Платформа за родова еднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Mar 2021 06:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Платформа за родова еднаквост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО 15 ЧАСОТ: Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува“15 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-marsh-za-zenski-prava-drzava-shto-ne-postapuva-e-drzava-shto-siluva-15/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-marsh-za-zenski-prava-drzava-shto-ne-postapuva-e-drzava-shto-siluva-15/#respond Mon, 08 Mar 2021 06:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=478690

По повод Меѓународниот ден на жената, денеска со почеток во 15:00 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне петтиот Марш за женски права. -На овој протестен марш под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува“ заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација, велат од Платформата за родова еднаквост, кои заедно со активистки за женски права го организираат осмомартовскиот марш. Оттаму велат дека маршираат бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираат за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираат за да ги потсетат институциите, МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанат додека не се исполнат навните барања. -Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени.Сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции, се барањата на Платформата. Маршот за правата на жените ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од пред МВР кон Паркот „Жена Борец“ каде ќе заврши со обраќање до јавноста и институциите. Претходно, Платформата упати барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на 8 март од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-marsh-za-zenski-prava-drzava-shto-ne-postapuva-e-drzava-shto-siluva-15/feed/ 0
Платформа за родова еднаквост: ЈО да го расчисти случајот „Јавна соба“ и да започне да работи на случаите на родово-засновано насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platforma-za-rodova-ednakvost-jo-da-go-raschisti-sluchajot-javna-soba-i-da-zapochne-da-raboti-na-sluchaite-na-rodovo-zasnovano-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platforma-za-rodova-ednakvost-jo-da-go-raschisti-sluchajot-javna-soba-i-da-zapochne-da-raboti-na-sluchaite-na-rodovo-zasnovano-nasilstvo/#respond Wed, 24 Feb 2021 11:24:00 +0000 https://kurir.mk/?p=473157

Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 Март, кои ќе покажат дека конечно овие институции преземаат мерки. Од Платфомата за родова еднаквост изјавија дека ниту една мерка за спречување и заштита од насилство нема да го има посакуваниот ефект, доколку сторителите избегнуваат кривична одговорност за делото. Јана Коцевска од Платформата за родова еднаквост изјави: „На ваков начин, се праќа порака дека насилството врз жените не е казниво, насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми. Иако „Јавна соба“ е случај кој го привлече вниманието на целата јавност, сепак, после една година случајот сѐ уште нема завршница, а сторителите се гонат само за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Искуствата на жените на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги, сведочат за бројни пропусти во водењето на постапките. Од страна на обвинителствата има ненавремено покренување на обвинителни акти, неефикасно или без должно внимание раководење со предистражни и истражни постапки што резултирало со ненавремено или воопшто необезбедување на релевантни докази, како и непреземање на мерки кон сторителот за да се спречи продолжување на насилството кон жртвите.“ За овие состојби здруженијата побараа одговорност и од Советот на јавни обвинители кој според нив недоволно ги користи своите надлежности за контрола над работата на јавните обвинители кои непрофесионално и ненавремено ја извршуваат својата функција во однос на кривичните постапки за родово-засновано насилство. Здруженијата побараа и поголема ефикасност и посветеност и од страна на специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања бидејќи низ годините, се сретнале и со полициски службеници кои самите се сторители на насилство. - Од Вас очекуваме да преземете мерки во надлежност на Обвинителството и Советот за да обезбедите ефикасна заштита на животот и здравјето на жените жртви на насилство преку навремено, ефикасно, внимателно и сеопфатно спроведување на кривични постапки против сторителите, притоа имајќи предвид дека насилството врз жената не е личен и приватен проблем, туку Ваша одговорност. Ние повеќе не прифаќаме изговори или префрлување на одговорноста на другите институции, тука бараме резултати од обвинителството - веднаш, дополнува Коцевска. Во продолжение се барањата кои Платформата ги испрати до Јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски: - Кривичен прогон на сторителите од случајот „Јавна соба“ и за полнолетните жртви во случајот, а не само за делото „производство и дистрибуција на детска порнографија“; - Обвинителни акти против сторителите од „Јавна соба“ за делата „злоупотреба на лични податоци“, „посредување во вршење проституција“, „загрозување на безбедноста“ или „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, зависно од околностите на случајот; - Доследно, квалитетно и навремено спроведување на предистражни и инстражни постапки во случаите на насилство врз жени; - Засилена контрола над работата на обвинителите во случајот „Јавна соба“ и изрекување на санкции согласно закон; - Започнување на процес на засилена контрола над работата на обвинителите кои работат на постапки на насилство врз жени; - Донесување, фактична и доследна примена на внатрешна акти со кои ќе се прецизираат обврските и начинот на постапување на јавните обвинители во случаите на родовозасновано насилство, во согласност со Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство(Истанбулска конвенција).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platforma-za-rodova-ednakvost-jo-da-go-raschisti-sluchajot-javna-soba-i-da-zapochne-da-raboti-na-sluchaite-na-rodovo-zasnovano-nasilstvo/feed/ 0
Платформата за родова еднаквост ќе упати барања до ОЈО за случајот „Јавна соба“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-kje-upati-baranja-do-ojo-za-sluchajot-javna-soba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-kje-upati-baranja-do-ojo-za-sluchajot-javna-soba/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=473040

Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба“ денеска ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство на тема „Што прави ОЈО?“. – Бидејќи сѐ уште чекаме надлежните институции да преземат конкретни мерки за санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба“, на прес-конференцијата ќе упатиме конкретни барања до Јавното обвинителство со рок за исполнување. Сметаме на вашето присуство, со цел да ни помогнете во заложбите за ефикасна заштита на жртвите од родово засновано насилство, се наведува во најавата на прес-конференцијата. Платформата за родова еднаквост на 3 февруари одржа протестен марш на кој побараа соодветни казни за администраторите на групата „Јавна соба“, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Исто така, од Јавното обвинителство се бараше неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, што претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Организаторите инсистираа сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик и да се даде соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-kje-upati-baranja-do-ojo-za-sluchajot-javna-soba/feed/ 0
Платформата за родова еднаквост повторно на марш на 8 март, итно преземање на мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-povtorno-na-marsh-na-8-mart-itno-prezemanje-na-merki-za-raschistuvanje-na-sluchajot-javna-soba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-povtorno-na-marsh-na-8-mart-itno-prezemanje-na-merki-za-raschistuvanje-na-sluchajot-javna-soba/#respond Wed, 17 Feb 2021 10:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=469942

Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организатори на протестите за случајот „Јавна соба“, денеска на прес-конференција најавија дека на 8 март повторно ќе одржат марш на кој ќе ги изнесат своите очекувања од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство. Тие бараат итна испорака на конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 март и да покажат дека конечно преземаат мерки и започнуваат со нивна реализација. Очекуваат и кривичен прогон на сторителите од случајот „Јавна соба“ и за полнолетните жртви на случајот, а не само за делото „производство и дистрибуција на детска порнографија“. – Очекуваме кривични пријави од МВР против сторителите од „Јавна соба“ за делата: злоупотреба на лични подалтоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем во зависност од околностите на случајот. Очекуваме започнување на процес на прочистување на полицијата од полициски службеници сторители на насилство врз жени и нивно соодветно санкционирање. Очекуваме донесување фактичка и доследна примена на внатрешна политика за ефикасно санкционирање на сите полициски службеници, кои ги повредиле првата на жртвите на родово засновано насилство преку своето непрофесионално постапување или пропуштање да се преземат мерки, како и континуирана стручна едукација за постапување во случај на родово засновано насилство, нагласи денеска Бојана Јовановска од Платформа за родова еднаквост. Дел од нивните очекувања се и иницирање на измени и дополнувања во Законот за полиција, како и правилникот за начинот на вршење на полициските работи со внесување на специјални одредби за постапување во случај на родово засновано насилство и нивно усогласување со Истанбулската конвенција. Очекуваат и преземање мерки за да започне со работа телото омбудсман плус и да се креираат услови за истото да прерасне во ефикасен, ефективен и независен механизам за граѓанска контрола на полицијата. Во своето обраќање Јовановска се осврна и на работата на полицијата, упатувајќи порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека „во практика не гледаат никакво унапредување во однос на полицијата во ваквите случаи“. – Одговорот на полицијата во овој случај уште еднаш ги потврди бројните недоследности во обезбедување на заштита на жените од родово засновано насилство, од институцијата која ја раководите. Дури и најдобрите закони во областа нема да имаат ефект доколку полицијата продолжи со непрфоесионално постапување засновано на лични и произволни ставови засновани на родови стереотипи и предрасуди. Од вас како министер очекуваме да ја реформите полицијата во професионален сервис за граѓанките кои меѓудругото ќе обезбеди и ефикасна заштита на жртвите и прогон на сторителите, нагласи Јовановска. Секторот за внатрешна контрола, според неа, во своето постапување „нема соодветна волја да ги истражи случаите“ и, како што вели, бара жртвите да докажуваат несоодветно постапување, додека сите доказни средства се во рацете на полицијата. – Жените не и веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно заради непостапување, неверување и релативизирање на нивните искуства со насилството. Нерегистрирање или несоодветно регистрирање на пријави за насилство како поплаки, прекршочни санкции, опомени за насилниците, наместо документирани и аргументирани кривични пријави. Несоодветно спроведување на забраните за приближување и контактирање на жртвите, што резултира со континуирано засилено насилство чиешто со сериозни последници по здравјето на жртвите, а во голем број случаи и на смрт. Непотизам, корупција и култура на прикривање на пропусти меѓу полициските службеници, поради кои насилниците поминуваат несанкционирано, а жртвите губат верба во системот. Отсуство на санкции за полициски службеници кои се сторители на насилство, особено кон маргинализирани групи жени, како Ромки, сексулани работнички, бездомнички и други, посочи Јовановска, додавајќи дека ќе прододлжат со протести се додека не почнат да се случуваат промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platformata-za-rodova-ednakvost-povtorno-na-marsh-na-8-mart-itno-prezemanje-na-merki-za-raschistuvanje-na-sluchajot-javna-soba/feed/ 0