планета земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 11:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png планета земја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележан Денот на планетата Земја под мотото „Инвестираме во знаење – се грижиме за планетата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-denot-na-planetata-zemja-pod-mototo-investirame-vo-znaene-se-grizhime-za-planetata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-denot-na-planetata-zemja-pod-mototo-investirame-vo-znaene-se-grizhime-za-planetata/#respond Thu, 20 Apr 2023 11:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=825900

Со изложба на постер презентации изработени од ученици кои посетуваат настава во училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата и со практична демонстрација на ГЛОБЕ протоколите, денеска Министерството за животна средина и просторно плaнирање го одбележа 22 април, Денот на планетата Земја, кој оваа година се слави под мотото „Инвестираме во знаење – се грижиме за планетата“. На настанот, претставници од Министерството ги запознаа присутните ученици со работата на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, говореа за неопходноста и за придобивките од редовното и навремено следење на квалитетот на медиумите од животната средина. - Денеска со овој настан ги потврдуваме нашите заложби за спроведување на ГЛОБЕ Програмата која за нас претставува вонредно важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина преку нејзино спознавање и едукација на младите генерации, бидејќи тие се главни актери во промените за квалитетен живот и одржлива и зачувана животна средина, што ќе ја наследат од нас, истакна во своето воведно обраќање министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова. Таа додаде и дека овогодинешната тема за Денот на планетата Земја јасно се пресликува и во вредностите кои ги застапува ГЛОБЕ програмата, каде Северна Македонија е вклучена уште од 1998 година и чија практична обука ја поминаа околу 60-тина професори од државава. Воведни обраќања на настанот имаа и заменик-амбасадорот на САД во Северна Македонија, Ерик Мејер. -Најдобар начин да се инвестира во нашата планета е да се инвестира во талентирани студенти како вас. Не само што работите за да го направите светот подоро место за себе, туку помагате да го направиме подобро место за сите нас. Јас сум оптимист за вашата иднина и иднината на оваа земја со луѓе како вас кои се фокусирата на прашањата за кои толку длабоко се грижите ве чекаат одлични промени, порача амбасадорот. На настанот за 18 училишта беа доделени инфрацрвени бесконтактни термометри, донација од МЖСПП. ГЛОБЕ програмата претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhan-denot-na-planetata-zemja-pod-mototo-investirame-vo-znaene-se-grizhime-za-planetata/feed/ 0
Планетата Земја од денеска веќе живее на кредит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-od-deneska-vekje-zivee-na-kredit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-od-deneska-vekje-zivee-na-kredit/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=711319

Човештвото заклучно со денешниот ден ги има потрошено сите природни ресурси што годишно може да ги обезбеди планетата Земја, така што влегува во „еколошки долг“ два дена порано отколку лани. Денот кога се прекорачуваат земјините ресурси од 1970 година наваму настапува се порано, освен во 2020 кога тоа беше на 22 август, за што причина беше намалената потрошувачка на ресурсите поради пандемијата. Глобална мрежа за истражување „Глобал футпринт нетворк“ што секоја година го пресметува тој датум, соопшти дека на глобалната популација за обнова на се се она што го троши и е потребен биокапацитет од 1,75 од Земјата. Три милијарди луѓе живеат во земји што произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек, се наведува во извештајот. Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек. Во соопштението се посочува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени. Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг за животната средина еквивалентен на 19 години планетарна регенерација. „Резултатот е широко распространета деградација на еко-системот и атмосфера исполнета со гасови со ефект на стаклена градина“, се наведува во соопштението. Пресметано е дека доколку човештвото го пролонгира датумот на надминување на ресурсите за шест дена секоја година, до 2050 планетата ќе ги обезбеди сите потреби на населението на Земјата. Што се однесува на поставените цели за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, датумот би морал да се одложи за десет дена. Извештајот нагласува дека постојат многубројни и економски исплатливи можности за постигнување на тие цели. Меѓу препорачаните се мерки за двојно намалување на отпадот од храна, подобрување на велосипедската инфраструктура и производство на повеќе електрична енергија од ветер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planetata-zemja-od-deneska-vekje-zivee-na-kredit/feed/ 0
Меѓуѕвезден метеор се судрил со Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/#respond Thu, 14 Apr 2022 07:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=662809

Неодамна објавен документ од Командата за вселенски операции на САД, го потврди првиот познат меѓуѕвезден метеор што во поблиското минато ја погодил Земјата. Меѓуѕвездените метеори потекнуваат вон нашиот Сончев Систем, и се многу ретки. Но, според наводите, на 8 јануари 2014 година, еден се урнал североисточно од Папуа Нова Гвинеја – во Тихиот Океан. Телото било идентификувано како меѓуѕвезден метеор во научен труд од 2019 година, од Амир Сираџ – тогашен студент на Универзитетот Харвард. Во тоа време, Сираџ, заедно со проф. Абрахам Леб, го истражуваше „Оумуаму“ – и тогаш познат објект, откриен 2017 година. Но, големата брзина е она што на Сираџ му паднало во око на почетокот. Пресметките покажале дека вселенското тело се движи со брзина од 60 километри во секунда кон Сонцето. Мапираната патека пак, открила дека тоа е во самостојна орбита, за разлика од затворените орбити на движење на други метеори. Тоа значи дека не орбитира околу Сонцето како другите метеори, т.е. доаѓа надвор од Сончевиот Систем. Лоеб и Сираџ, сепак, не можеле да ги објават своите научни наоди, бидејќи нивните податоци биле преземени од базата на податоци „ЦНЕОС“ (CNEOS) на НАСА, што не открива колку се точни читањата. По долги години обиди да ги добијат потребните дополнителни информации, тие сега добија официјална потврда дека навистина се работи за меѓуѕвезден метеор, од Џон Шо – заменик командант на американската Вселенска команда. „Д-р Џоел Мозер, главен научник на Командата за вселенски операции, ја прегледа анализата на дополнителните податоци со кои располага Министерството за одбрана во врска со ова откритие. Д-р Мозер потврди дека проценката на брзината пријавена во НАСА била доволно точна за да укаже на меѓуѕвездено тело“, пишува Шо во писмото. Откако добија потврда од властите, Сираџ и неговиот тим повторно се потрудиле да ги објават своите наоди во научно списание. Тој, исто така, би сакал да се обиде да земе примерок од метеорот од Тихиот Океан, но признава дека тоа би било многу тешко изводливо, поради големината на потфатот. Кога истражувачите би можеле „да го зграпчат светиот грал кај меѓуѕвездените тела“, вели Сираџ, тоа ќе биде научна револуција што ќе помогне многу повеќе да дознаеме за подрачјето вон Сончевиот Систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/feed/ 0
На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-januari-2022-godina-zemjata-e-naselena-so-7-8-milijardi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-januari-2022-godina-zemjata-e-naselena-so-7-8-milijardi-lugje/#respond Sun, 02 Jan 2022 17:10:00 +0000 https://kurir.mk/?p=615618

Од 1 јануари 2022 година, на Земјата живеат 7,8 милијарди луѓе, што е зголемување на населението за 74 милиони или 0,9 отсто во споредба со 1 јануари минатата година, покажуваат податоците на американското Биро за попис на населението. Во текот на оваа година се очекува да има 4,3 раѓања и два смртни случаја секоја секунда. Населението на САД во изминатата година се зголемило за речиси 707.000 луѓе, па од вчера во оваа земја живеат 332,4 милиони лица. Од Нова година се очекува во САД на секои девет секунди да се раѓа по едно бебе, на секои 11 секунди да умира по едно лице и на секои 130 секунди да се раѓа по едно бебе од меѓународната мигрантска популација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-januari-2022-godina-zemjata-e-naselena-so-7-8-milijardi-lugje/feed/ 0
Волшебна глетка над планетата Земја: Руски коснонаут снимил поларна светлина, но и чудна појава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/volshebna-gletka-nad-planetata-zemja-ruski-kosnonaut-snimil-polarna-svetlina-no-i-chudna-pojava-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/volshebna-gletka-nad-planetata-zemja-ruski-kosnonaut-snimil-polarna-svetlina-no-i-chudna-pojava-video/#respond Mon, 24 Aug 2020 12:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=394656

Рускиот космонаут Иван Вагнер направи неверојатна видео снимка од поларна светлина од Меѓународната вселенска станица, но и уште едно изненадување кое го нарекол „весленски гости“. -На видеото ќе видите уште нешто, не само поларната светлина. Се чини дека пет летачки објекти летаат еден до друг, напишал Вагнер во својата објава на социјалните мрежи. На крај ќе се испостави дека тоа е сателит во вселената, а рускиот косонаут ја фатил таа рефлексија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/volshebna-gletka-nad-planetata-zemja-ruski-kosnonaut-snimil-polarna-svetlina-no-i-chudna-pojava-video/feed/ 0
Пристигнува „отровната комета“- последен пат нè посетила кога Египќаните ги граделе големите пирамиди https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pristignuva-otrovnata-kometa-posleden-pat-ne-posetila-koga-egipkjanite-gi-gradele-golemite-piramidi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pristignuva-otrovnata-kometa-posleden-pat-ne-posetila-koga-egipkjanite-gi-gradele-golemite-piramidi/#respond Mon, 06 Apr 2020 11:42:14 +0000 https://kurir.mk/?p=328101

Кометата на 27-ми мај ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 117 милиони километри. Љубителите на астрономијата наскоро ќе можат да видат голем спектакл, затоа што древната комета која што не е видена во близина на Земјата илјадници години, наскоро ќе помине во нашиот дел на галактичкиот универзум. Се очекува кон крајот на месец април истата да стане блескава како ѕвезда. Како што објаснува Људмила Кошман, астроном во Московскиот планетариум, кометата C/2019I4 Atlas, чие јадро содржи отворено хемиско соединение наречено цијаноген, последен пат го посетила нашиот Сончев систем во текот на 4-от милениум пред нашата ера, кога Египќаните ги граделе големите пирамиди. „Тоа можеби ќе биде најсјајната појава на нашето небо во последните седум години“ – изјавила таа. „Поради соларниот оган, кометата почнува да развива две опашки – една гасовита, а друга составена од прашина. И двете изгледаат спектакуларно додека ги набљудувате“. Според неа, кометата на 27-ми мај ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 117 милиони километри, а на 31-ви мај ќе се приближи до Сонцето и Меркур – планетата која што е најблизу до срцето на нашиот Сончев систем. Таа навела дека зеленкастата нијанса на кометата ја произведува цијаногенот кој што се наоѓа во нејзиното јадро и таа станува флуоресцентна кога е погодена од УВ-зрачењето, а дека до крајот на април кометата ќе стане светла како ѕвезда во дел од соѕвездието Голема мечка, така што ќе биде видлива со голо око.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pristignuva-otrovnata-kometa-posleden-pat-ne-posetila-koga-egipkjanite-gi-gradele-golemite-piramidi/feed/ 0
НАСА: Во сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна закана од Вселената- еве ги морничавите детали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-vo-sabota-zemjata-kje-bide-izlozena-na-seriozna-zakana-od-vselenata-eve-gi-mornichavite-detali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-vo-sabota-zemjata-kje-bide-izlozena-na-seriozna-zakana-od-vselenata-eve-gi-mornichavite-detali/#respond Wed, 12 Feb 2020 17:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=303062

Голем астероид, долг околу еден километар, опасно ќе се приближи до нашата планета в сабота, 15 февруари, објави НАСА. Проценките велат дека е потенцијално катастрофален, затоа што во случај на удар, карпа со таква големина би можела да убие милиони луѓе во поширокиот регион и да предизвика трагедија на глобално ниво. Астероидот со кодно име 2002 PZ39 патува со брзина поголема од 50.000 километри на час. НАСА објави дека треба да биде во точка најблизу до нашата планета в сабота во 11 часот и пет минути претпладне. Проценетите димензии на вселенската карпа се 990 на 440 метри, големина чие влијание, како стандард, остава значителни последици. „Ако објект поголем од 25 метри, а помал од еден километар, удри на Земјата, тоа веројатно ќе предизвика локална штета во областа на ударот. Секое поголемо небесно тело, со волуменн од еден до два километра, би можело, сепак, да има глобални ефекти”, наведува НАСА. Астеродидот ќе помине на оддалеченост од Земјата од 5,77 милиони км. За експертите тоа значи дистанца која ги изложува луѓето на потенцијална опасност. НАСА посочува дека откако, најверојатно, ќе ја заобиколи Земјата, астероидот 2002 ПЗ39 ќе продолжи по Сончевиот систем и ќе појде кон Венера, на која би требало да се приближи на 14 јуни 2034 година. Но тој датум нема да значи и трајна разделба со Земјата, бидејќи истиот астероид од Венера повторно ќе се врати кон нашата планета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-vo-sabota-zemjata-kje-bide-izlozena-na-seriozna-zakana-od-vselenata-eve-gi-mornichavite-detali/feed/ 0
Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vekje-2000-godini-temperaturite-na-planetata-ne-se-zgolemile-tolku-brzo-kako-sega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vekje-2000-godini-temperaturite-na-planetata-ne-se-zgolemile-tolku-brzo-kako-sega/#respond Thu, 25 Jul 2019 09:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=222476

Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сегаЗа да се дојде до овие заклучоци истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори, вклучувајќи ги прстените на дрвјата и ледените моркови, јавува дописникот на МИА. Термометарот никогаш не се искачи толку брзо. Во текот на изминатите 2000 години, глобалните температури никогаш не се зголемија толку брзо како сега, се наведува во студиите објавени во момент кога Западна и Северна Европа страдаат од вториот бран на жешко време за само еден месец. Станува збор за две одделни студии кои анализираат 2.000 години на трендови во климатската историја на нашата планета. Прстените на дрвата, ледените моркови, езерски седименти и корали, како и современите термометри … Истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори. Овие студииконечно треба да ги спречат климатските скептици кои тврдат дека неодамнешното глобално затоплување е дел од природниот климатски циклус, изјави Марк Маслин од Универзитетскиот колеџ во Лондон, коментирајќи ја студијата. Првата студија, објавена во списанието „Натур“, покажува дека за време на Малото ледено доба (1300-1850) било извонредно студено во Европа и САД , не беше ладно насекаде на планетата. Кога се враќаме во минатото, наоѓаме регионални феномени, но никој не е глобален, вели Натан Стејгер од Универзитетот Колумбија во Њујорк. Во моментов, затоплувањето е глобално, 98 отсто од светот се загреа по индустриската револуција, додава тој. Вториот напис во „Натур Геосциенс“ ја испитува просечната промена на температурата за кратки периоди од неколку децении. Нивните заклучоци се јасни: во ниеден момент од почетокот на нашата ера температурите не се зголемуваа толку брзо и редовно како на крајот на дваесеттиот век. Кога во повоениот период, производството (поттикнато од фосилни горива) и потрошувачката достигна невидени нивоа. Овој резултат го нагласува вонредниот карактер на сегашните климатски промени, објаснува Рафаел Неуком од Универзитетот во Берн во Швајцарија, коавтор на студијата. За денес во Франција и во добар дел на Западна Европа се очекуваат рекордно високи температури, кои на некои места ќе надминат 40°C.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vekje-2000-godini-temperaturite-na-planetata-ne-se-zgolemile-tolku-brzo-kako-sega/feed/ 0
Доаѓа судниот час: Земјата ќе биде погодена од мега катастрофа, еве кога се очекува големиот удар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doagja-sudniot-chas-zemjata-kje-bide-pogodena-od-mega-katastrofa-eve-koga-se-ochekuva-golemiot-udar-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doagja-sudniot-chas-zemjata-kje-bide-pogodena-od-mega-katastrofa-eve-koga-se-ochekuva-golemiot-udar-video/#respond Wed, 12 Jun 2019 09:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=208286

„Големата катастрофа, која што ќе ја предизвикаат ураганите Катерина и Мајкл, ќе се случи – можеби утре, можеби за неколку децении, напишал Бафет во годишното писмо до акционерите на компанијата „Беркшир Хадавеј“ од Омаха. Според неговите зборови таа катастрофа може да биде ураган, земјотреси или може да биде сосема некое изненадување, како што е сајбер-напад кој би можел да има незамисливи последици. И додека другите во неговите зборови ја гледаат само катастрофата, 88-годишниот Бафет гледа и работна прилика. -Кога таква мега катастрофа ќе удри, ќе имаме загуби и тие ќе бидат големи, многу големи. Сепак за разлика од многу други, ние веќе наредниот ден ќе настојуваме да ја прошириме работата, напишал тој. Бафет е еден од најуспешните светски инвеститори кого поради неговите инвестициски предвидувања го нарекуваат „пророкот од Омаха“. Судејќи според извештаите на геолозите, сеизмолозите и на другите други научници последните години, две работи се јасни: големи се доказите за улогата на константната промена на климата и второ, нашата способност која се подобрува за да го предвидиме ризикот од доаѓањето на природните катастрофи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doagja-sudniot-chas-zemjata-kje-bide-pogodena-od-mega-katastrofa-eve-koga-se-ochekuva-golemiot-udar-video/feed/ 0