ПОА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 16:01:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ПОА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со светата литургија во Охрид ПОА припоена кон МПЦ-ОА, одлуката официјално Синодот треба да ја потврди на состанок на 20 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svetata-liturgija-vo-ohrid-poa-pripoena-kon-mpts-oa-odlukata-ofitsijalno-sinodot-treba-da-ja-potvrdi-na-sostanok-na-20-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svetata-liturgija-vo-ohrid-poa-pripoena-kon-mpts-oa-odlukata-ofitsijalno-sinodot-treba-da-ja-potvrdi-na-sostanok-na-20-juni/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=842238

Со света архиерејска литургија во црквата Света Софија во Охрид денеска беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Со литургијата чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во кратка изјава за медиумите кажа дека во однос на прашањето за припојувањето на ПОА со МПЦ ОА треба да има седница на Синодот на 20. овој месец. -Ќе има синодска седница и тоа официјално ќе го објавиме. Има одлука ама не е верификувана. Со службата се потврдува припојувањето, но треба официјално да се потврди на седница во полн состав на Светиот архиерејски синод, која ќе се случи на 20-ти овој месец, рече Тимотеј. Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликува српскиот партијарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон нашата црква. Изразувајќи благодарност за добиеното одличје, поглаварот на СПЦ Порфириј, по отслужената литургија кажа дека е исполнет со радост што денеска е во Охрид, во преубавиот храм Св. Софија, напоменувајќи дека во овој храм српски патријарх служел и пред 100 години. -Се радувам и поради поводот, а тоа е една година од кога ја слававме вистинската и права педесетница овде во Охрид и Белград, а тоа значи го славевме роденденот на црквата Христова и секако по повод доделувањето на томосот на вашата автокефална црква во Макаедонија. Се што имаме, што мислиме, што вреди и е од Бога, затоа е и тој дар да можеме во име на божјиот дух да се видиме како сестрински цркви, тоа е божји дар. Иако Бог секогаш дарува, неопходно е и ние да ја разбереме неговата волја и да послужиме неговата волја да се исполни, рече Порфириј. Тоа, нагласи, важи како за секој нас поединчено, но и како заедница. - Затоа и поводот за денешното славење е настанот од пред година дена во кој нашата смиреност, кога учествуваме како последни слуги, а всушност благодарејќи на вашата смиреност, верба и молитва тој дар стана реалност за сите нас и секако соработката со вашите браќа архиереи и тоа како е важна, а важна е и верата и љубовта и молитвата сега веќе на назначениот митрополит Јован и епископите кои се заедно со него, додаде Порфириј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-svetata-liturgija-vo-ohrid-poa-pripoena-kon-mpts-oa-odlukata-ofitsijalno-sinodot-treba-da-ja-potvrdi-na-sostanok-na-20-juni/feed/ 0
Синодот утре ќе одржи седница на која треба да одлучи за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, потврди митрополитот Петар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa-potvrdi-mitropolitot-petar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa-potvrdi-mitropolitot-petar/#respond Mon, 24 Apr 2023 19:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=827075

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар потврди дека за утре е закажана седница на Светиот архиерејски синод на која треба да се донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. -Точно е тоа дека ќе се расправа за нивно интегрирање во МПЦ, а како ќе се донесе одлука и каква ќе биде таа одлука, дали ќе биде некој задоволен или незадоволен не може ништо да кажеме однапред туку откако ќе се одржи седницата. Меѓутоа тоа не е конечно, се додека и Синодот на нашата црква и Синодот на српската црква конечно не изградат заеднички став по тоа прашање и откако Соборот на архиереите на СПЦ изградат таков заеднички став по тоа прашање и го потврдат, со тоа се разрешува ова прашање, вели владиката Петар во гостување на Топ Тема на Телма. На седницата, вели, ќе присуствуваат само митрополитите кои имаат епархии, иако претходно беше објавено дека Синодот ќе заседава во полн состав, односно според Уставот на МПЦ-ОА со сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според владиката Петар Уставот е сменет и тие измени предвидувале викарните епископи да не се членови на Синодот. -Никој никому не чепнува, не одзема. Секој треба да придонесе да се надмине тоа прашање. Во тој дух јас сум согласен да помогнам во разрешување на тоа прашање, вели владиката Петар прашан дали ќе дојде до прераспределба на постојните епархии и дали тој ќе отстапи дел од неговата епархија на владиците од ПОА кои треба да се интегрираат во МПЦ. Во интервјуто за Телма владиката Петар говореше и за телевизијата, која ќе почне да емитува програма од 1 мај, но не даде одговор кој ќе ја финансира. -Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финасира, вели порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата. Во однос на шпекулациите дека преку неговата телевизија ќе се шири проруска пропаганда, митрополитот Петар, негираше дека тој зазема страна во конфликтот и осудува се што не е добро од која и да било страна. Митрополитот во интервјуто за Телма не се произнесе за руската инвазија на Украина. -Јас не знам за никаква руска агресија. Знам дека тоа е војна меѓу големите сили. Зошто и како, тоа си знаат тие, рече митрополитот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa-potvrdi-mitropolitot-petar/feed/ 0
Синодот утре ќе одржи седница на која треба да одлучи за обединување на МПЦ-ОА и ПОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa/#respond Mon, 24 Apr 2023 17:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=827051

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, објави порталот религија.мк. Во Синодот во полн состав, според Уставот на МПЦ-ОА, членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Во текстот се наведува дека бил постигнат начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени. -Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, се наведува во написот на религија.мк. Воедно, се додава дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА. -Јован, кој сега има титула Архиепископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија. Во првичниот договор во опција е и Ресен, но овој град засега е спорен поради противењето на Владиката Петар. Практично овие две општини, кои сега се дел од Преспанско-пелагоиниската епархија, ќе бидат нова епархија. Ако во нејзе влезе и Ресен Јован би имал титула почесен архиепископ охридски и митрополит преспански. Доколку Ресен остане под управа на владиката Петар, Јован би имал друга титула, но таа секако ќе ја содржи почесната титула на архиепископ, стои во текстот. Јаоким, кој во ПОА има титула Полошко-кумановски, се наведува понатаму, ќе добие на управување нова епаехија од Кумановско-осоговската со која сега управува владиката Григориј. Според сценариото, Јоаким би управувал со делот на Илинден, Делјадровце и до границиата со Србија. Во овој состав би требало да биде и Старо Нагоричане, но, според портаолот, нејасно е дали на тоа ќе се согласи актуелниот владика. Каква титула ќе носи Јоаким засега не е прецизирано. Сосема јасно е, се посочува, кои делови од Северна Македонија како нов владика ќе ги управува Марко, кој сега има титула Брегалнички. Тој во МПЦ-ОА, ќе биде владика на Делчево и Каменица, со кој титула се уште не е договорено. Единствен за кој имаше најголем отпор во МПЦ-ОА, се наведува, беше епископот Стобиски Давид. -Него може да му биде понудено нова епархија во Скопско, во околината на Сопиште. Другата опција е биде викар на Јован. Кое ќе биде конечното решение, сепак ќе одлучат утре владиците на МПЦ-ОА на заседание на Синодот во полн состав, стои во текстот на религија.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-utre-ke-odrzhi-sednitsa-na-koja-treba-da-odluchi-za-obedinuvane-na-mpts-oa-i-poa/feed/ 0