пластични кеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 08:06:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пластични кеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси два милиони евра собрани од продажбата на пластични кеси, ќе се набават над 7.000 контејнери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-dva-milioni-evra-sobrani-od-prodazhbata-na-plastichni-kesi-ke-se-nabavat-nad-7-000-kontejneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-dva-milioni-evra-sobrani-od-prodazhbata-na-plastichni-kesi-ke-se-nabavat-nad-7-000-kontejneri/#respond Sun, 10 Sep 2023 08:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=876489

Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд на Министерството за животна средина и просторно планирање, а до крајот на 2022 година по овој основ се собрани речиси два милиони евра. Законот предвидува средствата собрани во овој фонд да се искористат за еколошки проекти, а од МЖСПП за МИА велат дека собраните средства од наплата на пластични кеси се распределуваат согласно донесена Програма и истите ќе се искористат за набавка на садови за собирање отпад - контејнери и еден дел за кампања за подигање на јавната свест за потребата од селекција и можностите за рециклирање. Од МЖСПП посочуваат дека целта на мерката не е да се наплаќаат кесите, туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба и дека податоците што ги имаат укажуваат на виден ефект во таа насока. - Податоците и собраната сума укажуваат на виден ефект, особено во големите ланци на маркети, особено што во некои целосно се заменети со еколошки торби за транспорт на купената стока. Целта на мерката не е да се наплаќаат кесите туку да се демотивираат граѓаните за нивна употреба. И овде имаме примена на принципот загадувачот плаќа, а собраните средства се враќаат во проекти за намалување на отпадот и воспоставување на системот на регионално управување со отпад, велат од МЖСПП за МИА. Целосната забрана за употреба на пластични и оксо-биоразградливи кеси на пазарите во земјава првично требаше да стапи на сила од 1 јуни годинава, но пред овој рок од МЖСПП информираа дека таа ќе стапи на сила од 1 јуни 2024 година. На прашањето од МИА зошто се одложи целосната забрана за пуштање во промет на пластични кеси од МЖСПП, велат дека „вакви мерки мора да го имаат предвид и социјалниот момент и влијанието врз производителите кои мора да се приспособат на новите законски обврски“. Вкупно 7 169 контејнери ќе бидат распределени по општините   Согласно годишната Програмата за распределба на собраните средства за 2023, донесена во февруари годинава, 105 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурни објекти за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпад од поширок јавен интерес, а останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад. Така 105 милиони денари ќе се користат за набавка на 7 190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Северна Македонија. Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува МЖСПП, по што тие ќе бидат поделени на општините. Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери. Па така 17 општини ќе добијат по 13 контејнери и тоа Вевчани, Градско, Дебрца, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Зрновци, Карбинци, Конче, Лозово, Новаци, Пехчево, Пласница, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане и Центар Жупа. Најмногу, 27 општини ќе добијат по 40 контејнери, и тоа Арачиново, Берово, Богданци, Босилево, Брвеница, Валандово, Василево, Виница, Делчево, Демир Хисар, Долнени, Јегуновце, Кратово, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Ново Село, Петровец, Пробиштип, Ресен, Сопиште, Чашка, Чешиново-Облешево и Чучер-Сандево. По 60 контејнери ќе добијат 12 општини, меѓу кои Боговиње, Врапчиште, Гевгелија, Дебар, Желино, Илинден, Крива Паланка, Липково, Неготино, Свети Николе, Студеничани, Теарце, додека по 104 контејнери ќе добијат седум општини и тоа Бутел, Сарај, Шуто Оризари, Кавадарци, Кичево, Кочани и Радовиш. Најмногу, по 260 контејнери ќе добијат 17 општини, и тоа Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Битола, Велес, Гостивар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Исклучок се пластичните кеси за ѓубре и подебелите кеси што може да се користат повеќе пати Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија. Според појаснувањето објавено од МЖСПП, дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Сл весник на РСМ“ 265/2021). Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи. Ова се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети. -  Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни. По 1 јуни 2024 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса - стандардМКС EN ISO 17556: 2020), појаснуваат од МЖСПП. Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односно оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример. Исклучок од овие забрани се пластичните кеси за ѓубре и кесите кои се подебели од 50 микрони и може да се користат повеќе пати. - Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси. Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки, се вели во појаснувањето од МЖСПП. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-dva-milioni-evra-sobrani-od-prodazhbata-na-plastichni-kesi-ke-se-nabavat-nad-7-000-kontejneri/feed/ 0
Иницијатива за ослободување од еднократна пластика: Забраната на пластичните кеси масовно се изигрува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-osloboduvanje-od-ednokratna-plastika-zabranata-na-plastichnite-kesi-masovno-se-izigruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-osloboduvanje-od-ednokratna-plastika-zabranata-na-plastichnite-kesi-masovno-se-izigruva/#respond Thu, 01 Dec 2022 08:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=769296

Денес се навршува една година од стапувањето на сила на повторната забрана на пластичните кеси. Како и при првата забрана од 2013, и по забраната од 2021, употребата на пластичните кеси продолжи. Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони. Ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо продолжи и оваа година, реагираат од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои се продаваат на каса. Иако продолжи употребата и на овие кеси, намалувањето е очигледно. Тоа се должи, покрај на цената што се наплаќа за нив, и на знаењето на граѓаните дека постои алтернатива за користењето пластични кеси, имено, платнените торби. Но, ваквото подобрување не се отсликува кај употребата на останатите пластични кеси. По краткотрајното почитување на законот со пуштање во промет на хартиени кеси за овошје и зеленчук, набрзо следуваше враќање на забранетите пластични кеси, често придружено со трагикомичниот обид за изигрување на законот преку сечење на рачките. На овој начин, дури и се зголеми вкупното количество на пластични кеси, бидејќи ваквите кеси се непрактични, полесно се кинат, па многу граѓани едноставно ги фрлаат, создавајќи дополнително пластично ѓубре. Главната причина за кршењето на законот е непознавањето одржлива алтернатива на пластичните кеси при пазарењето овошје и зеленчук. А таква алтернатива постои. Не мора да се купува овошје и зеленчук во пластични или хартиени кеси. Може за таа намена повеќекратно да се користат мрежи за овошје и зеленчук. Но, ваквите мрежи речиси воопшто ги нема на македонскиот пазар. Вината за ваквата состојба првенствено ја лоцираме кај Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е должно, со парите што се добиени од продажбата на пластичните кеси, да преземе мерки, како за информирање на граѓаните за алтернативата со мрежите за овошје и зеленчук, така и за поттикнување на производство на овие мрежи. Проблемот на загадувањето со пластика е сериозен проблем. Не се рециклира целата пластика. Глобално, само 9% од пластиката се рециклира, а дополнителни 12% се гори. Останатите 79% се трупаат на ѓубриштата или завршуваат во водите. Кај нас процентите се многукратно попоразителни. Оттука, апелираме до граѓаните да го намалат своето користење на еднократна пластика, вклучително и пластични кеси, а од Министерството за животна средина и просторно планирање бараме да се ангажира да го обезбеди спроведувањето на законот со кој се забрануваат пластичните кеси и да покаже поголема активност во борбата против останатите видови еднократна пластика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-za-osloboduvanje-od-ednokratna-plastika-zabranata-na-plastichnite-kesi-masovno-se-izigruva/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, владата да ја преиспита мерката, парцијалните мерки нема да ја решат состојбата со загадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachuvanjeto-na-cenata-na-kesite-nova-globa-za-gragjanite-vladata-da-ja-preispita-merkata-parcijalnite-merki-nema-da-ja-reshat-sostojbata-so-zagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachuvanjeto-na-cenata-na-kesite-nova-globa-za-gragjanite-vladata-da-ja-preispita-merkata-parcijalnite-merki-nema-da-ja-reshat-sostojbata-so-zagaduvanjeto/#respond Fri, 03 Dec 2021 08:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=603402

Покачувањето на цената на кесите нова глоба на товар на граѓаните, владата да ја преиспита мерката, најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Парцијални мерки нема да го решат проблемот со загадување. Додека владата го спасува народот од најлонските кеси, големите капацитети и понатаму го трујат народот. Народот не смее да биде тој кој ќе плаќа се. Во ек на енергетска криза, инфлација и ценовен шок, покачување на цените на кесите е само уште еден удар врз народот. Мерката за покачување на цените на кесите нема да го намали загадувањето, бидејќи најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, а не народот. И наместо реални мерки за борба против загадувањето и подобрување на животната средина власта одбира мерки кои нема ништо да променат, но ќе влијаат негативно врз џебот на народот, затоа бараме владата да ја преиспита мерката. Не им треба уште едно покачување на граѓаните, истакнуваат од опозициската партија. Потребни се системски, а не парцијални мерки против загадувањето, додаваат од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pokachuvanjeto-na-cenata-na-kesite-nova-globa-za-gragjanite-vladata-da-ja-preispita-merkata-parcijalnite-merki-nema-da-ja-reshat-sostojbata-so-zagaduvanjeto/feed/ 0
Од среда пластичните кеси ќе чинат 15 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-plastichnite-kesi-kje-chinat-15-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-plastichnite-kesi-kje-chinat-15-denari/#respond Mon, 29 Nov 2021 07:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=601230

Ова законско решение им предизвика главоболки на производителите на овие кеси. Велат дека со ваквата одлука тешко ќе го задржат бизнисот и вработените. Велат, со ваква цена потрошувачката драстично ќе се намали. Тоа ќе повлече намалување на обемот на работа, поради што ќе бидат принудени постепено да го затвораат бизнисот, а вработените да ги отпуштат. -Тие што ги направија овие кеси да се продаваат по еден денар, имаат пад од 50 отсто на продажбата. Таму каде што беа по два денари падот на потрошувачката достигна и до 70 проценти, а што ќе се случи со 15 денари за кеса. Не ги купуваат досега затоа што се наплаќаат и тоа ситно, а не сега кога ќе бидат 15 денари. Ќе се соочиме со затворање на бизнисите, вели за „Денар“ Зулкарни Јусуфи, производител на кеси. Вели дека единствено нешто за што се избориле е тоа што окси биоразградливите кеси ќе може да се употребуваат уште една година. Нема да мора целосно да бидат биоразградливи. Со ова има мало олеснување зошто производителите на кеси нема да мора да набавуваат суровини од надвор за да ја произведат. -Уште еден проблем, пак, со кој се соочуваме е и тоа што има трговци кои увезуваат подебели торби и тие не се биоразградливи. И сега тие ќе ги продаваат по пониска цена, а нашите кеси ќе се продаваат по цена од 15 денари, додава Јусуфи. Смета дека за да може да произведуваат биоразградливи кеси, потребни се од 5 до 7 години за да се подготват, да го прилагодат своето производство, своите машини. Од друга страна, од Министертвото за животна средина велат дека овој закон не е нов и е поставен на ЕНЕР уште во 2018. година. Во законското решение се внесени сите европски регулативи. И на ова законско решение ќе мора да се прилагодат сите. Целта е да се намали употребата од пластика, а дел од парите кои ќе се соберат од продажбата, ќе одат во посебен фонд кој ќе се користи во инвестиции во животна средина и за инвестиции во свеста на граѓаните како да менаџираат со отпадот. Инаку, со Законот се предвидува од први декември пластичните кеси да се наплаќаат по 15 денари, а се воведува и забраната за пуштање на пластични пакувања за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитните подрачја на земјава. Во земјава има 30-тина производители на пластични кеси. Оваа индустрија брои над 600 вработени. Најголем дел од фабриките се во Скопје, дел од нив работат и со децении, но има и млади бизниси во секторот. Според информациите, над 65 отсто е зголемено производството на пластични кеси. Но производителите велат дека ваквата бројка е поголема не зашто е зголемено производството, туку зашто е подобрен процесот на фискализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-sreda-plastichnite-kesi-kje-chinat-15-denari/feed/ 0
Од 1 декември збогувајте се со пластичните кеси – ќе се продаваат биоразгрдаливи по цена од 15 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-dekemvri-zboguvajte-se-so-plastichnite-kesi-kje-se-prodavaat-biorazgrdalivi-po-cena-od-15-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-dekemvri-zboguvajte-se-so-plastichnite-kesi-kje-se-prodavaat-biorazgrdalivi-po-cena-od-15-denari/#respond Mon, 04 Oct 2021 18:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=572943

Пластичните кеси заминуваат во историјата. Од 1 декември дозволени ќе бидат само биоразгрдаливите, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина . Од декември се забрануваат и амбалажите за пакување или служење храна во угостителските објекти, за почеток само во заштитените подрачја. За заштита на животната средина, но и за усогласување кон европското законодавство Владата преку неколку закони ќе се справува со отпадот. Целта е и постепено да се премине кон циркуларната економија, каде преку рециклирање на отпадот се добива готов производ. Инаку од почетокот на јули во земјите членки на Унијата стапија на сила забраните за употреба на пластични производи за еднократна употреба. До сега, во целост се применува во само 8 од 27 те членки, каде сламките за пиење, пластичните шољи,чинии, прибори за јадење, кесите за пакување храна, чепкалките за уши, не исклучени од продажба. Во употреба остануваат пластичните ПЕТ шишиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-dekemvri-zboguvajte-se-so-plastichnite-kesi-kje-se-prodavaat-biorazgrdalivi-po-cena-od-15-denari/feed/ 0
Хрватска ja забранува употребата на пластични кеси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-zabranuva-upotrebata-na-plastichni-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-zabranuva-upotrebata-na-plastichni-kesi/#respond Thu, 29 Apr 2021 06:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=503553

Новиот Закон за управување со отпад во Хрватска предвидува целосна забрана за лесни пластични кеси, кои повеќе не ќе може да се купат. Тоа го потврди во интервју за ХРТ, Сања Радовиќ, раководител на секторот за одржливо управување со отпад во хрватското Министерство за економија и одржлив развој. – Она што новиот Закон за управување со отпад, што се уште е во постапка, го донесува оваа година, е целосна забрана за лесни пластични кеси. Тие повеќе не ќе можат да се купат, нагласи Радовиќ. – Новата мерка беше усвоена затоа што целите за намалување на отпадот не се постигнати во последните неколку години. Наместо пластични кеси, препораката е да користиме свои платнени кеси, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-zabranuva-upotrebata-na-plastichni-kesi/feed/ 0
Забраната на пластични ќеси ја истакна снаодливоста на Тајланѓаните https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabranata-na-plastichni-kjesi-ja-istakna-snaodlivosta-na-tajlangjanite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabranata-na-plastichni-kjesi-ja-istakna-snaodlivosta-na-tajlangjanite/#respond Wed, 08 Jan 2020 09:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=286715

Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични ќесиња, а тоа ја поттикна снаодливоста и креативноста на Тајланѓаните. Имено, граѓаните во големите продавници почнаа да доаѓаат со хартиени ќеси, платнени торбички, вреќи, кофи, ќупови, колички за малтер, метални канти, па дури и улични препреки за паркирање, коишто свртени наопаку личат на фишек. Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина. На Фејсбук е отворена и посебна страница посветена на новите креативни начини на пазарување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zabranata-na-plastichni-kjesi-ja-istakna-snaodlivosta-na-tajlangjanite/feed/ 0
Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-vo-sila-zabranata-za-plastichni-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-vo-sila-zabranata-za-plastichni-kesi/#respond Thu, 02 Jan 2020 11:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=284746

Во Австрија од почетокот на годината се применува забраната за продажба на еднократно употребливи пластични кеси. Законот предвидува преоден период до крајот на 2020 година, со цел да им се овозможи на фирмите да ги потрошат пластичните кеси во магацините. Од забраната се изземени биолошко разградливите кеси и тие кои се произведуваат од биолошки материјал. Но, Законот и наиде на критики од организациите за заштита на животната средина. Тие наведуваат дека во Австрија има околу 7.000 тони пластичен отпад поради пластичните шишиња и кеси и затоа бараат забрана и на пластичната амбалажа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstrija-stapi-vo-sila-zabranata-za-plastichni-kesi/feed/ 0
Германија воведува целосна забрана за пластични кеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-celosna-zabrana-za-plastichni-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-celosna-zabrana-za-plastichni-kesi/#respond Mon, 12 Aug 2019 06:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=228737

Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси, бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце. -Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на мерката. Таа објасни дека целта е да се намали не само употребата на пластични кеси, туку и самата пластика. ЕУ ќе забрани некои пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, вилушки и ножеви од 2021 година, но дозволи преоден рок за други производи се додека индустријата не успее да ги замени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-celosna-zabrana-za-plastichni-kesi/feed/ 0
Србија ќе забрани користење пластички кеси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-zabrani-koristenje-plastichki-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-zabrani-koristenje-plastichki-kesi/#respond Thu, 19 Apr 2018 06:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=42855

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, најави српското Министерство за заштита на животната средина. Како што објави „Политика“, претставници на Министерството рекле дека Србија, иако не е членка на ЕУ, ќе ги примени сите мерки од неодамна усвоената Директива за пластика. Според Директивата од февруари годинава, до крајот на 2019 година максималната годишна потрошувачка на кеси се ограничува на 90 по лице. Во Србија годишно се трошат околу 20 милиони евра за набавка на пластични кеси, а 30 до 40 отсто од нив се фрлаат, што во значителна мерка влијае врз загадувањето на животната средина. Една кеса трговците ги чини во просек околу еден динар. Граѓаните во просек трошат седум кеси дневно, односно 2.555 годишно. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-zabrani-koristenje-plastichki-kesi/feed/ 0