почина дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 14:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png почина дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРАГЕДИЈА: Почина 6-годишно девојче, во болница било донесено со температура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-6-godishno-devojche-vo-bolnitsa-bilo-doneseno-so-temperatura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-6-godishno-devojche-vo-bolnitsa-bilo-doneseno-so-temperatura/#respond Thu, 23 Mar 2023 14:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=815548

Шестгодишно девојче што вчера околу 10 часот е примено со симптоми на настинка и покачена температура почина во битолската болница, потврдува за Канал 5 Александар Обедниковски, директорот на оваа здравствена установа. Детето во одделот на Педијатрија го донеле родителите, а дел од медиумите излегоа со неофицијални информации оти девојчето починало во текот на примањето на инфузија. Директорот Обедниковски во телефонски разговор за Канал 5 не сакаше да ги коментира ваквите тврдења, но кажа оти детето примало инфузија во која немало лекови, како и дека по застојот на срцето на девојчето, имало обиди за реанимација кои траеле 40 минути. -Вчера околу 10 часот шестгодишно девојче е примено на Одделението за педијатрија, со температура и симптоми на настинка, но нешто по 14 часот му се влоши состојбата, а обидите за реанимација траеле повеќе од половина час. Како болница побаравме обдукција, а резултатите ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат точните причини поради кои настапила смртта, вели директорот на Клиничка болница Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-6-godishno-devojche-vo-bolnitsa-bilo-doneseno-so-temperatura/feed/ 0
Во Лондон почина 13-годишно дете заразено со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-pochina-13-godishno-dete-zarazeno-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-pochina-13-godishno-dete-zarazeno-so-koronavirus/#respond Wed, 01 Apr 2020 06:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=325300

Во Лондон почина 13-годишно дете кое било позитивно на коронавирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“. Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лонодн починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми. „За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега сите наши мисли се со неговото семејство во овој момент, на кое му упатуваме сочувство“, се наведува во соопштението на болницата, пренесоа британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-pochina-13-godishno-dete-zarazeno-so-koronavirus/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Почина двегодишно дете на Клиниката за инфективни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-dvegodishno-dete-na-klinikata-za-infektivni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-dvegodishno-dete-na-klinikata-za-infektivni-bolesti/#respond Sat, 25 Aug 2018 10:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=91954

Двегодишно дете вчера починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето било донесено со болничко возило во 11:30 часот од Прилеп со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса. Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје Милена Стевановиќ изјави дека болеста почнала неполни 24 часа пред приемот на детето, кое било на педијатриското одделение во Прилеп каде ја добило иницијалната терапија и во консултација со инфектолог било упатено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето на Клиниката веднаш било однесено на интензивна нега. - Земени се потребни микробиолошки следувања и започнат е интензивен третман, но болеста за жал заврши со смртен исход во 18 часот и 15 минути, рече Стевановиќ, додавајќи дека станувало збор за многу тешка клиничка слика на болест предизвикана од бактеријата нисерија менингитис. Ваква клиничка манифестација на болест, според д-р Стевановиќ, е исклучително ретка со висока смртност и покрај преземање на сите потребни тераписки мерки. Болеста почнува нагло, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца до четиригодишна возраст, како што е и ова дете. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогресира во најтешка форма која, за жал, завршува со смрт. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје во Скопје Владимир Микиќ соопшти дека штом е поставено сомневањето за оваа болест кај детето, инфектологот од Прилеп известил епидемиолог и веднаш е излезено на терен за да се преземат сите мерки кои се предвидени со протокол за постапување во вакви случаи. - Тоа подразбира давање профилакса на сите со кои детето имало контакт, како оние што се грижеле за него, дезинфекција на санитетското возило со кое е превезувано и на болничките простории каде што било примено. Дополнително, епидемиолозите во моментов се излезени на терен и се вршат дополнителни епидемиолошки истражувања за дезинфекција на домот каде престојувало детето, рече Микиќ. Се земаат и лабораториски материјали за да се види дали постојат одредени носители и да се намали ризикот од евентуални нови случаи, иако, како што рече, тоа е исклучително ретко.  Оваа болест најчесто се јавува кај поединечни случаи. Детето живеело во странство и било на привремен престој во Македонија во изминатиот месец или месец и половина и најверојатно болеста ја добило тука. Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок контакт.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-dvegodishno-dete-na-klinikata-za-infektivni-bolesti/feed/ 0