и наводно го заокружиле планот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. - Да беше така, барем еден функционер ќе се појавеше и ќе објаснеше точка по точка, што се било реализирано. СДСМ организираше спектакли кога ја чистеа владината гаража или кога промовираа поместување на автобуска постојка, а сега ги нема да се појават за реформи кои се суштински за државата.     Министерството за правда втора недела е без прв човек и најголемата трагедија е во тоа што работите се движат исто како и кога имаше министер. Стагнираат. Премиерот Зоран Заев пред неполни недела дена го формираше Советот за реформи во правосудството, на истекот на деветтиот месец. Проблемот е во тоа што работите функционираат исто, како и без Совет или пак со првиот кој беше формиран па расформиран. Стагнираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека власта излезе со некако предлог за реформи во безбедносно-разузнавачките служби, но подобро да не излезеше. -Наместо реформи се нудеше враќање во 1949 година. Се најавуваше борба против корупција, а Македонија потона на дното на листата на Транспаренси. Никој не знае кои се двајцата функционери за кои се водеше истрага за корупција, а граѓаните беа сведоци на изјава на бизнисмен кој пред судот потврди на кој начин се барал поткупот во Струмица. Владата лаже дека планот е заокружен и дека е реализиран, а наназад 9 месеци гледаме се само не конкретни проекти и реформи. Изминативе 9 месеци сведоци сме на уценети судии, заробено правосудство, партизирање на јавната администрација, уценети медиуми, силување на демократијата. Државата тоне во корупција и криминал и никаков напредок во безбедносно-разузнавачките служби. Сведоци сме на корумпирани соработници на министри, нерасчистени убиства, партиски вработувања, монтирани политички судски случаи, неуставно носење на закони и грубо кршење на Уставот на државата. СДСМ како ураган ги уништија институциите и државата. Само за да се задржи на власт дава приоритет на закони кои не се дел од реформската агенда. Ова не е констатација само на домашната туку и на меѓународната јавност. Очигледно е дека СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформските процеси во Република Македонија. СДСМ имаа 9 месеци да ги спроведат реформите, но тие не се ниту до половина со степенот на реализација. СДСМ и нанесе огромна штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија и план за реформските процеси кои ќе ја застанат државата на здрави нозе веднаш по доаѓањето на власт, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladiniot-plan-3-6-9-dozivea-debakl/feed/ 0
Презентација на вториот извештај од следењето на Планот 3-6-9 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-vtoriot-izveshtaj-od-sledenjeto-na-planot-3-6-9/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-vtoriot-izveshtaj-od-sledenjeto-na-planot-3-6-9/#respond Mon, 05 Mar 2018 07:04:25 +0000 http://kurir.mk/?p=27354

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска ќе го презентира извештајот „Трка на 3,6 и 9 со пречки-Кон чиста препорака? со наодите од набљудувањето на спроведувањето на вторите три месеци од Планот. Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. - Наодите на извештајот укажуваат подобрување во формулацијата на активностите, како и приоретизацијата и структурирањето на областите и активностите во вторите три месеци од планот. Сепак, останува забелешката дека, и покрај горенаведените подобрувања, планот, во овој дел, сѐ уште содржи активности кои не претставуваат реформски зафати односно претставуваат ресорни надлежности на институциите. Она што исто така се забележува е отсуство на континуитет во одредени области и активности кои произлегуваат од првите три месеци на планот, наведуваат од Институтот. Наодите од извештајот, се додава, сугериират дека Владата и Секретаријатот за европски прашања треба да се фокусираат на навремено информирање на јавноста за статусот на реализација на преостанатите активности во планот и суштинско вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување на реформите. Следењето на реформите е дел од проектот “Перформ он Реформ” кој го спроведува ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-vtoriot-izveshtaj-od-sledenjeto-na-planot-3-6-9/feed/ 0