план за живот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Sep 2019 10:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png план за живот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова ли беше планот за живот: Билет во еден правец и болно “збогум“, бела чума ја покосува Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-li-beshe-planot-za-zivot-bilet-vo-eden-pravec-i-bolno-zbogum-bela-chuma-ja-pokosuva-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-li-beshe-planot-za-zivot-bilet-vo-eden-pravec-i-bolno-zbogum-bela-chuma-ja-pokosuva-makedonija/#respond Tue, 17 Sep 2019 09:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=241529

Живот спакуван во куфери, спомените во торби. Куферите и обични и детски. Аеродромите полни, билетите се за во еден правец. Солзи и прегратки по автобуските станици од каде тргнуваат автобусите исполнети до последно столче. Дестинациите различни, само далеку од дома. Белата чума ја покосува Македонија. Голем број на граѓани, секојдневно, со пасошите во рака си ја напуштаат родната грутка. Заминуваат во потрага по достоинствен живот. Не бараат луксус и целта не им е прошетка во странство. Водат борба за егзистенција, за себе и своето семејство. Статистиката е поразителна и испраќа гласен аларм кој допира до сечии уши, освен до оние од „Илинденска 2“. Истите тие луѓе, Заев и неговите сопартијци, сега молчат за иселувањето и се фалат со непостоечки чекори. Чудно, но од „Бихаќка“ кога беа во опозиција, многу гласно зборуваа за овој проблем кој ја тишти Македонија. Си ги заборавивте чевлите! Активисти на СДСМ, под превезот на партијата, за овој проблем беа “екстремно загрижени“. Не беше тоа толку одамна, за денес да глумат дека заборавиле зошто во 2016-та на дождот изнесоа патики, штикли и чизми. Велеа дека изразуваат револт за масовното иселување. Дел од тие протестанти денес се на функција сместени од актуелната Влада, па денес тие молчат. Друг дел од нив се придружи на толпата која заминува, па и тие, разочарани што животот кој им го ветуваа не дојде, решија да заминат. Овој факт е доволен доказ дека останатиот дел тогаш не воделе социјална, туку партиска битка со невидлив противник. Мала е денес „Илинденска“ ако треба да се редат чевлите на секој македонски граѓанин кој во солзи со најблиските го кажува тешкото “збогум“. Актуелната Владина гарнитура, сега нема официјални податоци за бројот на иселени, но во времето кога беше опозиција зборуваше за конкретни бројки, кои одеа до неверојатни 600 илјади луѓе иселени од земјата. За тоа ја обвинуваа тогашната власт во која беше и нивниот сегашен коалиционен партнер ДУИ. Велеа дека кога власта ќе се промени, младите ќе се вратат во Македонија. СДСМ е на власт трета година, а од битката која ја водеа да ги вратат иселените млади, останаа само чевлите.

Заев пред избори: Децата да ни останат во Македонија, за тоа ќе се избориме!

-Најголемата болка на сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде во Македонија, кога ќе завршат да се вработат овде во Македонија, да основаат свое семејство овде во државата, да ги гледам и моите деца и моите внуци овде околу мене. Сигурно тоа го посакува секој родител за своето дете. Јас го посакувам за сите наши деца, да останат овде, да гледаат живот овде во Македонија! Тоа е нашиот план! Имаме План за живот во Македонија, рече лидерот на СДСМ. Чии деца видоа живот во Македонија? „Болката“ по заминатите кај премиерот траеше толку многу долго, додека да дојде на власт. Потоа заборави што ветувал, што го болело, каков план имал подготвено. Статистиката која е повеќе од загрижувачка говори дека во Македонија 500.000 граѓани се сиромашни. Половина милион македонски граѓани живеат тешко, не гледаат никакви подобрувања и се соочуваат со лажните ветувања за 500 евра плата, подобро здравство, подобро образование, намалување на цените..... Официјалните бројки, секако се кријат. Но, тоа не се само бројки за да можат да се премолчат, тоа се луѓе, граѓани, со семејство и идентитет. „Не би заминал никогаш, но сега морам“ Еден од нашите соговорници лани замина во Германија. Оваа држава е една од најатрактивните кога нашите сограѓани одлучуваат да заминат. Бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува. Податоците на германското Биро за статистика велат дека во 2018-та година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја. „Отидов сам. Најдов привремена работа преку пријатели Македонци кои одамна се тука. Прво сакав да поработам 6 месеци, да соберам некоја сума добра и да се вратам дома. Но, ја следам состојбата во државата каде го оставив семејството. Јас морам да останам тука, да работам за нив. Планот да поработам и да се вратам стана план да средам со документи и тука да си го повлечам цело семејство. Никогаш не би заминал доброволно, сега морам. Таму нема основни услови за живот“, вели еден иселеник од Скопје. „Ми понудија работа каква што кај нас не можам да добијам без партиска книшка“ -Заминав на студии во Италија за меѓународно право. Целта ми беше да завршам со образованието и да си се вратам дома. Уште 2 испити имав до крај, ме викнаа од универзитетот и ми понудија работа. Не ја прифатив бидејќи сакав да работам и живеам во Македонија. Се вратив лани во октомври. Цела година аплицирав за работни места кои се барем блиски до мојата професија. На најголем дел од огласите каде пратив апликација, не ме ни повикаа на разговор. Најверојатно, огласите се пуштени колку да поминат, а на тоа место веќе има вработено луѓе. Конечно бев викната на разговор во сериозна фирма, барем така мислев. Ми понудија работно место со плата од 16.000 денари. Одбив. Дознав дека на едно од местата за кои аплицирав е вработено лице со завршено само средно образование, но бил партиски активен, така ми кажаа. Јас разговарав со моите родители, го контактирав универзитетот во Италија, се спакував и се вратив назад. Работам по струка, одлично сум платена, почитувана, вложуваат во мене за обуки и усовршувања. Со солзи си заминувам секој пат кога ќе дојдам во посета на моите. Но, немам намера да се вратам во блиска иднина, вели друга наша соговорничка од Скопје. „Не се празнат семејства, туку цели градови“ -Како некоја морбидна шега, мојот роден град Делчево, последниве години го нарекуваме „град на духови“. Куќите празни, улиците празни. Младите си заминуваат во толпи, не еден по еден. А што би правеле тука? Работа нема, а ако најдеш очекуваат да бидеш задоволен со 200 евра плата. Јас сум семеен човек, со две дечиња. Што да правам со 200 евра? Заминав пред неколку месеци. Не дека сакав, туку немав избор. Душата ме боли по семејството, по старата мајка, по сопругата и децата. Но, за нив сум овде. Да не се мачат тие таму, јас овде ќе се мачам. Дали би се вратил? Во вакви услови никако! Во Македонија секој ден се живее потешко и потешко. Дојдоа, излажаа да ни ги земат гласовите и толку. Нивните деца одат по луксузни одмори, трошат пари, уживаат. Моите ме гледаат на камера на телефон и плачат, раскажува друг иселеник. Во нивната програма „План за живот“ на стр. 127 пишува – „Справување со младинската невработеност, како главна причина за масовното иселување на младите и одливот на мозоци од државата“. Додека пак во истата програма на стр. 239 пишува – „На соседите ќе им предложиме договори за развој на пограничните региони, отворање на нови и ревитализација на постојните гранични премини. Заедничката цел ќе биде слободно движење на граѓаните, запирање на иселувањето и развој на локалната економија“. Не се врати никој. Само, секојдневно, заминуваат нови граѓани. Македонија станува празна. Актуелната Влада, според сите досегашни податоци, со прст нема мрднато да ги врати младите во Република Македонија. Напротив, создава услови за живот од кои сите бегаат. Услови во кои не се живее и не може да се живее. И.Ефремовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-li-beshe-planot-za-zivot-bilet-vo-eden-pravec-i-bolno-zbogum-bela-chuma-ja-pokosuva-makedonija/feed/ 0
Данев: Време е граѓаните да дадат свое мислење за работата на двоецот СДСМ-ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-vreme-e-gragjanite-da-dadat-svoe-mislenje-za-rabotata-na-dvoecot-sdsm-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-vreme-e-gragjanite-da-dadat-svoe-mislenje-za-rabotata-na-dvoecot-sdsm-dui/#respond Sun, 11 Aug 2019 12:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=228567

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев ја потсетува јавноста за тоа што се во 2016 година ветуваше СДСМ со нивниот „План за живот во Македонија“, притоа прикажувајжи ја и фактичката состојба од тригодишното владеење на СДСМ -Ветување: " Ќе ги зголемиме платите на наставниците и професорите,со тоа што за ДВЕ ГОДИНИ ќе ја изедначиме почетничката наставничка плата со просечната плата во државата. " Реализација: Јуни-2019(третта година власт) Почетничка наставничка плата - 21500 Просечна плата во државата -25500 Заклучок:" ВЕТЕНО-СТОРЕНО" Решение: Значаен параметар во развојот на образовниот систем покрај современа образовна инфраструктура,современи образовни програми и помагала,среќни и задоволни ученици е и МОТИВИРАНИ НАСТАВНИЦИ! П.С. Флоскулата "нема доволно пари" - сега во контекс на актуелните случувања е само флоскула! Пари јасно е дека има но распределбата треба да биде во правец на обезбедување квалитетна иднина за сегашните и идните генерациии! Време е граѓаните да дадат свое мислење за работата на двоецот СДСМ-ДУИ на ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!, пишува на својот Фејсбук профил претеникот Данев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-vreme-e-gragjanite-da-dadat-svoe-mislenje-za-rabotata-na-dvoecot-sdsm-dui/feed/ 0
СДСМ за Охрид, што (не)оствари: Развојот на оранжериско производство и изградбата на агро центар останаа мртво слово на хартија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-ohrid-shto-ne-ostvari-razvojot-na-oranzerisko-proizvodstvo-i-izgradbata-na-agro-centar-ostanaa-mrtvo-slovo-na-hartija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-ohrid-shto-ne-ostvari-razvojot-na-oranzerisko-proizvodstvo-i-izgradbata-na-agro-centar-ostanaa-mrtvo-slovo-na-hartija/#respond Tue, 19 Feb 2019 08:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=165522

„Што вети СДСМ за Охрид, што (не)оствари“. Во првиот текст ќе објавиме за едно ветување дадено во програмата за локалните избори „План за живот во Охрид“, а кое се однесуваше на развој на оранжериското производство и изградба на агро центар, објавува охрид24.мк. -Оранжериско производство претставува одгледување растенија и земјоделски култури во контролирани услови. Климатските услови во Охрид ги задоволуваат сите параметри кои се неопходни за оранжериско производство: температура, ниво на светлина, наводнување, користење на ѓубрива и атмосферска влага. Оранжериите како структури ќе овозможат одгледување на свежи земјоделски производи, како што се овошје, зеленчук, цвеќиња и други земјоделски култури во секој период од годината. Оранжериите кои ќе бидат изградени ќе функционираат во рамки на агро центар, кој ќе им пружа помош на производителите во процесот на оранжериско производство. Агро центарот ќе придонесе за економски раст на градот преку производство, преработка, пакување и дистрибуција на земјоделските култури. Основната функција на Агро центарот ќе биде производство на храна за локална употреба во рамките на локалните заедници што дава многу предности и тоа: рекултивација на неуредените градски и селски површини и земјишта во нивна непосредна близина, вработување на населението, поголема количина и квалитет на земјоделски култури, односно храна и редовно снабдување на угостителските капацитети со свежи земјоделски производи. Целна група беа земјоделците, угостителите и сите граѓани, а рок за реализација беше 2018 година. Вака беше наведено во програмата „План за живот во Охрид“. Денеска сме 18.02.2019 година, а земјоделците, угостителите и сите граѓани се уште го чекаат оранжериското производство и агро центарот кои останаа празно ветување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-za-ohrid-shto-ne-ostvari-razvojot-na-oranzerisko-proizvodstvo-i-izgradbata-na-agro-centar-ostanaa-mrtvo-slovo-na-hartija/feed/ 0
КУРИР ИСТРАЖУВА: До каде дотуркаа граѓаните со СДСМ, најавените проекти останаа само празни предизборни ветувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kurir-istrazuva-do-kade-doturkaa-gragjanite-so-sdsm-najavenite-proekti-ostanaa-samo-prazni-predizborni-vetuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kurir-istrazuva-do-kade-doturkaa-gragjanite-so-sdsm-najavenite-proekti-ostanaa-samo-prazni-predizborni-vetuvanja/#respond Sun, 09 Sep 2018 08:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=98308

Немаштија, невработеност, очајни возрасни и деца кои питачат за парче леб, семејства без покрив над главата, граѓани на кои не им е обезбеден ветениот минимум квалитет на живот, погазена гордост и достоинствo. Ова се само дел од горливите проблеми со кои се соочуват граѓаните на нашата држава. „Социјалната држава е згазена. Враќање на средната класа нема. Трендот на оваа политика е – или имаш многу или немаш ни за леб. Во македонската држава, создадени се класни разлики кои направија длабок рез меѓу луѓето“, велат аналитичари на националните политики за Курир. Мила Царовска, некогаш како активистка од невладиниот сектор често беше забележувана во јавноста како дели совети за сиромашните. Популистички или не, на чело и во име на Македонската платформа против сиромаштија, неколку години пред таа да седне во министерската фотеља, маршираше заедно со сиромашните граѓани по скопските улици нудејќи рецепти за социјална политика. Беше придружувана од граѓани кои бараа стандард, наместо решавање на името на државата. А денес, на чело со оваа владејачка гарнитура,  индексот на мизерија галопирачки расте, невработеноста се зголемува, а сиромаштијата секојдневно гази се пред себе. Граѓаните очајно бараат влез на пазарот на труд како единствен излез од бедата, додаваат аналитичари за Курир. „Вработувањето е најздравиот начин за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.  Неопходни се инвестиции , отворањето на нови одржливи работни места,  за да се спречи дополнителен контигент  на граѓани кои се наоѓаат на само чекор пред отворање на вратата на сиромаштијата, од кои најголем процент се жени и деца“. Ова е заклучокот од последната панел дискусија именувана како „Актуелните трендови на водењето на социјалната политика во развиените земји на Европската Унија во споредба со земјите од регионот“ која редовно се одржува во Централниот штаб на ВМРО ДПМНЕ . Поразителни се најновите податоци на „Finance think“ според кои  69 проценти од граѓаните не можат да си обезбедат одмор еднаш во годината, 78 проценти од нив не можат да си купат парче облека или обувки, а 34 проценти не можат да си дозволат ништо. Освен тоа што во државата се живее крпен живот, оваа година карактеристичен е животот на кредит бидејќи задолжувањата на граѓаните по банките пораснале за 10 проценти во споредба со лани. Ветените 12 илјади денари за секое четиричлено семејство кое живее во ризик од сиромаштија, и тоа дека Владата на СДСМ  ќе ги обезбеди во првите шест месеци од своето владеење, останаа само празни букви на страната број 215  од „Планот за живот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kurir-istrazuva-do-kade-doturkaa-gragjanite-so-sdsm-najavenite-proekti-ostanaa-samo-prazni-predizborni-vetuvanja/feed/ 0