пластика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 11:35:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пластика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Количината на пластика во океаните е многу помала отколку што се претпоставуваше https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kolichinata-na-plastika-vo-okeanite-e-mnogu-pomala-otkolku-shto-se-pretpostavuvashe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kolichinata-na-plastika-vo-okeanite-e-mnogu-pomala-otkolku-shto-se-pretpostavuvashe/#respond Mon, 07 Aug 2023 11:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=864213

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше. Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. Тие своите пресметки ги засновале на повеќе од 20.000 локации, каде што вршеле мерења. Претходните процени за количината на пластика во океаните главно се засноваа на официјални податоци за количината на пластика произведена годишно, што е околу 400 милиони тони или вкупно 10 милијарди тони од 50-тите години од 20 век, од кои само шест отсто се рециклираат и повторно се користат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kolichinata-na-plastika-vo-okeanite-e-mnogu-pomala-otkolku-shto-se-pretpostavuvashe/feed/ 0
Сите ја правиме ОВАА ГРЕШКА со кутиите за сладолед, а така си го загрозуваме здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-ovaa-greshka-so-kutiite-za-sladoled-a-taka-si-go-zagrozuvame-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-ovaa-greshka-so-kutiite-za-sladoled-a-taka-si-go-zagrozuvame-zdravjeto/#respond Thu, 27 Jul 2023 20:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=860744

Пластичните кутии за сладолед изгледаат многу практични и многумина не ги фрлаат откако ќе ја изедат целата содржина. Убаво ги мијат и подоцна ги користат за чување на остатоци од ручек или замрзнување храна. Сепак, ваквите практики во голема мера го загрозуваат здравјето на луѓето. Имено, празните кутии за сладолед можат да пренесат хемикалии на храната што ја чувате во нив. Во тоа се вклучуваат хемикалии како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или супстанции кои се наоѓаат во пластика и можат да се пренесат од пластика во храна, велат експертите. Опасни при висока температура Производителите гарантираат безгрижна употреба и консумација на сладолед кој е во кутија, но кога ќе се испразни, кутијата мора да се фрли во ѓубре. Кутиите се особено опасни ако се мијат со топла вода или се загреваат во микробранова печка. Тие се дизајнирани во нив да се чува сладолед и ништо друго. Затоа, немојте во нив да чувате храна што има различен состав од сладоледот и може да ја ”кородира“ пластиката. Подобро да купите специјални пластични садови направени од пластика кои се безбедни за чување храна и кои можат повеќе пати да се користат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-ja-pravime-ovaa-greshka-so-kutiite-za-sladoled-a-taka-si-go-zagrozuvame-zdravjeto/feed/ 0
ОН: Загадувањето со пластика може да се намали за 80 проценти со рециклирање и повторна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/#respond Wed, 17 May 2023 08:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=835168

Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите на извештајот. Ова би вклучило владите да промовираат шишиња што повторно се полнат, диспензери на големо, шеми за враќање на депозитите и шеми за враќање на пакувањето – што би можело да намали 30 отсто од пластичниот отпад. Дополнителни 20 проценти би можеле да се намалат доколку рециклирањето стане постабилна и попрофитабилна индустрија, додека отстранувањето на субвенциите за фосилни горива и принудувањето на дизајнерите на амбалажата да ги подобрат способностите за рециклирање на производите би значело дека количината на пластика што може да се рециклира ќе се зголеми од 21 на 50 проценти. Употребата на алтернативи како што се хартија или материјали за компостирање наместо пластика за завиткување, кесички и амбалажа за носење, исто така може да заштеди дополнителни 17 проценти од загадувањето со пластика, наведе УНЕП. Сето ова сепак ќе остави 100 милиони тони пластичен отпад од предмети за еднократна и краткотрајна употреба, за кој УНЕП вели дека може да се справи со поставување и имплементирање на специјално дизајнирани и безбедносни стандарди за негово отстранување, како на пример производителите да бидат одговорни за производи што содржат микропластика. - Начинот на кој произведуваме, користиме и отстрануваме пластика ги загадува екосистемите, создава ризици за здравјето на луѓето и ја дестабилизира климата … Овој извештај на УНЕП прикажува патоказ за драматично намалување на овие ризици преку усвојување кружен пристап кој ја држи пластиката надвор од екосистемите, надвор од нашите тела и во економијата, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен. - Ако го следиме овој патоказ, вклучително и во преговорите за договорот за загадување со пластика, можеме да извојуваме големи економски, социјални и еколошки победи, додаде тој. Извештајот насловен „Исклучување на чешмата: Како светот може да стави крај на загадувањето со пластика и да создаде циркуларна економија“, доаѓа пред вториот круг преговори во Париз за глобален договор за справување со загадувањето со пластика. Авторите на извештајот велат дека преминувањето кон поциркуларна економија ќе резултира со заштеда од 1,27 трилиони долари, додека дополнителни 3,25 трилиони долари ќе бидат заштедени од подобреното здравје, климата, загадувањето на воздухот, морските екосистеми и трошоците поврзани со судски спорови. Исто така, ќе создаде нето зголемување од 700.000 работни места до 2040 година, главно во земјите со ниски приходи. УНЕП вели дека инвестициските трошоци се „значајни, но под трошоците без оваа системска промена“ – 65 милијарди долари наспроти 113 милијарди долари без промената. Голем дел од ова би можело да се собере со користење на инвестиции кои би биле наменети за поголемо производство на пластика, или со воведување на давачка за пластични производи. Неуспехот да се воведат овие политики навреме и одложувањето за пет години може да доведе до зголемување од 80 милиони тони пластичен отпад до 2040 година, соопшти УНЕП. Владата на Велика Британија во јануари соопшти дека воведува шема за враќање на депозитите во 2025 година, при што пластичните шишиња ќе имаат дополнителен трошок што ќе може да се врати откако ќе се рециклираат. Се проценува дека секоја година во Велика Британија се користат пет милиони тони пластика, од кои половината доаѓаат од пакувања. Пластика е пронајдена во речиси секој агол на светот, вклучително и на Антарктикот, додека на почетокот на оваа година научниците за првпат забележаа болест предизвикана од пластика кај птиците – наречена пластикоза – која го воспалува дигестивниот тракт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-zagaduvaneto-so-plastika-mozhe-da-se-namali-za-80-protsenti-so-retsiklirane-i-povtorna-upotreba/feed/ 0
Истражување: Во океаните има 171 трилиони парчиња пластика https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-vo-okeanite-ima-171-trilioni-parchina-plastika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-vo-okeanite-ima-171-trilioni-parchina-plastika/#respond Fri, 10 Mar 2023 13:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=810486

Повеќе од 171 трилиони парчиња пластика плутаат во светските океани, покажува ново истражување чии резултати ги објави Би-Би-Си. Пластиката ги убива рибите и морскиот свет и потребни се стотици години за да се распадне на помалку штетни материи. Концентрацијата на пластика во океаните се зголеми од 16 трилиони парчиња во 2005 година, покажуваат податоците, и би можела речиси тројно да се зголеми до 2040 година ако ништо не се преземе, предупредуваат научниците. Минатата недела земјите потпишаа историски договор на ОН за отворено море со цел да се заштитат 30 отсто од океаните. За да се обезбеди нова проценка за количината на пластика, група научници ги анализираа податоците почнувајќи од 1979 година и ги додадоа неодамнешни податоци собрани од експедиции кои трагаат по морињата за да соберат пластика. Пластиката избројана во решетките потоа се додава во математички модел за да се добие глобална проценка. Тие 171 трилион парчиња пластика се составени од неодамна фрлена пластика и постари парчиња кои се распаднале, изјави за Би-Би-Си Њуз водечкиот автор на студијата доктор р Маркус Ериксен од Институтот 5 Gyres. Пластиката за еднократна употреба, како што се шишиња, амбалажа, опрема за риболов или други предмети со текот на времето се распаѓа на помали парчиња поради изложување на сончева светлина или механичка деградација. Дивите животни како китовите, морските птици, желките и рибите голтаат пластика мислејќи дека е плен и може да умрат од глад додека пластиката им го полни желудникот. Таа, исто така, го наоѓа својот пат во водата за пиење, а микропластика е пронајдена во човечките бели дробови, вените и плацентата. Научниците велат дека сè уште не знаеме доволно за тоа дали микропластиката има негативно влијание врз здравјето на луѓето. Концентрацијата на пластика во океаните значително се зголеми од околу 16 трилиони парчиња во 2005 година на 171 трилиони во 2019 година. Пред 2005 година, концентрациите флуктуираа. Доктор Ериксен вели дека научниците не се сигурни зошто е тоа така, но тоа би можело да се објасни со построгите закони кои се заменуваат со доброволни договори, разградувањето на пластиката или фактот дека биле собрани помалку податоци. Професорот Ричард Томпсон од Универзитетот Плимут, кој не беше вклучен во студијата, рече дека проценката се додава на она што научниците го знаат за морското загадување. - Сите се согласуваме дека има премногу пластика во океанот. Итно треба да се префрлиме на истражувања ориентирани кон решенија, изјави тој за Би-Би-Си Њуз. Највисока концентрација на океанска пластика моментално е во Средоземното Море, а некои големи пловечки маси се пронајдени на други места, вклучувајќи го и големиот пловечки пацифички остров на ѓубре. Авторите сугерираат дека промената на нивоата на загадување пред 2000 година може да се должи на ефективноста на договорите или политиките што го регулирале загадувањето во тоа време. Во 1980-тите, неколку правно обврзувачки меѓународни договори им наложија на земјите да престанат да фрлаат риболовна и поморска пластика во океаните, како и да исчистат одредени количини. Подоцна следеа доброволни договори, за кои авторите велат дека можеби биле помалку ефективни и може да го објаснат зголемувањето на пластиката од 2000 година наваму. Авторите тврдат дека решенијата мора да се фокусираат на намалување на количината на произведена и искористена пластика, наместо да се исчистат океаните и да се рециклира пластиката, бидејќи тоа е помалку веројатно да го спречи протокот на загадување. Истражувањето е објавено во научното списание PLOS ONE. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-vo-okeanite-ima-171-trilioni-parchina-plastika/feed/ 0
Британија забранува пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabranuva-plastichen-pribor-za-jadenje-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabranuva-plastichen-pribor-za-jadenje-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/#respond Mon, 09 Jan 2023 09:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=784942

Употребата на пластични прибор за јадење и чинии за еднократна употреба ќе биде забранета во Велика Британија за да се намали загадувањето на животната средина, објави денеска „Гардијан“. Британската министерка за животна средина Тереза ​​Кофи ќе ја забрани употребата на пластични предмети за еднократна употреба врз основа на извештаите направени минатиот месец, објави британски весник. Овој потег ќе следи по консултациите за ова прашање, кои беа спроведени од страна на Одделот за животна средина, храна и рурални прашања, а кои траеја од ноември 2021 година до февруари 2022 година. Кофи рече дека се потребни до 200 години за да се распадне пластичната вилушка. Според официјалните податоци, Англија користи околу 1,1 милијарди чинии за еднократна употреба и 4,25 милијарди парчиња таков прибор за јадење годишно, од кои само 10 отсто се рециклираат по употреба. Според истражувањето, пластичната храна и предметите за носење, вклучително и контејнери за храна и прибор за јадење, го сочинуваат најголемиот дел од отпадоците во светските океани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-zabranuva-plastichen-pribor-za-jadenje-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/feed/ 0
Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/#respond Tue, 27 Oct 2020 14:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421307

Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН). Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно. Студијата е направена со комбинирање податоци од различни истражувања и со употреба на методологија за отисоци од морски пластичен материјал, а утврдено е дека пластиката стигнува до Средоземното море од 33 земји. Директорката на ИУЦН за морски и поларни програми, Мина Епс рече дека пластиката може да предизвика долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот. Според неа, морските животни можат да се заплеткаат или да голтаат пластичен отпад и на крајот да угинат од исцрпеност и глад. Според извештајот, Египет (околу 74.000 тони годишно), Италија (34.000 тони) и Турција (24.000) испуштаат најмногу пластика во Средоземното море, главно поради големите количини на лошо управуван отпад и големото крајбрежно население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-200-000-toni-plastika-godishno-protekuvaat-vo-sredozemnoto-more/feed/ 0
Не ги фрлајте пластичните садови: Со овој трик ќе ја отстраните и најлошата маснотија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-gi-frlajte-plastichnite-sadovi-so-ovoj-trik-kje-ja-otstranite-i-najloshata-masnotija-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-gi-frlajte-plastichnite-sadovi-so-ovoj-trik-kje-ja-otstranite-i-najloshata-masnotija-video/#respond Fri, 07 Aug 2020 13:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=387769

Без сомнеж ви се има случено да оставите прастичен сад кој никако не можете да го измиете, најчесто тоа се случува од мрснотија која секако е тешка да се отстрани. На својот ТикТок профил, Американката Ади Кемплер со пријателите споделила трик кој на многумина ќе им го олесни животот. Во садот кој е ‘проблематичен’, ставете детергент за садови, топла вода и убрус. Кога ќе ставите сè, затворете го садот со капак и тресете кон сите правци една минута. Тргнете го капакот, извадете го убрусот и исплакнете го садот кој ќе ве изненади со својата чистота. Убрусот ја собира целата маснотија за време на процесот во кој го тресете садот во сите правци.
@adikemplerThis hack has saved so many of my Tupperware friends. Try it!!!! ##fyp ##cookingvideos ##cookinghacks ##lifehacks ##hacks ##stainremover ##foryou ##foryoupage♬ original sound - adikempler

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-gi-frlajte-plastichnite-sadovi-so-ovoj-trik-kje-ja-otstranite-i-najloshata-masnotija-video/feed/ 0
Грција в година забранува пластични производи за еднократна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-v-godina-zabranuva-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-v-godina-zabranuva-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/#respond Tue, 02 Jun 2020 07:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=352633

Грција планира до 1 јули 2021 година да ја забрани употребата на пластични производи за еднократно користење, рече министерот за животна средина и енергија, Костис Хацидакис. Хацидикис ја објави веста на настан на плажа во Атина, на кој беше најавена соработка меѓу Министерството за животна средина и енергија и „А.Ц. Ласкаридис“, хуманитарна организација, со мото „Грција без пластика за еднократна употреба“. Министерот истакна дека секој ден во Грција се користат голем број пластични производи за еднократна употреба и дека на тоа мора да му се стави крај. „Затоа, почнува иницијативата ‘Грција без пластика за еднократна употреба’, која беше силно поддржана од премиерот, а која мора да се спроведе во соработка со граѓаните“, рече Хацидикис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-v-godina-zabranuva-plastichni-proizvodi-za-ednokratna-upotreba/feed/ 0
Компанија користи пластични шишиња за да прави патишта кои се 10 пати потрајни од асфалтираните (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-koristi-plastichni-shishinja-za-da-pravi-patishta-koi-se-10-pati-potrajni-od-asfaltiranite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-koristi-plastichni-shishinja-za-da-pravi-patishta-koi-se-10-pati-potrajni-od-asfaltiranite-foto/#respond Mon, 10 Feb 2020 15:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=301928

Пластиката потекнува од речиси 1097-та година, а од тогаш па се до денес цело време е околу нас. Во денешно време пластиката се користи за многу практични работи, па дури и за градење на патишта. Една компанија која сакала да го развие развојот на животната средина се обидела преку евтина пластика да го подигне животниот стандард на повисоко ниво и започнала да гради патишта од пластичен отпад. Пластиката која е голем проблем во денешно време на најефикасен начин може да се искористи и за градење на патишта кои се дури 10 пати потрајни од асфалтираните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kompanija-koristi-plastichni-shishinja-za-da-pravi-patishta-koi-se-10-pati-potrajni-od-asfaltiranite-foto/feed/ 0
До 2050 во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-2050-vo-morinjata-kje-ima-povekje-plastika-otkolku-ribi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-2050-vo-morinjata-kje-ima-povekje-plastika-otkolku-ribi/#respond Tue, 23 Apr 2019 08:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=190143

Според податоци на Обединетите Нации 30 проценти од рибите веќе се отруени со пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби. Според проценки на американскиот Завод за заштита на животната средина, светската потрошувачка на пластични кеси го достигнала годишното ниво до 1.000 милијарди парчиња. Од тоа, поради високите трошоци се рециклира само помалку од еден процент – поскапо е да се рециклира пластична кеса отколку да се направи нова. Природата го плаќа највисокиот данок, затоа што преостанатите 99 отсто ги загадуваат морињата, реките и езерата, ветерот ги разнесува по копното, канализацијата ги носи во водите. Пластичните кеси се произведуваат од полиетилен, нафтен дериват кој се разградува илјада години, а неговите отровни хемикалии влегуваат во земјата, езерата, реките и морињата. Десетина илјади китови, птици и желки секоја година умираат поради пластичните кеси во морето. Многу земји ширум светот сериозно ја сфатија опасноста од пластичните кеси, поради што голем број ги забрани или воведе даноци за нивна употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-2050-vo-morinjata-kje-ima-povekje-plastika-otkolku-ribi/feed/ 0