пловдив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 08:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пловдив – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=864907

Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала многу брзо. Хотелот е еден од популарните спа центри во областа на планинскиот парк „Хижа Здравец“. Во гаснењето на пожарот се вклучени седум тимови на пожарникари. Според бугарската полиција, пожарот најверојатно избувнал во помошна просторија во хотелот. Локалните медиуми прецизираат дека пожарот избувнал во котларата и зафатил голем дел од зградата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/feed/ 0
Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/#respond Sun, 06 Nov 2022 13:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=756467

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип. – Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов. Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив. – Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов. Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност. – Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов. Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална. Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/feed/ 0
Бугарија: Ученикот направил бомба со 14 кг експлозив, цел на напад му било училиште во Пловдив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-uchenikot-napravil-bomba-so-14-kg-eksploziv-cel-na-napad-mu-bilo-uchilishte-vo-plovdiv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-uchenikot-napravil-bomba-so-14-kg-eksploziv-cel-na-napad-mu-bilo-uchilishte-vo-plovdiv/#respond Sat, 08 Jun 2019 11:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=206981

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на малолетниот џихадистот било училиште во Пловдив. – Станува збор за дете – жртва, а не сторител на сериозен криминал. Тоа е лична трагедија, која, за среќа, не е развиена во голем обем,изјави заменикот главен обвинител Иван Гешев во врска со спречениот напад во Пловдив, јави БГНЕС. – Некои прашања се однесуваат на секој од нас како родител во оваа земја. Овие проблеми мора да се решат и да им се спротивставиме како општество, додаде тој. Гешов појасни дека во средата добиле дојава, од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство. Гешов го оквалификува како „супер интелигентен“. При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово. – Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја, истакна Гешев. Тој уште додаде дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“. – На 16-годишно момче треба да му помогнат специјалисти во изолирана средина. Затоа воведовме мерка вчера, не заради кривична одговорност, детето да биде сместено во специјализирана установа, каде со него ќе работат специјалисти, психолози и психијатри, истакна бугарскиот заменик главен обвинител.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-uchenikot-napravil-bomba-so-14-kg-eksploziv-cel-na-napad-mu-bilo-uchilishte-vo-plovdiv/feed/ 0
Паника во регионот: Спречен терористички напад во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/panika-vo-regionot-sprechen-teroristichki-napad-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/panika-vo-regionot-sprechen-teroristichki-napad-vo-bugarija/#respond Sat, 08 Jun 2019 07:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=206848

По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил Пловдив. Според непотврдени информации, осомничениот е малолетно лице и тој бил уапсен пред да го изврши делото, пренесува БГНЕС. Се очекува денеска прес-конференција на Обвинителството, на која ќе бидат соопштени повеќе детали. Бугарските власти одбија да го откријат неговиот идентите, а се знае само дека станува збор за бугарски државјанин, од семејство за кое досега немало сомнение дека има врски со радикални групи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/panika-vo-regionot-sprechen-teroristichki-napad-vo-bugarija/feed/ 0