платено отсуство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиTue, 18 May 2021 12:24:47 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngплатено отсуство – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232ССМ апелира до Владата да донесе задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/#respondTue, 18 May 2021 12:24:47 +0000https://kurir.mk/?p=511910 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство.
Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.
-Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза, наведуваат од Сојузот.
Од Сојузот на синдикатите бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.
ССМ апелира работниците да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: [email protected], како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права. (МИА)]]> Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство.
Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.
-Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза, наведуваат од Сојузот.
Од Сојузот на синдикатите бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.
ССМ апелира работниците да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: [email protected], како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-apelira-do-vladata-da-donese-zadolzitelno-plateno-otsustvo-od-rabota-za-rabotnicite-na-denot-na-imunizacija/feed/0