пм 10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Oct 2020 08:11:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пм 10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Аерозагадувањето зема замав, еве како изгледаше Скопје синоќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-aerozagaduvanjeto-zema-zamav-eve-kako-izgledashe-skopje-sinokja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-aerozagaduvanjeto-zema-zamav-eve-kako-izgledashe-skopje-sinokja/#respond Tue, 27 Oct 2020 07:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=421020

Големо ниво на ПМ10 честички во воздухот е забележано вчеравечер во главниот град. На некои од мерните станици во Скопје загадувањето достигнуваше и над 260 ПМ10 честички. Веќе една недела има тренд на зголемување на нивото на ПМ честици во воздухот, а тоа го потврдија и од Министерството за животна средина. Најзагадено е во Лисиче, но високи концентрации на ПМ има неколку дена и во другите општини. На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како се зголемување загадувањето на воздухот во текот на вечерта. Граѓаните коментираат и дека се чувствува интензивна лоша миризба. Скопје викендов се најде меѓу најзагадените градови во светот, а од скопскиот општини најлош е воздухот во Карпош, Аеродром и Кисела Вода. Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-aerozagaduvanjeto-zema-zamav-eve-kako-izgledashe-skopje-sinokja/feed/ 0
Воздухот загаден, концентрациите на ПМ 10 највисоки во текот на ноќта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozduhot-zagaden-koncentraciite-na-pm-10-najvisoki-vo-tekot-na-nokjta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozduhot-zagaden-koncentraciite-na-pm-10-najvisoki-vo-tekot-na-nokjta/#respond Mon, 28 Jan 2019 08:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=157301

Воздухот во Скопје од вчера е повторно со високи концентрации на ПМ10 честички, а според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на метар кубен. Во Центар концентрациите почнале да се зголемуваат од вчера утро кога биле измерени 58 микрограми на кубен метар, за во 23 часот да достигнат 376 микрограми, од кога почнуваат да се намалуваат, но и натаму се далеку над дозволените. Последното мерење во Центар концентрациите на ПМ 10 честичките се 182 микрограми на метар кубен. Во Карпош се движеле од 60 до 321 микрограми. Последното мерења покажува 196 микрограми на метар кубен. Кај Ректорат назагадено било синоќа од 20 до 2 часот по полноќ, кога концентрациите биле над 300, достигнувајќи до 388 микрограми. Утрово се измерени концентрации на ПМ 10 честичките од 194 микрограми. Во Бутел според мерењата исто така во текот на ноќта било најзагадено но концетрациите достигнале до 190 микрограми. Утрово се измерени 120 микрограми на метар кубен. Загаден воздух е регистриран и во другите градови, а среднодневните концентрации се движеле од 72 од Кочани, 86 во Кавадарци, 96 во Кичево, 106 Миладиновци, 109 во Бутел, 118 во Битола, 128 во Гостивар, 134 во Тетово, 135 во карпош, 138 во Центар, 171 кај Ректорат до 192 во Струмица. Според законските прописи мерки се активираат кога во два последователни денови има среднодневни конценрации над 200 микрограми. Во случај кога има загадување над дозволеното, но под 200 микрограми, на сила се само препораките за користење јавен превоз, возење повеќе лица во едно возило или да не се користи возилото без поголема потреба, да не се користи за затоплување прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал, правилно користење на печките на дрва, ограничено движење и активности на отворен простор на најранливата популација, земање витамини…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozduhot-zagaden-koncentraciite-na-pm-10-najvisoki-vo-tekot-na-nokjta/feed/ 0
Скопје и Битола се гушат! Заев си одбра морски воздух за да не мисли на загадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-bitola-se-gushat-zaev-si-odbra-morski-vozduh-za-da-ne-misli-na-zagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-bitola-se-gushat-zaev-si-odbra-morski-vozduh-za-da-ne-misli-na-zagaduvanjeto/#respond Mon, 01 Jan 2018 19:53:56 +0000 http://kurir.mk/?p=5157

Загадениот воздух повторно го вклучува алармот, а во Скопје и Битола вечерва повторно не се дише. Дозволените нивоа ги надминаа границите, а вечерва загадени се сите скопски општини. Многу високо ниво на загаденост има во Центар, Лисиче, Ректорат, Карпош, Гази Баба и Миладиновци. Високо загаден воздух вечерва според мерните станици има и во Битола и Тетово, но и во Куманово. Додека Македонија се гуши, премиерот Зоран Заев си одбра морски воздух во Солун, каде ги поминува новогодишните празници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-bitola-se-gushat-zaev-si-odbra-morski-vozduh-za-da-ne-misli-na-zagaduvanjeto/feed/ 0
Кавадарци ќе изготви студија за откривање на загадувачите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-izgotvi-studija-za-otkrivanje-na-zagaduvachite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-izgotvi-studija-za-otkrivanje-na-zagaduvachite/#respond Thu, 28 Dec 2017 13:17:57 +0000 http://kurir.mk/?p=3592

Советниците на Советот на општина Кавадарци денеска изгласаа одлука за изработка на студија за утврдување на загадувачите во градот. Всушност, одлуката е во форма на амандман во рамките на буџетот за следната година, што го предложи советникот Никола Трендафилов, а го прифатија сите советници. Оваа одлука беше донесена бидејќи градот е на врвот по загадување во државата, а според концентрациите на штетни честитки, кавадарчани не би требало да излегуваат надвор. Трендафилов нагласи дека двеста дена годишно концентрациите на ПМ 10 честичките се над дозволеното, ако се имаат во предвид дозволените концентрации според Министерството за животна средина. -Сведоци сме дека општината презема мерки како машинско метење на улиците, посебни канти за пепел, прочистувачи за воздух во градинките, мерни станици. Но мора да имаме дијагноза кои се загадувачите за да ги конкретизираме мерките, нагласи Трендафилов. Тој соопшти дека за оваа студија потребни се околу два милиони денари, а се надева дека во финансирањето ќе помогнат и индустриски капацитети од Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во денешната изјава за медиумите рече дека ќе се направат напори студијата да биде изготвена во најкус можен рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-izgotvi-studija-za-otkrivanje-na-zagaduvachite/feed/ 0
Вечерва рекордна загаденост во Аеродром- Лисиче: Неверојатни 854 ПМ 10 честички, власта не превзема ништо! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-rekordna-zagadenost-vo-aerodrom-lisiche-neverojatni-854-pm-10-chestichki-vlasta-ne-prevzema-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-rekordna-zagadenost-vo-aerodrom-lisiche-neverojatni-854-pm-10-chestichki-vlasta-ne-prevzema-nishto/#respond Mon, 25 Dec 2017 23:46:28 +0000 http://kurir.mk/?p=2397

Претставници од неколку невладини организации кои се залагаат за спречување на алармантното загадување на воздухот во Скопје вечерва, со посебен апарат, Мет Оне, извршија мерење на загаденоста на воздухот на повеќе локации во градот, објави вечерва порталот Призма. Најголемо загадување се покажа во Аеродром во 22 часот – дури 854 микограми ПМ 10 честички на кубен метар, што е за 17 пати повисоко од максимално дозволените 50 микрограми. Во населбата Лисиче пак, мерењата се движеа околу 500 микрограми, што е за 10 пати над дозволениот просек. Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека воздухот мириса на изгорена пластика и дека во Аеродром и во Лисиче видливоста е намалена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-rekordna-zagadenost-vo-aerodrom-lisiche-neverojatni-854-pm-10-chestichki-vlasta-ne-prevzema-nishto/feed/ 0