планинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 18:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png планинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „Тигрите“ спасија повреден планинар на Осоговските планини, со хеликоптер на МВР пренесен во Клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/#respond Sat, 07 Oct 2023 18:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=886449

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар денес попладне успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини. -Во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи. Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош, информира МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/feed/ 0
ОТВОРЕНА ИСТРАГА: Идентификуван вториот починат турист пронајден на Пирин, со потекло е од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-identifikuvan-vtoriot-pochinat-turist-pronajden-na-pirin-so-poteklo-e-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-identifikuvan-vtoriot-pochinat-turist-pronajden-na-pirin-so-poteklo-e-od-makedonija/#respond Tue, 03 Jan 2023 11:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=783498

Бугарските надлежни служби соопштија дека е утврдено оти телото на вториот починат турист пронајден на една од падините под врвот Вихрен на планината Пирин му припаѓа на 55-годишниот Драган Глишиќ, жител на Австрија по потекло од Македонија. Како што информира бТВ, по речиси 20-часовната спасувачка акција на падините на Пирин, телото на Глишиќ и на вториот починат, 69-годишниот бугарски државјанин Пламен Христов се пренесени на обудкција. Дописникот на МИА од Софија јави дека е утвредено оти Глишиќ и Христов починале како последици на повреди здобиени при пад. Глишиќ допатувал сам во Банско пред Нова година со неговиот автомобил со австриски регистарски таблички. Според неговиот пријател Горан Безениќ, тој и Глишиќ се познаваат од деца и често патувале низ Европа. Безениќ посочува дека Глишиќ претходно бил службено во земјава, од каде заминал на скијање во Банско. Бугарските медиуми посочуваат дека останува мистерија како телата на двајцата починати завршиле едно до друго, имајќи пред вид дека според расположливите информации тие не се познавале и Глишиќ немал пријатели во Бугарија. Јавното обвинителство на Бугарија започна предистражна истрага за смртта на Глишиќ и Христов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-identifikuvan-vtoriot-pochinat-turist-pronajden-na-pirin-so-poteklo-e-od-makedonija/feed/ 0
Со хеликоптер на МВР извлечен починатиот планинар кај Титов Врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=757967

Преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово вчера во 17 часот и 30 минути, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне. Набргу по пријавувањето, соопштија денеска од МВР, била организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествувале екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. – По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера, се појаснува во соопштението. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/feed/ 0
ФОТО: Пронајден планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-planinarot-koj-padna-od-karpa-kaj-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-planinarot-koj-padna-od-karpa-kaj-titov-vrv/#respond Wed, 09 Nov 2022 07:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=757733

Пронајден е планинарот по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв. Синоќа околу 20 часот беше пронајден и планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи. -Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титив Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, стои во информацијата на фејсбук страницата на ЦУК. Акцијата за спасување почна синоќа по добиен повик за итен случај на 112 откако едниот од планинарите паднал од карпа во провалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-planinarot-koj-padna-od-karpa-kaj-titov-vrv/feed/ 0
Кумановец го искачи највисокиот врв Дамаванд во Иран и Мала Азија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/#respond Mon, 24 Oct 2022 07:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=749745

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија. Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството. – Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски. Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд. – Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски. Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур.
Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот. Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина. – Никогаш доволно од планина, вели кумановецот. Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина). На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува. – Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски. Тој е лиценциран водич при ФПСМ (Федерација за планинарство на Северна Македонија) од 2015 година, како и лиценциран планинарски маркацист, член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ и член на младинската комисија при ФПСМ.
Стефановски смета дека може уште повеќе да се искористи потенцијалот кој го има земјава богата со околу 40-тина планини и планински масиви. – Според ова, имаме огромен потенцијал за планински туризам и сите туристички гранки кои влегуваат во овој вид на туризам. Добро е целосно да се искористи потенцијалот, да се инвестира, да се промовира планинарството, планините, природата. А, посебно би обрнал внимание и би дал акцент на колективната свест за чување и зачувување на природата, планините, флората и фауната. Последните години, откако почна короната, сè повеќе и повеќе луѓе ги посетуваат планините, и овој тренд нема да застане во блиска иднина. Колку повеќе луѓе на планина, толку повеќе ѓубре се остава. Немаме доволно развиена колективна еколошка свест, вели Стефановски. Искусниот планинар и дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, повикува соодветен кадар да работи на промоција на планинскиот туризам, соодветно да се одбележат и утврдат планинарски патеки според Законот за планински патеки, да се обезбедат спасувачки служби на сите планини, обучени, оспособени и искусни планинарски водичи од сите делови на државата, со цел водичка покриеност за секоја планина. МИА

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-damavand-vo-iran-i-mala-azija/feed/ 0
Трагедија: Почина планинар на Кораб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-planinar-na-korab/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-planinar-na-korab/#respond Sun, 18 Sep 2022 09:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=734358

Денеска, Региналниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, извести дека утрово од Полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфракт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб, поточно местото на настанот е на локација на еден километар над ПС Стезимир. Случајот го пријавил планинар кој дошл до Полицска станица Стрезимир, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање. Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. Конкретно, од страна на Полициска станица – Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до место каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и групата палнинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнт со возилото на Брзата помош. Практично, во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. Но, за да сето тоа да биде и согласно процедурите за такви случаи, е потребно на место на настанот, покрај присутност и медицинска констатација на доктор од брза помош, да се чека да пристигне и јавен обвинител од Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-planinar-na-korab/feed/ 0
Трагедија во Грција, гром усмрти планинар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/#respond Mon, 22 Aug 2022 12:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=722037

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“. Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома. Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила. Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала. Трката почна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случил фаталниот удар од гром. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/feed/ 0
ФОТО: Успешна асистенција на скопските пожарникари, спасиле планинарка на Водно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/#respond Thu, 21 Apr 2022 09:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=666424

Скопските пожарникари рано утринава добиле повик за асистенција на Брзата помош поради планинарка на која и била потребна помош. Како што дознаваме на жената и се слошило на една од планинарските патеки, но поради непроодност на теренот медицинските екипи не можеле да дојдат до неа, па помош била побарана од противпожарната бригада. Пожарникарите ја лоцирале жената, по што безбедно ја пренеле до местото каде и била пружена лекарска помош. -Утринава добивме повик за асистенција од Брзата помош. Во близина на средно Водно беше потребно да се извлече жена и пренесе до локација каде можеше да и биде пружена помош, по што беше преземена од екипата на Брза помош, вели за Курир, Ѕвонко Томевски командир на скопската противпожарна бригада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-uspeshna-asistencija-na-skopskite-pozarnikari-spasile-planinarka-na-vodno/feed/ 0
Планинарка од Скопје паднала од карпа при искачување на Кораб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/#respond Sun, 31 Oct 2021 10:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=588518

Во Полициското Одделение Маврово вчера попладне М.Г.(45) од Скопје пријавил дека при искачување на врвот Махија Маде на планината Кораб каде учествувале четиринаесет планинари, во еден момент М.П.(32) од Скопје, се лизнала и паднала од карпа. -Со помош на другите планинари се спуштиле до с.Грекај и со медицинско возило од Медицински Центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар, информираат од СВР Тетово. Од страна на лекар констатирани биле телесни повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/planinarka-od-skopje-padnala-od-karpa-pri-iskachuvanje-na-korab/feed/ 0
Планинар „се вратил од мртвите“ – неговото срце буквално 45 минути не му чукало https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/#respond Tue, 17 Nov 2020 13:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=430710

Планинар кој што е спасен откако во тек на една ноќ се изгубил во американски национален парк, вратен е во живот, откако неговото срце застанало да работи на цели 45 минути. Мајк Напински (45), мината недела се изгубил во националниот парк Маунт Рајнер, каде што температурите се многу ниски, пренесува Би-Би-Си. Откако го пронашле спасувачи, бил пренесен во болница во Сиетел. По доаѓањето во болницата, Напински имал пулс, но срцето му престанало. - Умре додека беше на одделението на итната служба, изјавила др. Џенел Баднук за Сиетел Тајмс. Медицинскиот тим го реанимирал, па го приклучиле на апарат за оксигенација на екстракорпорална мембрана, кој ја гарантира функцијата на измена на гасовите во крвта. Тоа е форма на екстракорпорална животна поддршка при која надворешниот вештачки систем ја пренесува венската крв на пациентот до уредот за размена на гасови, каде што крвта се збогатува со кислород, додека се отстранува јаглерод диоксид. Крвта потоа повторно влегува во крвотокот на пациентот. Таквиот проток на циркулаторна крв е оптимизиран за да обезбеди соодветна поддршка на пациентот во отсуство на природна срцева или белодробна функција. По приближно 45 минути, срцето на пациентот повторно почна да работи и тој се разбудил два дена подоцна. - Кога се разбуди, заплака, сите заплакавме.., рече медицинската сестра Витни Холен. Напински, кој сè уште се опоравува, за CBS изјавил дека започнал со планинарење, откако успеал да се справи со тешката зависност од дрога. - Бев болен, но планинарењето го смени мојот животен стил. Медицинскиот персонал направи напорна работа одржувајќи ме жив, рекол Напински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/feed/ 0