планинарење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 11:19:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png планинарење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На свои 80 години постигнува светски рекорди во планинарење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-svoi-80-godini-postignuva-svetski-rekordi-vo-planinarenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-svoi-80-godini-postignuva-svetski-rekordi-vo-planinarenje/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=465760

Карлос Сорија е 81-годишен Шпанец, обожавател на планинарењето. Вели дека кога ќе излезе од дома за да тренира по планините околу Мадрид, носејќи заштитна маска, тоа го потсетува на времето минато на Хималаите… – Најмногу сум горд што никогаш немав поголеми проблеми со смрзнатини и никогаш никој не ме спасувал. Отсекогаш сум успевал да се искачам на врвот и да се симнам сам, вели Карлос. Роден е во Авила, североисточно од Мадрид и целиот свој живот го минал во искачување планини. Последниве две децении тој поставува рекорди што со право чинат да се смета за навистина единствен во светот. Имено, Шпанецот се искачи на 11 од 14-те највисоки врвови на светот по својот 60. роденден. За кратко беше најстарата личност што се искачила на Монт Еверест, на 62-годишна возраст, а до 70 години возраст ги имаше искачено највисоките врвови на сите седум континенти. Тој сега носи маска поради пандемијата на коронавирусот, но очекува оваа пролет планира да се искачи на планината Даулагири во Непал и на Шишапангма во Тибет, наесен – повторно, на Хималаите. Се надевал дека минатата година ќе ги достигне сите 14 врвови, но неговите планови биле спречени од пандемијата. Кога ќе се искачи на двата наредни планирани врва, тој, вели, ќе им оддаде почит на жртвите на коронавирусот. Карлос дотогаш се подготвува и одржува форма на планинскиот венец Сиера де Гвадарама недалеку од Мадрид, а дома има и вежбалница со тегови, статичен велосипед, ѕид за искачување и друго. Иако лани имал и операција на коленото, тврди дека нема поголеми физички проблеми. – Ја изгубив малку стабилноста во нозете, силата и, малку менталната острина. Но, кога бев на Хималаите, никогаш не се почувствував како старец што сака да види дали може да успее. Постарите имаат замисла дека „играта“ е повеќе околу нив. Има и такви кои велат „добро, јас веќе имам 70 години, но не е важно“. Тоа се убави години!, заклучува тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-svoi-80-godini-postignuva-svetski-rekordi-vo-planinarenje/feed/ 0
Планинарско-велосипедски хепенинг „Почни со Водно“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/planinarsko-velosipedski-hepening-pochni-so-vodno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/planinarsko-velosipedski-hepening-pochni-so-vodno/#respond Thu, 20 Jun 2019 09:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=211076

Планинари, велосипедисти, рекреативци и сите љубители на природата, се поканети на планинарско-велосипедски настан „Почни со Водно“ што ќе се одржи вечер во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје и планинарското друштво „I Love Hiking". Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин", а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите. Организаторите најавуваат дека за сите што ќе стигнат до врвот на Водно, ќе има подготвена храна, словачки пијалок, како и добра забава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/planinarsko-velosipedski-hepening-pochni-so-vodno/feed/ 0