платеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 20:44:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png платеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројца Британци, Швеѓанец и Хрват обвинети од судот во Доњецк дека се платеници, им се заканува смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/#respond Mon, 15 Aug 2022 20:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719043

Судот во самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР) денеска обвини петмина странци, кои се бореле од страна на Украина, дека се платеници и соопшти дека тројца од нив може да се соочат со смртна казна. Британецот Џон Хардинг, Хрватот Векослав Пребег и Швеѓанецот Матијас Густафсон, заробени во градот Мариупол и околината, можат да бидат осудени на смрт според законите на т.н. ДНР. Други двајца Британци, Дилан Хили и Ендрју Хил, исто така беа обвинети, но не се соочуваат со егзекуција. Ниту еден од петмината обвинети не се изјасни за виновен. Судот соопшти дека судењето ќе продолжи на почетокот на октомври. Хрватското Министерство за надворешни работи како одговор на обвинувањата против Пребег соопшти дека „Хрватска го отфрла обвинението и не го смета за оправдано и легално бидејќи е во спротивност со меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на притворени цивили и воени заробеници“. Властите во Доњецк во јуни осудија на смрт двајца Британци и еден Мароканец фатени како се борат на страната на украинските сили против Русија, под обвинение за обид за преземање на власта и платеништво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/feed/ 0
„Тајмс“: Путин испратил 400 платеници од Африка во Киев да ги убијат Зеленски и браќата Кличко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajms-putin-ispratil-400-platenici-od-afrika-vo-kiev-da-gi-ubijat-zelenski-i-brakjata-klichko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajms-putin-ispratil-400-platenici-od-afrika-vo-kiev-da-gi-ubijat-zelenski-i-brakjata-klichko/#respond Tue, 01 Mar 2022 13:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=638708

Еден од најугледните и најпознати светски магазини „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин, испратил 400 платеници во Киев со задача да убијат 23 лидери во Украина. На листата се наоѓаат украинскиот претседател Володимир Зеленски, потесниот владин кабинет и воен врв, како и браќата Кличко, Виталиј и Владимир. -Путин состави црна листа на која се 23 високи украински официјални лица и моќници. Мешу нив се двајцата поранешни светски боксерски прваци во тешка категорија, браќата Кличко. Тие се омилени меѓу Украинците, и станаа заштитно лице на отпорот на руската агресија. Виталиј веќе осум години е градоначалник на Киев, стои на почеток на текстот пренесен од Би-Би-Си. Во продолжение од текстот се дава појаснување кој ја добил оваа задача од Путин. -Вагнер Групата брои 400 одлично опремени платеници кои во јануари од Африка ги донесе Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кого го нарекуваат „готвачот на Путин“. Пред пет недели дојдоа во Белорусија, а потоа тргнаа кон Киев. За убиството на украинскиот врв и е гарантиран огромен износ пари. За нивните планови во саботата наутро се информирани високи украински претставници, стои во објавата. Платениците наводно го следат Зеленски и неговите колеги преку мобилните телефони и тврдат дека секогаш знаат каде се наоѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajms-putin-ispratil-400-platenici-od-afrika-vo-kiev-da-gi-ubijat-zelenski-i-brakjata-klichko/feed/ 0