пливачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jul 2021 18:28:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пливачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полска направи грешка поради која едни се смеат, а други плачат https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-napravi-greshka-poradi-koja-edni-se-smeat-a-drugi-plachat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-napravi-greshka-poradi-koja-edni-se-smeat-a-drugi-plachat/#respond Tue, 20 Jul 2021 18:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=539420

Полскиот олимписки тим, по грешка, испрати повеќе пливачи за Игрите во Токио, па шестмина од нив само што пристигнаа во јапонската престолнина мораа да се вратат дома. Полска првично испрати 23 пливачи за претстојните олимписки дисциплини, но мораше да го редуцира нивниот број на 17 поради правилата за квалификации на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА). Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, јавно се извини за пропустот и рече оти го разбира гневот на пливачите, кои мораа да се вратат од Токио. -Изразувам големо жалење, тага и горчина поради ситуацијата. Такво нешто не смееше да се случи. Реакциите на пливачите, нивните емоции и критиките на адреса на Пливачката федерација се разбирливи и оправдани, истакна Сломински.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/polska-napravi-greshka-poradi-koja-edni-se-smeat-a-drugi-plachat/feed/ 0
ВИДЕО: Авион слета врз главите на пливачите на плажа во Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-sleta-vrz-glavite-na-plivachite-na-plaza-vo-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-sleta-vrz-glavite-na-plivachite-na-plaza-vo-florida/#respond Mon, 19 Apr 2021 09:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=499212

Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите. Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи. Авионот што бил принуден да слета во плиткото, како што пренесува „Јутарњи лист“, е едномоторен „ТБМ Авенџер“ кој учествувал на аеромитинг во близина на плажата, имал механички дефект во текот на летот, но пилотот успеал да слета и да излезе од него. -Спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на несреќата, а пилотот не беше повреден, изјавија организаторите на аеромитингот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avion-sleta-vrz-glavite-na-plivachite-na-plaza-vo-florida/feed/ 0
Успешен настап на млади македонски пливачи во Јагодина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshen-nastap-na-mladi-makedonski-plivachi-vo-jagodina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshen-nastap-na-mladi-makedonski-plivachi-vo-jagodina/#respond Mon, 30 Jul 2018 16:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=82855

Пливањето во Македонија има иднина. Потврда на тоа се резултатите кои ги постигнаа младите македонски пливачи на меѓународниот пливачки митинг “XXI Јагодина опен – XII Меморијал Геза” што се одржа на 28.07.2018 година во Јагодина, Република Србија. Во конкуренција на околу 300 пливачи од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина Бугарија, Малта, Романија беа и  седуммина млади македонски пливачи предводени од тренерот Илија Стојановски кои остварија извонредни резулати при што соборија еден државен рекорд, освоија 2 пехари и 12 медали (7 златни,4 сребрени и 1 бронзен). Миа Блажевска Еминова (13 години), во дисциплината 200 метри мешано освои златен медал и постави македонски национален рекорд за кадети во 50 метарски базени со време 2:31:13  и со тоа го надмина 20 години стариот државен рекорд на Весна Стојановска (2:32:64), златен медал освои и во дисциплината 100 метри слободно. Миа Блажевска Еминова се закити и со два пехара и тоа, со резултатите кои ги оствари во двете трки на 100 слободно и 200 мешано е прогласена за најдобар странски пливач додека натпреварот на 200 метри мешано има меморијален карактер за што како победник доби пехар од организаторите. Никола Радески (16 години) освои две златни медали во дисциплината 50 метри градно и 100 метри градно. Јован Јанковски (12 години) освои две златни медали во дисциплината 50 метри слободно и 50 метри делфин. Јаков Велковски (13 години) освои златен  медал во дисциплината 100 метри слободно и бронзен медал во дисциплината 50 метри слободно. Мартин Стефановски (11 години) освои сребрен медал во дисциплината 100 метри слободно Ива Китановиќ (11 години) освои две сребрени медали во дисциплината 50 метри слободно и 100 метри слободно. Теодора Стојановска (9 години) освои сребрен медал во дисциплината 100 метри слободно.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/uspeshen-nastap-na-mladi-makedonski-plivachi-vo-jagodina/feed/ 0