план за зајакнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jul 2020 09:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png план за зајакнување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-odobri-chetirigodishen-razvoen-plan-za-zajaknuvanje-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-odobri-chetirigodishen-razvoen-plan-za-zajaknuvanje-na-ekonomijata/#respond Thu, 16 Jul 2020 09:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=376946

Тајванската Влада денеска го одобри четиригодишниот развоен план за зајакнување на нејзината улога во глобалните синџири за снабдување и за промоција на економскиот раст, јави ДПА. Националниот план за развој за периодот 2021-2024 година има за цел просечен годишен економски раст од 3,4 отсто, намалување на невработеноста на 3,5 отсто и кревање на приходот по глава на жител на 30.000 долари до 2024 година. Премиерот Су Ценг-Чанг изјави дека документот е „клучен стратешки водич“ за реализирање на предизборните ветувања на администрацијата на Демократската напредна партија (ДДП) на претседателката Цаи Инг-ван. Според Су, политиките прифатени за време на првиот мандат на Цаи, вклучувајќи ги и промовирањето на индустриите темелени на иновации и програмата за енергетска транзиција, веќе ја намалија економската зависност од Кина и помогнаа економијата да излезе од стагнација. Планот сега ќе ги потенцира стратешките индустрии што „на Тајван ќе му дозволат да игра пресудна улога во глобалните индустриски синџири за снабдување“ и да обезбеди снабдување со критични ресурси, рече Су, пренсен од ДПА. Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван, вклучувајќи ги информациите и дигиталните индустрии, безбедноста на информациите, здравството и медицината, одбраната, зелената енергија и обновливите извори на енергија и потрошувачките и стратешките материјали. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-odobri-chetirigodishen-razvoen-plan-za-zajaknuvanje-na-ekonomijata/feed/ 0