платежни услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 10:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png платежни услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-noviot-zakon-za-platezhni-uslugi-se-zajaknuva-zashtitata-na-korisnitsite-na-bankarski-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-noviot-zakon-za-platezhni-uslugi-se-zajaknuva-zashtitata-na-korisnitsite-na-bankarski-uslugi/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=809452

„Задолжително информирање на потрошувачот за условите под кои ги користи платежните услуги, како и информирање за надоместоците за најчесто користените услуги на платежната сметка ‒ со новата законска рамка се зајакнува заштитата на корисниците на платежните услуги во земјава“, вели во интервју за „Марили“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и посочува дека Народната банка постојано работи на унапредување на заштитата на корисниците на банкарски услуги, дури и преку формирање посебна организациска единица за оваа намена, којашто од годинава ќе започне со редовни наменски контроли од тој домен.

Гувернерката истакнува дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се отвора пазарот за нови даватели на платежни услуги и се прошируваат услугите што ќе се нудат, но исто така измените се проследени и со соодветни регулативни барања заради заштита на потрошувачите.

„Народната банка издаде листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги и ќе ги објавува на својата интернет-страница во компаративен контекст. Првото објавување на надоместоците на интернет-страницата на Народната банка е предвидено за крајот на септември оваа година. На овој начин граѓаните ќе имаат брза и лесно достапна информација за надоместоците“, вели гувернерката.

Новина во Законот е дефинирањето сметка со основни функции за граѓаните, преку која ќе може да вршат редовни платежни трансакции со готовина, со дебитни картички и кредитен трансфер, во рамките на средствата на таа сметка.

„За овие услуги надоместокот ќе биде ограничен на 0,1 % од просечно исплатената нето-плата, или околу 31 денар. Покрај ова ограничување на трошокот за одржување, Законот предвидува банките и штедилниците да не наплаќаат надоместоци за користење на сметката со основни функции за потрошувачите од ранливите категории“, вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува и дека последните години Народната банка постојано работи на зајакнување на активностите во доменот на заштитата на корисниците на банкарски услуги, како и натамошно зајакнување на финансиската едукација на населението како важен предуслов за поголема финансиска инклузија. Од минатата година во Народната банка започна да функционира посебна организациска единица ‒ Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, којашто во првата година работеше на разгледување и дополнување на постојната регулатива од доменот на заштитата на потрошувачите, прибирањето податоци и анализата на поставеноста на банките во доменот на заштитата на потрошувачите, а во текот на годинава ќе започнат и редовни наменски контроли над банките во овој домен.

Во завршна фаза е подготовката на циркулар за банките што ги содржи најдобрите практики од оваа област, којшто треба да овозможи натамошно унапредување на транспарентноста и пристапот на банките и штедилниците кон своите клиенти, вклучително и кон поплаките. Поради зголемување на транспарентноста, од 2021 година банките почнаа да објавуваат стандардни табели со основните податоци за кредитите и депозитите што ги нудат, коишто се достапни и на интернет-страницата на Народната банка. Народната банка, во соработка со другите финансиски регулатори, веќе одреден период работи и на подготовка на Предлог-законот за финансиски омбудсман, со што се регулира решавањето на евентуалните спорови помеѓу физичките лица како корисници на финансиски услуги и финансиските институции.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-so-noviot-zakon-za-platezhni-uslugi-se-zajaknuva-zashtitata-na-korisnitsite-na-bankarski-uslugi/feed/ 0
Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankoski-novite-inovativni-tehnologii-vo-plateznite-uslugi-kje-bidat-bezbedni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankoski-novite-inovativni-tehnologii-vo-plateznite-uslugi-kje-bidat-bezbedni/#respond Mon, 07 Nov 2022 08:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=756739

На почетокот од 2023 година стапува во сила новиот Закон за платежни услуги и платни системи, со кој се отвора поголем простор за развој на иновативни концепти во кои онлајн плаќањата нема да се извршуваат само со платежната картичка. Како што вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативни системи во Народната банка, на корисниците на финансиски услуги во блиска иднина ќе им бидат достапни напредни финтек-апликации преку новите дигитални технологии. Осврнувајќи се на безбедноста на потрошувачите при користењето на новите иновативни апликации за онлајн плаќања, Јанкоски во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии, објаснува дека и кај нас ќе се применат најдобрите практики на Европската Унија во однос на безбедноста на онлајн плаќањата. -Со новитетите ќе се воспостави дополнително ниво на заштита преку примена на засилена идентификација, каде што идентитетот на корисникот се потврдува со биометриски податоци, внесување код, ПИН (добиен преку СМС) или со мобилниот телефон којшто го поседува корисникот. Ќе се применува и анализа на ризикот на трансакцијата, односно напредни системи коишто банките ќе ги имаат со цел да се открие невообичаено однесување на корисникот на платежната услуга. Примената на овие концепти на безбедност помагаат да се избегне можно злонамерно или измамничко однесување, истакнува Јанкоски. Усогласувањето со законите и регулативите на ЕУ извршено преку новиот Закон за платежни услуги и платни системи се однесува на поголема сигурност и безбедност на потрошувачите, како корисници на новите напредни платежни услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankoski-novite-inovativni-tehnologii-vo-plateznite-uslugi-kje-bidat-bezbedni/feed/ 0