планети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 06:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png планети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриени две планети со иста орбита околу нивната ѕвезда https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/#respond Thu, 20 Jul 2023 06:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=858273

Шпански астрономи денеска објавија дека откриле две планети што делат иста орбита околу нивната ѕвезда, наречена ПДС-70. Тоа е ретка вселенска појава. - Познато е дека астероидите следат планети околу нивната ѕвезда, на пр. Јупитер и неговите тн. „тројански астероиди“. Но, планети во иста орбита се многу ретки. Во теорија, можно е да постојат, но никој досега не открил такво нешто, појасни Хорхе Лило-Бокс од Мадридскиот центар за астробиологија, еден од авторите на трудот. Со помош на Големиот телескоп во Чиле, научниците забележале отпадоци на патеката на движење на веќе постоечка планета што кружи околу ѕвездата во соѕвездието Кентаур. Таа е оддалечена 370 светлосни години од Земјата. Истражувачите се сомневаат дека се работи или за планета во зародиш или за остатоци од планета што некогаш постоела. Научниците ќе мора да почекаат барем до 2026 година, велат, за поуспешно да ги проследат двете тела околу ѕвездата. Раководителката на Центарот за астробиологија од Мадрид, Олга Балсалобре-Руза, додаде дека овие наоди, објавени и во списанието „Астрономи енд астрофизикс“ се првиот доказ дека такви планети „двојнички“ би можеле да постојат во Вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/feed/ 0
Откриени 29 планети на кои може да има вонземјани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-29-planeti-na-koi-moze-da-ima-vonzemjani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-29-planeti-na-koi-moze-da-ima-vonzemjani/#respond Thu, 24 Jun 2021 12:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=527515

Научници утврдиле 29 планети на кои може да има вонземјани коишто би можеле да ја набљудуваат Земјата. Тоа, од вкупно 1.715 испитани и лоцирани ѕвездени системи од каде што вонземјаните би можеле да ја откријат, т.е. лоцираат Земјата последниве 5.000 години, пишува „Гардијан“. Луѓето со векови го гледаат небото прашувајќи се – дали има живот меѓу ѕвездите? И, додека ние замислуваме мали зелени суштества што личат на човекот, некој таму горе можеби гледа во нас. Во ново истражување, астрономите го стеснија кругот на блиските ѕвездени системи од кои може да се види животот на Земјата. Лиза Калтенегер, професорка по астрономија и директорка на Институтот „Карл Саган“ при Универзитетот „Корнел“ во Њујорк, смета дека еден начин да се пронајдат вакви планети е да се блокираат делови од светлината на ѕвездата домаќин. Илјадници планети се откриени надвор од Сончевиот Систем, а околу 70 отсто се забележани во мигот кога минуваат пред ѕвездата, блокирајќи дел од светлината што стигнува до телескопите на Земјаните. Идните опсерватории како вселенскиот телескоп НАСА, кој ќе биде лансиран оваа година, ќе бараат знаци на живот на „егзопланетите“ со анализа на составот на нивната атмосфера. За да утврдат кои ѕвездени системи во близина се во добра позиција за набљудување на Земјата, проф. Калтенегер и д-р Џеки Факрети, астрофизичарка од Американскиот музеј на природонаучна историја, го проучиле каталогот ѕвезди, и нивната позиција и движење, составен од Европската вселенска агенција, со помош на астрометричката опсерваторија „Гаја“. Така, тие идентификувале 2.034 ѕвездени системи на оддалеченост од 326 светлосни години од коишто можело да се забележи движењето на Земјата, од пред 5 илјадалетија до 5.000 години во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-29-planeti-na-koi-moze-da-ima-vonzemjani/feed/ 0