платежно средство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Sep 2020 10:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png платежно средство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Шведска исчезнуваат банкнотите како платежно средство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-ischeznuvaat-banknotite-kako-platezno-sredstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-ischeznuvaat-banknotite-kako-platezno-sredstvo/#respond Wed, 16 Sep 2020 10:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=403955

Во Шведска веќе подолг период монетите и банкнотите не се омилено средство за плаќање, а кризата со новиот коронавирус само го зголеми трендот на безготовинско плаќање. Според германскиот неделник „Фокус“ родителите во Шведска дури и џепарлакот на своите деца не им го даваат во готовина туку го уплаќаат на штедните книшки. – Само 16 проценти од децата добиваат џепарлак во готовина, додека 84 отсто имаат дигитална штедна книшка, наведува „Фокус“. Истражувањето покажува дека 75 проценти од Швеѓаните на возраст од 18 до 34 година не плаќаат со готовина. Сите монети и банкноти што се во оптек во Шведска се само еден отсто од бруто домашниот производ, додекаво САД, каде исто така се плаќа со картичи, тој процент изнесува осум, а во еврозоната – 10. Кризата со Ковид-19 само ја зголеми одбојноста на Швеѓаните кон готовината, а најголемиот број плаќаат без контакт, преку НФЦ чип на картичките или преку мобилен телефон. Во Германија безготовинското плаќање се зголеми од 40 на 44 отсто, додека во Шведска процентот изнесува 85. И покрај тоа што безготовинското плаќање е побрзо, го спречува перењето на пари, затајувањето на данок, Народната банка на Шведска (Риксбанк) предупредува на опасностите. Гувернерот Штефан Ингвес оценува дека младите лица бидејќи не користат готовина нема да знаат како изгледаат парите, а постојат и други ризици, како кибер нападите. Тој побара од Владата да усвои закон со кој банките ќе бидат обврзани секогаш да имаат одредено количество на готовина во трезорите. И други експерти се скептични кон безготовинското општество и укажуваат дека земјата е ранлива ако се потпира само на дигиталниот систем за плаќање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-ischeznuvaat-banknotite-kako-platezno-sredstvo/feed/ 0