планинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 06:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png планинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Планинари се искачија преку ноќ и дочекаа изгрејсонце на врвот Љуботен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinari-se-iskachija-preku-nok-i-dochekaa-izgrejsontse-na-vrvot-luboten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinari-se-iskachija-preku-nok-i-dochekaa-izgrejsontse-na-vrvot-luboten/#respond Mon, 18 Sep 2023 06:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=878941

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово викендов го реализираше ноќното искачување до врвот Љуботен и пречекување на изгрејсонцето. Целата акција насловена „Зора на Љуботен“ почнува со собир на планинарите во сабота навечер во Старо село, од каде прво се оди до базната станица планинарскиот дом Љуботен, по што следи ноќното искачување во раните утрински часови во недела. -Учествуваа 59 учесници од цела Македонија, при што 57 учесници се собраа на почетната точка во Старо Село и организирано тргнаа и заеднички стигнаа до планинарскиот дом Љуботен. Од групата, четворица останаа во самиот планинарски дом, додека уште двајца учесници беа дојдени порано во самиот дом и не чекаа таму. Околу 02:30 часот тргнавме кон самиот врв, каде што стигнавме околу 05:30 и потоа го чекавме изгрејсонцето и новиот ден, информираше Владимир Трповски, организатор на турата. Планинарите престојувале на врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина до 7 часот наутро. -Некаде нешто по седум часот тргнавме од самиот врв и во 8:30 бевме во планинарскиот дом Љуботен, каде се закрепивме со чорбичка, па во десет часот тргнавме кон Старо село каде заврши оваа акција, истакна Трповски. Покрај домаќините во акцијата „Зора на Љуботен“ покрај членовите на П.К. „Јелак“, учествуваа и членови од планинарските клубови „Љуботен“ и „Тетекс“ од Тетово, како и планинари од Скопје, Куманово, Велес, Битола и Прилеп. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinari-se-iskachija-preku-nok-i-dochekaa-izgrejsontse-na-vrvot-luboten/feed/ 0
На Титов врв се искачија 600 учесници https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/#respond Sun, 28 May 2023 19:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=839832

Околу 600 луѓе денеска се искачија на највисоката точка на Шар Планина, Титов врв во рамки на традиционалното 41-то искачување што го организираше планинарскиот клуб Љуботен. Сите тие ја поминаа „Вакуфска патека“ долга 14 километри со висинска разлика од 1047 метри. -Сите планинари кои се искачија на Титов врв и безбедно се вратија на Попова Шапка од каде тргнаа утринава. До највисокиот врв на Шар планина се искачија околу 600 планинари учесници од 27 планинарски друштва од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска. Во текот на движењето на колоната учесници се беше во ред, со оглед на тоа дека сите максимално ги почитуваа препораките на нашата организација. Времето беше облачно но стабилно со малку дожд на крајот, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен. Во текот на вчерашниот ден ПК Љуботен ја спроведе и најавената акција за чистење и подигнување на фрлени отпадоци на Попова Шапка во координација со Национален парк Шар Планина. Планинарската манифестација за отворена ја прогласи претседателот на Федерацијата на планинарски спортови Зоран Читкушев. Титов врв е на 2747 метри надморска височина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/feed/ 0
Планинарите апелираат на внимателност кога се оди или се вози на планина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarite-apeliraat-na-vnimatelnost-koga-se-odi-ili-se-vozi-na-planina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarite-apeliraat-na-vnimatelnost-koga-se-odi-ili-se-vozi-na-planina/#respond Mon, 22 May 2023 10:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=837373

Постојаните врнежи од дожд во последните три недели најверојатно се причината поради која тројцата моторџии се заглавиле во кал на Плачковицa, смета планинарот Мартин Каровски. Тој забележува дека кога се оди во планина или пак се вози со возило и мотоцикл, треба да се внимава на временските услови, што важи без разлика дали е пеш или со возило. - Во однос на последните случувања луѓето најверојатно го заборавиле фактот дека последните три недели имаше континуирана циклонска активност, каде постојано 24 часа имавме врнежи од дожд. Тоа значи дека почвата е презаситена од вода, особено оние некатегоризирани патишта по кои се движат возила или мотоцикли, но и онаму каде нема вегетација, па водата е уште помалку апсорбирана и отежнато е движењето слично или идентично како по снег, вели Каровски. Тој нагласува дека оние кои сакаат да одат низ планина треба да бидат психо-физички подготвени. Ако во котлините е пролет, голема е веројатноста на планината сѐ уште да е зима, дециден е Каровски. - Со доаѓањето на пролетта во котлините, не значи дека е дојдена пролетта и на планините. Зависно од надморската височина, во Македонија на некои планини може снегот да се задржи и до месец јуни и јули. Секогаш луѓето пред да заминат во планина треба да го имаат предвид фактот дали се психо-физички спремни. Таа физичка подготвеност не значи само дали можам да се искачам на замислената дестинација, туку дали сум спремен и да се вратам од таму, вели Каровски. Тој советува секогаш кога ќе се тргне на планина во групата да се има искусен планинар или водич и со себе да се има опрема. Според него, во овој период од годината задолжително треба да се носи зимска опрема, бидејќи луѓето секогаш треба да бидат подготвени на радиклани промени кои може да се случат на планина. Од планинарските клубови посочуваат дека вакви случаи на годишно ниво има од 10 до 15.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planinarite-apeliraat-na-vnimatelnost-koga-se-odi-ili-se-vozi-na-planina/feed/ 0
Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-planinarki-i-planinari-se-iskachija-na-dimev-vrv-na-pelister/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-planinarki-i-planinari-se-iskachija-na-dimev-vrv-na-pelister/#respond Sat, 13 May 2023 16:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=833861

Над 500 планинари, меѓу нив и околу 70 жени планинарки се искачија на Пелистер, ставија цвеќе на Димев Врв, и оддадоа почит на Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој пред 34 години го освои највисокиот врв на планетата, Монт Еверест. Традиционалниот марш кој во овој период од годината се одржува во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, почна во 7 часот утрото по планинарска патека долга 26 километри. -Прекрасно беше чувството да се учествува на планинарскиот марш кој и годинава понуди планинарски предизвици, бидејќи од месноста Ловечка Куќа и се до Димев Врв и Пелистер чекоревме низ снежна покривка висока 80 сантиметри. Очекувано најбројни беа битолските планинари, но заедно со нас и оваа година беа планинарите од Скопје, Кочани, Куманово, Пехчево, Кавадарци и други македонски градови, како и гости од Грција, изјавија за МИА учесници на планинарскиот марш. Планинарскиот марш е востановен во 1989 година, истата година кога битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато, како член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот Еверест, развиори знаме, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotina-planinarki-i-planinari-se-iskachija-na-dimev-vrv-na-pelister/feed/ 0
Драматична спасувачка акција на Шар Планина: Планинар паднал од карпа во провалија, друго лице пронајдено повредено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichna-spasuvachka-akcija-na-shar-planina-planinar-padnal-od-karpa-vo-provalija-drugo-lice-pronajdeno-povredeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichna-spasuvachka-akcija-na-shar-planina-planinar-padnal-od-karpa-vo-provalija-drugo-lice-pronajdeno-povredeno/#respond Tue, 08 Nov 2022 20:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=757678

По добиен повик за итен случај на 112, во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Регионалниот центар во Тетово, за извлекување на двајца планинари во подножјето на Титов Врв на Шар Планина, од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба. Како што објавија на Фејсбук од ЦУК, како последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека е пронајден едниот планинар, кој е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се врши претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и е повредено. -Според информациите, што последователно ги добивавме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР итно имаат упатено специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага. Поточно, Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово извести дека од страна на нашиот вработен кој се наоѓа на Попова Шапка е добиена информација дека две возила „Хамер” со седум припадници од специјалната единица на МВР, заедно со началникот на СВР Тетово се тргнати од Попова Шапка и се движат кон Титов Врв. Исто така и ТППЕ Тетово со теренско возило и пет добро обучени нејзини припадници се упатени на местото на настанот. Сега тие и дејствуваат на место на претрагата кај Титов Врв, објавија од ЦУК на фејсбук. Конкретно, настанот пријавен на 112 хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500 метри подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. -На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со полицијата во Тетово. Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е полесно повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор, стои во фејсбук објавата на ЦУК. Веднаш по добиената информација, ЦУК, практично преку Дежурниот оперативен центар во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме било стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната единица на Тетово од каде што се упатени четири пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК преку РЦУК Тетово, е координирано со Брзата помош од Јавната здравствена установа ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот. -Спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните посериозни повреди на лицата за коишто немамаме информација во која мера се повредени, објавија на фејсбук од ЦУК. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichna-spasuvachka-akcija-na-shar-planina-planinar-padnal-od-karpa-vo-provalija-drugo-lice-pronajdeno-povredeno/feed/ 0
Успешна мисија: Спасено куче кое пред една недела паднало во длабока јама во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshna-misija-spaseno-kuche-koe-pred-edna-nedela-padnalo-vo-dlaboka-jama-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshna-misija-spaseno-kuche-koe-pred-edna-nedela-padnalo-vo-dlaboka-jama-vo-tetovo/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=744878

Планинар и активист за заштита на животни денеска околу пладне извадија бездомно куче од дупка/јама длабока четири-пет метри во Тетово, во која паднало и се наоѓало околу една недела. За ситуацијата со кучето се зборувало во група на социјалната мрежа Фејсбук, по што планинарот Надир Мурсели и активистот Далибор се нашле на местото каде било паднато кучето со цел да го спасат и извадат од дупката. -За проблемот ми се јави една моја пријателка, Ирина. Отидов со планинарска опрема, со јажиња. Се врзав за дрво и со помош на јажињата поради безбедност се спуштивме надолу со активистот. Кучето беше уплашено и лаеше. Некако успеавме да го ставиме во корпа, Далибор успеа да го врзе и да го стави внатре. Беше многу уплашено кучето нормално, не знаеше што се случува. И други луѓе имаше што помагаа, потоа за да се качи корпата нагоре. Имаше еден човек од околната продавница и уште неколку соседи и тие ни помогнаа да се повлече корпата нагоре, вели планинарот Надир Мурсели. Според сознанијата на граѓаните, дупката која се наоѓа во двор од градинката, била покриена со дрвена плоча и поради тоа кучето паднало. Изминатите неколку дена луѓето од соседството го забележале откако интензивно кучето почнало да лае и квичи. Тие овие денови му спуштале храна. По вадењето од дупката е однесено на локација за згрижување на бездомни кучиња на здружение за заштита на животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uspeshna-misija-spaseno-kuche-koe-pred-edna-nedela-padnalo-vo-dlaboka-jama-vo-tetovo/feed/ 0
Трагедија: Во снежна лавина во Индија загинаа најмалку 10 планинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-snezna-lavina-vo-indija-zaginaa-najmalku-10-planinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-snezna-lavina-vo-indija-zaginaa-najmalku-10-planinari/#respond Tue, 04 Oct 2022 13:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=740930

Најмалку 10 планинари загинаа во снежна лавина во северниот дел на Индија, а по други 11 сè уште се трага, јавија дел од локалните медиуми. Групата од 29 луѓе изутринава била погодена од лавина на планински врв на подрачјето на Ганготри на Гарвалските Хималаи. Спасувачите од снегот извлекле осум планинари. Исчезнатите и загинатите биле на обука. Претставникот на Меѓународната федерација за качување и планинарење, Амит Човдари изјави дека „за првпат во историјата на индискиот алпинизам се случува толку голема група планинари на обука да настрада во лавина“. Министерот за одбрана на Индија, Раджнат Синг на Твитер напиша дека е „длабоко вознемирен“ и изрази сочувство до семејствата на загинатите. Според власта, во спасувањето се вклучени Силите за реагирање на катастрофи и индиската армија, со два хеликоптера. Лавините се вообичаени во планинските области на индиската држава Утараканд. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-snezna-lavina-vo-indija-zaginaa-najmalku-10-planinari/feed/ 0
Пет планинари од ПК Љуботен го искачија Митикас, највисокиот врв на Олимп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-planinari-od-pk-ljuboten-go-iskachija-mitikas-najvisokiot-vrv-na-olimp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-planinari-od-pk-ljuboten-go-iskachija-mitikas-najvisokiot-vrv-na-olimp/#respond Tue, 13 Sep 2022 07:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=732013

Пет члена група на планинари од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово викендов се искачи на Митикас, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција. Дел од екипата беа Надир Мурсели, Владимир Златковски, Игор Стојановски, Дарко Спировски и Бојана Арсовска. – Искачувањето започна во саботата околу 5 часот изутрина и претставувааше подвиг во еден ден, со поминати 15 часа на планина. Се тргнува од еден паркинг што се наоаѓа на 1100 метри надморска височина кон врвот Скала на 2882 метри надморска височина. До врвот Скала е поприлично лесно планинарење со пешачење. Најголемиот предизвик е делот од врвот Скала до врвот Митикас на 2917 метри каде што има спуштање па големо искачување на карпест предел. Целата екипа на ПК Љуботен се искусни планинари, кои добро се познаваат и не беше проблем да се синхорнизираме и организираме, објаснува Надир Мурсели. Тетовските планинари се искачија на овој врв во рамки на планирана клупска акција, но на потфатот им се приклучила и четиричлена екипа од повеќе планинарски клубови од Босна и Херцеговина. – Ние дента имавме вкупно 4000 метри висинска разлика ако се соберат должините со качување и враќање, информира Мурсели. Искачувањето на највисокиот грчки врв е дел од планираните клупски акции за 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-planinari-od-pk-ljuboten-go-iskachija-mitikas-najvisokiot-vrv-na-olimp/feed/ 0
Спаувачката акција на Шар Планина со среќен крај: Пронајдени повредените планинари, еве каква е нивната состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/#respond Sun, 30 Jan 2022 18:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=624788

Успешно пронајдени и спасувани планинарите од страна на Екипите за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување. - Еден од планинарите бил повреден на кој му е извршено брзо интервирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон с. Вешале, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spauvachkata-akcija-na-shar-planina-so-srekjen-kraj-pronajdeni-povredenite-planinari-eve-kakva-e-nivnata-sostojba/feed/ 0
Во тек е спасувачка акција: Двајца планинари од Скопје повредени на Шар Планина, екипите на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/#respond Sun, 30 Jan 2022 17:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=624779

Денеска, 30.01.2022 година, околу 15:00 часот, Екипа за брз одговор за спасување од планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување откако било пријавено дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над с.Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово. По комуникацијата со лицата, екипите се упатиле кон локацијата за да ги пронајдат и спасат. - Акцијата за спасување се спроведува внимателно и за секоја информација ќе ја информираме јавноста, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-spasuvachka-akcija-dvajca-planinari-od-skopje-povredeni-na-shar-planina-ekipite-na-teren/feed/ 0