пневматици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 17:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пневматици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На колку време треба да се менуваат гумите: На секои четири години или поретко? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892652

Со доаѓањето на постудените денови, неопходнo е да се заменат летните гуми со зимски, а законот вели дека тоа мора да се направи најдоцна до 15 ноември. Автомобилот и неговото одржување е се поскапо, па многу луѓе се трудат да заштедат пари. Секако, безбедноста е на прво место, а многу возачи одговорно ја следат препораката 4х4х4, што значи дека возилото мора да има четири идентични гуми кои мора да се менуваат на секои четири години, а тие (без разлика на староста) да имаат минимум 4 милиметри шари. Меѓутоа, како што индустријата за гуми напредуваше многу во последните години, Автомото сојузот на Словенија (AMZS) ја промени својата препорака и сега го продолжува периодот на безбедно користење на 6 до 8 години. Секако, менувањето гуми не може да се одложува на неодредено време, бидејќи гумите постари од 10 години губат флексибилност и со тоа држат поради хемиските промени поради стареење, пишува N1 Словенија. Правилниот притисок во гумите е клучен Правилниот притисок во гумите е директно поврзан со својствата на гумата при возење. Важно е да ги следите препораките на производителот, кои обично можете да ги најдете на налепницата на столбот на вратата од возачката страна или на капачето на резервоарот за гориво. Исто така, пред патувањето, кога планирате дополнително да го оптоварите автомобилот, важно е да го поправите притисокот во гумите. Зимски гуми во зима и летни гуми во лето Покрај изгледот и длабочината на шарата, зимските и летните гуми се разликуваат и по составот на самата гума. Зимските гуми се помеки при пониски температури, а производителите на пневматици советуваат да се постават на температури пониски од 7 Целзиусови степени. Накратко, дури и најлошите зимски гуми се подобри од новите летни гуми кога се вози на ниски температури.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-kolku-vreme-treba-da-se-menuvaat-gumite-na-sekoi-chetiri-godini-ili-poretko/feed/ 0
Од утре задолжителна зимска опрема за возилата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zadolzitelna-zimska-oprema-za-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zadolzitelna-zimska-oprema-za-vozilata/#respond Sat, 14 Nov 2020 09:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=429342

Обврската за задолжителна зимска опрема стапува на сила на 15 ноември и важи до 15 март следната година. Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.5t, се подразбира: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm), при што синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина. Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.5t, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. За непоседување на задолжителната зимска опрема во возилото, во предвидениот период, предвидена е парична глоба во износ од 45евра во денарска противвредност согласно овој Закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-zadolzitelna-zimska-oprema-za-vozilata/feed/ 0