Почесен професор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Почесен професор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нобеловецот Ден Шехтман промовиран за Почесен професор на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/#respond Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=839425

Професор д-р Ден Шехтман од Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година од денеска е избран Почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. На свечена академска церемонија во Битола, ректорот на битолскиот Универзитет, професор д-р Игор Неделковски, на д-р Шехтман му врачи инсигнии, одора и универзитетска диплома за Почесен професор на УКЛО-Битола. -Почестен сум што ја добив оваа висока универзитетска титула. Најважното нешто за една држава, вистинско национално богатство се луѓето и нивната свест. Според мене на Македонија и треба економски успех што ќе го врати младото население во земјава и затоа ви се потребни повеќе инженери и научници. Универзитетот е местото каде што се подготвува таков кадар, да се отвораат стартапи и други инвестиции. Како што знаете јас доаѓам од мала земја, но таа е исклучително економски развиена и затоа младите се враќаат назад во државата, пред се заради економските стартапи. Македонија прекрасна земја со прекрасни луѓе, паметни, љубезни, слично како нас и затоа деновиве тука се чувствувам како дома, рече нобеловецот Шехтман. Промовирањето на д-р Шехтман за Почесен професор на УКЛО-Битола ќе придонесе за подобрување на рејтингот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, посочи ректорот Игор Неделковски. -Првпат на нашиот Универзитет присуствува еден нобеловец, прв пат на нобеловец му предложивме и тој се согласи да биде избран во звање Почесен професор и со тоа да прифати да биде дел од УКЛО. Овој чин го потврдува рејтингот на УКЛО што го има на меѓународно ниво, и се надеваме дека со академик Шехтман тоа ќе продолжи и затоа очекуваме овој чин да придонесе за поголема видливост на нашиот Универзитет во светот, нагласи ректорот Неделковски. Професорот Шехтман е член на четирите најмоќни академии на науки во светот, на Израелската, Европската, на Руската академија на науки, како и на Американската национална инженерска академија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/feed/ 0