Пленковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пленковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/#respond Mon, 22 Jun 2020 18:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=361112

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен за коронавирус, покажа тестот извршен по неговиот краток престој во саботата на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар. “Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен”, пренесе порталот Индекс, хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада. Пленковиќ беше тестиран за коронавирус, откако во саботата беше на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар, што беше прекинат кога беше откриено дека бугарскиот репрезентативец Григор Димитров е позитивен за Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-negativen-na-testot-za-koronavirus-2/feed/ 0
Телефонски разговор Помпео – Пленковиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-pompeo-plenkovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-pompeo-plenkovikj/#respond Tue, 19 May 2020 07:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=347630

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа имаше телефонски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека Помпео и Пленковиќ во разговорот го истакнале значењето на трансатлантската соработка и борбата против Ковид-19. Тие разговарале и за начините како да се засили билетаралната соработка во областа на одбраната. Помпео и честитал на Хрватска за нејзиното претседателствување со Советот на Европска Унија, вклучително и за фокусот на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, се истакнува во соопштениото на Стејт департмент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telefonski-razgovor-pompeo-plenkovikj/feed/ 0
Пленковиќ ја прифати оставката на Крстичевиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-ja-prifati-ostavkata-na-krstichevikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-ja-prifati-ostavkata-na-krstichevikj/#respond Fri, 08 May 2020 12:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=343535

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, иако не го смета за виновен. – Вакви несреќи се случуваат. Жалам што тој се чувствува така. Го почитувам, ја прифатив неговата оставка. Нема да предложам нов министер за одбрана затоа што Владата е при крај, рече Пленковиќ. Тој додаде дека Крстичевиќ детално го информирал за околностите под кои се случила вчерашната несреќа на воениот авион кај Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство. Парламентарните избори во Хрватска треба да се одржат во јули, а Пленковиќ рече дека и натаму ќе смета на соработката со Крстичевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-ja-prifati-ostavkata-na-krstichevikj/feed/ 0
Благодарение на Заевото владеење, наместо датум за ЕУ ќе добиеме „ јасна рамка“ – потврди и претседавачот Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarenie-na-zaevoto-vladeenje-namesto-datum-za-eu-kje-dobieme-ramka-potvrdi-i-pretsedavachot-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarenie-na-zaevoto-vladeenje-namesto-datum-za-eu-kje-dobieme-ramka-potvrdi-i-pretsedavachot-hrvatska/#respond Mon, 13 Jan 2020 07:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=288756

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори. Пленковиќ во интервју за Франс 24 повтори дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и на Албанија. Тој наведе дека тоа ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб. Пленковиќ додаде и дека главни предизвици на претседавањето, покрај проширувањето на Унијата, ќе бидат Брегзит и повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ. – ЕУ и Велика Британија во следните неколку месеци треба да покажат зрелост и да ги договорат клучните области за идните односи до крајот на 2020 година – истакна Пленковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blagodarenie-na-zaevoto-vladeenje-namesto-datum-za-eu-kje-dobieme-ramka-potvrdi-i-pretsedavachot-hrvatska/feed/ 0
Пленковиќ: Европа и носи плус на Хрватска, а не минус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-evropa-i-nosi-plus-na-hrvatska-a-ne-minus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-evropa-i-nosi-plus-na-hrvatska-a-ne-minus/#respond Fri, 13 Dec 2019 15:08:22 +0000 https://kurir.mk/?p=277236

Хрватска сака да ги интензивира комуникациските активности за европските теми со цел граѓаните да се запознаат со нив, а Европа и носи плус, а не минус на Хрватска, изјави денеска во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. – Сакаме да ги интензивираме комуникациските активности за европските теми, бидејќи е важно нашите граѓани да бидат информирани. Уште еднаш повторувам дека Европа и носи плус, а не минус на Хрватска, рече Пленковиќ на почетокот на вториот ден од Самитот на ЕУ. Лидерите на ЕУ ја поддржаа целта Европа да стане климатски неутрална до 2050 година, со тоа што Полска во овој момент не може да се обврзе на тоа. Тоа значи дека Полска не го блокираше заклучокот, но дека засега не може да се обврзе. – Компромисот што е постигнат е одржлив. Она што е важно е дека Хрватска сака да биде дел од Европа и дел од глобалните активности што одат заедно со она што е важно за заштита на животната средина, што е важно да се намалат сите можни форми на загадување и од оваа страна ние очекуваме дека дури и за време на нашето претседателство во фокусот ќе биде темата за климата, тема што е глобално број еден, рече Пленковиќ. Тој истакна дека прилагодувањето на еколошката транзиција ги чинат некои земји многу, некои помалку и дека позицијата на државите на западниот дел на континентот и оние на истокот не е иста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-evropa-i-nosi-plus-na-hrvatska-a-ne-minus/feed/ 0